На „бентлито“ на Цаноски му парира „варбургот“ на Ставревски
Иако возните паркови на некои од политичарите го потврдуваат правилото дека автомобилот е статусен симбол во општеството, не е мал бројот на оние што не се палат на скапи автомобили и на нив гледаат само како на превозно средство
Велат колку што е полуксузно и поскапо возилото, толку неговиот сопственик е побогат, помоќен и е дел од елитата. Дали тоа навистина е така? Дали секогаш богатите, моќните, функционерите, оние што ја водат државата мора да имаат скапи автомобили и секогаш да ги поседуваат најновите модели?
„Дневник“ ѕирна во имотните листови на политичарите од власта и од опозицијата и на првите луѓе во државата. Иако возните паркови на некои од политичарите го потврдуваат ова правило, не се малкумина оние што не се палат на скапи автомобили и на нив гледаат само како на превозно средство.
Емотивна врска со возилото
Сепак, најинтересна е приказната на вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставревски, кој с` уште е емотивно врзан за својот „варбург“ кој во 1991 година го купил од сопствената заштеда. Иако тој е сопственик и на „хонда цивик“ од 2001 година, „варбургот“, кога се автомобилите во прашање, е неговиот вистински фаворит и од него не планира да се раздели.
- Моето прво вработување беше во фирмата „Авто Македонија“, која во тоа време продаваше ваков тип возила. Јас дотогаш немав автомобил и кога заштедив, го купив „варбургот“. Го возев десетина години и кога заминав во САД, им го оставив на родителите. Иако сега имам друго возило, од „варбургот“ не се откажувам. Многу често знам со татко ми да го запалам и да се провозиме. За тој автомобил навистина сум емотивно приврзан - вели Ставревски.
Тој додава дека како што поминува времето, с` потешко се наоѓаат делови за него, но благодарение на автомеханичарите кои му го одржуваат, успева да најдат, особено на старо. Многу често Ставревски со својот татко, кој исто така, има важна улога во одржувањето на возилото, одат на автопазар во потрага по половни делови кои добро ќе му дојдат на автомобилот, кој веќе може да конкурира за категоријата „олд тајмер“.
Иако возилото за неа нема големо емотивно значење, пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска, исто така не планира да се откаже од „југото“ од 1991 година, кое во нејзиното семејство е од 1994 година. Вели дека тоа е одлично мало возило, особено за низ Битола, каде што исто како и во Скопје има проблем со паркирање.
- Додека е во возна состојба, ќе го возиме. На него ќе учи да вози и синот, така што не планираме да го продаваме. С` уште може да послужи - низ смеа вели Бендевска.
Како поддршка на „југото“, нејзиното семејство има и „дачиа логан“ од 2006 година, која ја користат особено за подолги дестинации.
Но, за разлика од овие два примера, во македонското Собрание седат сопственици на возила на кои би им позавиделе и холивудските ѕвезди.
Приматот по скапи и луксузни возила дефинитивно го има Фијат Цаноски од ПЕИ, кој е сопственик на Универзитетот ФОН. Неговата ергела се состои од
„ауди ТТ“ , „мерцедес џип“ и „бентли“ - сите произведени во 2007 година. Потоа поседува „хонда Ц 2000“ и „хонда“ од 2006 година, една година постар е џипот „бмв“, а во 2004 година купил минибус марка „мерцедес“. Вкупната вредност на овие возила што Цаноски ја навел во неговиот имотен лист е речиси 570 илјади евра.
Цаноски вели дека е љубител на добри и сигурни возила. За него е најважно да се чувствува безбедно во возилото бидејќи многу често е на пат. Од прилично импресивниот возен парк најудобно му е во „бентлито“, кое спаѓа во најлуксузните автомобили и во светски рамки.
- Може да кажам дека „бентлито“ ми е омилено. Јас во последниве 30 години секогаш сум имал добри возила. Секако, во сеќавање најмногу ми останал првиот, така да речам подобар автомобил, „ауди 80“, кој го купив во 1979 година - вели Цаноски.
