Војната во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе му ја настранат капата на Гадафи:cool:...
Само толку можат.

Овие Американците се поретардирани стануваат штом им ја препуштија војната на такви неспособни палјачовци како СеркоЗи..

Oстај се, трагикомедија невидена.

Сега го изгубија водачот на бунтовниците, ќе мора да бараат друг:

http://www.guardian.co.uk/world/2011/jul/28/libya-rebel-forces-leader-killed
 
Aко Гадафи пушти специјалци либијци во европа, сите до еден ќе емигрираат.
Ќе фрлат бомби и пишчоли и ќе се вработат во фаст фудови и авто перални.
 
Абе што е ова работа?? Гадафи е се уште во Либија, изгледа нема намера да се предава..
 
ако напага ,дај Боже папата и Ватикан да го сркнат први...
 
Јас сум Грција и Бугарија први да сркаат. ;)

Бомбардирањето продолжува, сега либијската телевизија беше цел.

НАТО изведе „прецизни напади“ врз три сателистски телевизиски предаватели во Либија

Брисел, 30 јули 2011 (МИА) - Авионите на НАТО изминатата ноќ изведоа „прецизни напади“ врз три телевизиски предаватели во Либија „за да го натераат полковникот Гадафи да замолчи“, пренесоа француските медиуми.

-Пред неколку часа НАТО изведе воздушни напади врз три земни станици за емитување сателитски сигнал на либиската телевизија, со цел да го лиши полковникот Гадафи од можноста да ги користи за заплашување и да потикнува кон акти на насилство против своите сонародници, соопшти НАТО во коминике.

Во нападите биле употребени насочувачки бомби.

Синоќа, по 22 часот, во централните реони на либиската престолнина биле слушнати најмалку десет силни експлозии, пренесоа француските медиуми. По полноќ почнал нов воздушен напад, фокусиран врз секторот во кој се наоѓа резиденцијата на Гадафи.

Една од локалните телевизии, во вонредни вести, соопшти дека „Триполи е цел на напади на колонијалистичките крстоносни агресори“.
 
^ И след бомбардировките либиjската телевизиja продолжува да емитува.
 
ако напага ,дај Боже папата и Ватикан да го сркнат први...
Гадафи сам можеби нема да може, ама со помош на Зимбабве и Мугабе со заеднички сили ќе ја нападнат Европа, со помош на супер тајното оружје кое го купија од Русија. :)
 
Гадафи сам можеби нема да може, ама со помош на Зимбабве и Мугабе со заеднички сили ќе ја нападнат Европа, со помош на супер тајното оружје кое го купија од Русија. :)
So golemi laseri i plazma topovi.... rastur ce go napravat vatikan.... a be koj vatikan, cela Evropa Gadafi moze da ja ispeci..... i Amerika, ako mu instalira na toj lasero antimateriski motor.... a be i Mesecinata ce ja isprzi Gadafi.... ne e zaebancija...
 
ЛИБИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВО КРИЗА

01 август 2011


Берлускони се плаши од одмаздата на Гадафи



F4CDBB0E45835249982335D35689167D.jpg

Либиските бунтовници наредија сите милиции да се распуштат и да преминат под контрола на Преодниот национален совет, соопштија агенциите. Лидерот на Советот Мустафа Абдел Џалил изјави дека секој кој ќе ја одбие нардбата ќе биде суден. Одлуката беше донесена два дена откако Преодниот национален совет соопшти за убиството на генералот Абдел Фатах Јунис, поранешен министер за внатрешни работи и десна рака на полковникот Гадафи, кој премина на страната на бунтовниците. Убиството појави различни шпекулации за идентитетот и мотивите на извршителите. Претставникот на Преодниот национален совет, Али Тархуни, завчера изјави дека напаѓачите на генерал Јунис биле членови на бригадата Џарах ибн ал Обеиди.
Убиството на генерал Јунес ја покажа грешката со признавањето на бунтовничката власт од страна на западните земји бидејќи е очигледно дека убијците се на нивната страна, соопшти либиската власт на Гадафи. Властите што му останаа лојални на полковникот Гадафи од почетокот на војната во Либија укажуваа на присуството на разни исламистички и милитантни групации кои се меѓу бунтовничките сили и кои борејќи се за соборување на власт во Триполи, настојуваат во земјата да се воведе исламистичка власт.
Дека либискиот диктатор Гадафи се уште има сила говори и стравот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони по неговиот живот и безбедноста на неговите најблиски. Во интервју за Кориере дела сераа Берлиускони, некогашниот добар пријател на Гадафи, вели дека Гадафи се заколнал оти ќе му се одмазди поради учеството на Италија во воените операции во Либија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=47C0E9F94EBA1B4B9DAAC197BB40BF02
 
Очај се овие НАТО :/

Гадафи им го напика, не можат да го паднат. И после НАТО бил моќен воен сојуз. Седи бе, Да си беше Македонија своја држава а не газот под кирија да ни е, АРМ можеше по цигари да ги пушта НАТО.
 
Очај се овие НАТО :/

Гадафи им го напика, не можат да го паднат. И после НАТО бил моќен воен сојуз. Седи бе, Да си беше Македонија своја држава а не газот под кирија да ни е, АРМ можеше по цигари да ги пушта НАТО.
Ти маj заборави,дека НАТО прави само воздушни удари,а копно нема право да навлиза во Либиja?
 
Нема право или им фуфка???? o_O
Нема потреба а и контрапродуктивно е.

Вака ке ги остават да крчкат во сопствен сос и кога ке се испоколат до изнемоштеност ке мора да им „помогнат“ да ја обноват земјата.....................................за поштена надокнада нели.
 
Британците велат дека војната нема временски распоред кога може да се заврши. Ќе тераат додека можат:

Hague refuses to put timeline on operations in Libya

http://www.independent.co.uk/news/u...-timeline-on-operations-in-libya-2330267.html

Досега се убиени над 10.000 цивили, а вкупно бројот на жртвите во конфликтов е 20.000. Две третини од Либија му е лојална на Гадафи, а една третина или 2 милиона народ, претежно во источниот дел околу Бенгази - не се. А Гадафи успеа да го зачува целото тешко вооружување и авијацијата, што не е безначајно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom