Како прво и прво,
знам дека ќе ме исхејтате пошо малце се чувате ко култ тука и не сакате да ви повтори некој прашање кое било одговорено пред 34 страни и се сматра за “заветот на светите упатени билдери“ али мора да сфатите дека за разлика од вас кои сте релативно начитани и едуцирани во оваа област, рестото од луѓето кои не се боди билдинг фанатици - не се.
Исто така морам да кажам дека ако втор пат се постави едно исто прашање кое било одговорено, не значи дека не заслужува втор одговор. Да се напињав ја секој пат коа некој ќе ме праша два пати нешто во врска со компјутерска технологија, до сеа или ќе развиев шизофренија или ќе сменев професија/хоби и ќе станев офчар.
Океј, сеа иде прашањето. Значи логично, не се разбирам шо барам и шо сакам, али од тоа што знам -
ми треба high protein - low fat режим на исхрана (~1500 калории на ден). Фората ми е да не користам суплементи туку стрикно исхрана, па проблемот не ми е да најдам било каков режим од овој тип - туку да најдам режим
кој е изводлив во однос на македонскиот пазар и џеб.
Сигурно има релативно ефтина и ефикасна замена за секој од производите на странските диети - ама за жал, јас не ги знам.
Упростено и без филозофии,
не барам “доручек: - исечок од манго и папаја, јајце од препелица не постара од 2 недели, канче кисело млеко од крава од индија (која не стоела на коловоз) и лажица бадеми+лажица ф`стаци мешани со малтекс-производ од јачменов екстракт“...вакви диети по интернет има милион.
Така да апел и молба за некој поупатен и пријателски расположен да направи (или да ја постира поново ако веќе не е ова одговорено, за кое жалам шо го кршам кодексот на “не прашуј втор пат“) диета/режим (ги користам двата збора пошо не знам кое што точно значи) која се состои од детални доручек/ручек/вечера со вкупно ~1500 калории на ден, висока на протеини и да се состои од барем 3-4 разноврсни дена (да не јадам цела недела истото) оспособена за продуктите да се најдат на македонскиот пазар (локални продавници) и да не треба да не плаќам струја за да иам пари да ги купам продуктите.
Исто така се извинувам за делумно ироничниот пристап на темава и долгиот филозофски пост, но сега знаете што точно барам и мислам.
Однапред благодарам.
keywords:
- at least 3/4 day diet
- suitable for macedonian citizens
- light cost
- low fat, high protein - 1500 calories