Блиндирано возило
Поскромен од претседателот на ПЕИ, но за македонски услови сепак луксузен возен парк, има и пратеничката од СДСМ - Станка Атанасова. Нејзиното семејство поседува два „мерцедеса“ од 2002 и од 2005 година, „порше“ од 2004 година и „бмв“ од 2008 година.
Луксузен „мерцедес ММ 500“ вози и министерот без ресор Веле Самак, кој во имотниот лист навел дека вреди 20 илјади долари. Оваа марка автомобили ја сакаат и претседателот на СПМ, Љубисав Иванов Ѕинго, кој поседува „мерцедес 3205“ од 1996 година, како и почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери.
Иако на прв поглед претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вози поевтино возило, постар модел на „бмв“ од 1996 година, вредноста што за него ја навел во имотниот лист е 50 илјади евра. Можеби некој ќе помисли дека цената е прилично висока за толку стар автомобил. Но возилото чини толку бидејќи е блиндирано и овозможува заштита од вооружени напади. Веројатно за Тачи поважна е безбедноста отколку луксузноста на новите модели.
Интересен возен парк има и пратеникот Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој покрај „аудито А4“ од 2001 година, поседува и „голф“ од 2005 и „пежо 207“ од 2007 година.
Министерот за земјоделство Љупчо Димов очигледно е љубител на возила од марката „форд“. Тој во 2007 година купил „форд фокус“ и „форд фиеста“ и с` уште ги поседува. Пратеничката Ермира Мехмети-Деваја од ДУИ поседува „тојота аурис“, но и „југо 1.1“ од 2001 година. Вели дека иако „југото“ е во одлична возна состојба, го вози нејзината мајка, а за неа е „тојотата“.
Партиите со поскромен возен парк
Политичките партии, независно дали од власта или од опозицијата, имаат поскромни возила. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ подолго време имаше возила од марката „пежо“. Нејзините функционери низ шега велеа дека ги возат тие возила поради „лавчето“, кое е заштитен знак и на ВМРО-ДПМНЕ и на автомобилската компанија „Пежо“. Но од партијата велат дека ги продале тие возила и дека сега поседуваат неколку „шкоди“, но не кажаа кој тип и кога ги купиле. Не кажаа какво е партиското возило на Никола Груевски, но тој с` додека е на функцијата претседател на Владата, и за приватни и за партиски потреби мора да се вози во специјално наменет владин автомобил и со дополнително обезбедување.
Социјалдемократите кои поседуваа три „цитроени Ц4“ и еден Ц5 ги продале и сега имаат „шевролет епика“ во кој се вози и лидерот Бранко Црвенковски. Се подновиле и со „шевролет круз“, „опел инсигнија“ и едно транспортно комбе. Партиските општински организации поседуваат неколку постари „шкоди“.
ДПА, покрај блиндираното возило кое е во сопственост на Тачи, има и „ауди А6“ во кое се вози Арбен Џафери. Од ДУИ соопштија дека имаат џип во кој се вози лидерот Али Ахмети.
Има политичари што немаат возила
Меѓу политичарите кои во имотните листови не навеле дека поседуваат автомобил се премиерот Никола Груевски, пратениците Амди Бајрам, Марјанчо Николов од СДСМ, Борис Стојменов, градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ...
- Во моментов немам возило, но наскоро планирам да купам половно. Откако ќе го префрлам на мое име, ќе го пријавам во антикорупциската комисија - вели Николов од СДСМ.
Повеќе функционери во имотните листови не ги пријавиле возилата. Дали навистина немаат автомобили или сметаат дека нема потреба да ги пријават, е нејасно. На пример, градоначалникот Тодоровиќ многу често низ скопските улици може да се види како вози луксузен џип со темна боја, а во имотниот лист нема наведено дека е сопственик на автомобил.
Груевски немал кола може се води на име на мајка му, во листата го нам и “Државникот“ Б.Ц шо кола има пак тој