- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.189
- Поени од реакции
- 1.359
Референдум за името на РМ во Грција ?
Се уште никој со сигурност н знае кои ќе бидат темите за референдум, но медиумите меѓу можните прашања го ставија и спорот со името.
Дел од експертите во Грција сметаат дека Папандреу приоритет ќе им даде на промените во економијата. Јоргос Ѕогопулос од фондацијата ЕЛИАМЕП вели дека е рано да се прогнозира на кои промени мислеше грчкиот премиер Папандреу.
„Тешко е уште од сега да кажеме која точно ќе биде агендата на референдуми, бидејќи се уште не е одредена. И премиерот, господинот Папандреу говори за референдум во врска со некои важни промени, но во овој момент не можеме да кажеме кои се овие важни промени за кои ќе побара мислење од грчкиот народ. Затоа би било подобро да бидеме внимателни во однос на тоа што можеме да очекуваме од еден референдум што ќе биде распишан“ - изјави Јоргос Ѕогопулос - ЕЛИАМЕП.
ЛАОС е единствената грчка партија која не се согласува со владините позиции за името и која уште од лани бараше решението на името да биде ставено на референдум. Меѓутоа, членот на партијата Кирјакос Велопулос, за Канал 5 вели дека распишувањето референдум е стапица и владата го користи само во ситуации кога е сигурна дека ќе добие поддршка од граѓаните. Конкретно за проблемот со името, вели дека во никој случај нема да се постави како прашање за грчките граѓани да го дадат своето мислење.
„Нема шанси да го дадат Грците името, заборави го тоа. Овие прашања...ќе распише референдум и ќе ти каже: сакаш да имаш евро или да немаш евро? Сакаш да банкротираме или да не банкротираме? Референдумите, бидејќи имаат големи стапици, ги користат во зависност од тоа колку и одговараат на секоја влада. Затоа што и сега во Скопје да кажат : сакаш да го изгубиш името Македонија – скопјаните ќе кажат не!“ - вели Кирјакос Велопулос – ЛАОС.
Според информациите во грчките медиуми, 65% од населението би излегло да гласа на евентуалните референдуми, а како можни прашања, освен спорот со името се споменуваат и намалување на бројот на пратеници, кратење на пратеничките привилегии, поделба на црквата од државата, промените во изборниот законик и слично.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=78361
Дали грчките граѓани се согласуваат со сложено име како решение на спорот со името – може да биде едно од прашањата на референдумите што ги најави грчкиот премиер на есен. Јоргос Папандреу пред извесно време рече дека за големите промени во земјата ќе се бара мислење од грчкиот народ.