Војната во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
нека стигне до грциве па јас лично и персонално ке му се понудам за помош против грциве.. а богами и против французиве :)
 
не дела, зборови... овај грешка... не зборови - дела!!!
 
Ќе му ја настранат капата на Гадафи:cool:...
Само толку можат.

Овие Американците се поретардирани стануваат штом им ја препуштија војната на такви неспособни палјачовци како СеркоЗи..
 
Се повеќе се збори дека набргу ќе следи копнена инвазија. Јас не знам како ќе се оправда таквиот потег?!

US and NATO prepare final assault on Qaddafi. He threatens terror
DEBKAfile Exclusive Report July 2, 2011, 10:45 PM (GMT+02:00)

http://www.debka.com/article/21082/

Колку што знам, за да има копнена интервенција треба согласност од советот на ООН. А Русите и Кинезите мислам дека се против тоа... Изгледа во право беа на почетокот што не ставија вето и ги оставија НАТО заглавени... мислам сега тоа е очигледно, Гадафи нема гајле, бунтовниците сами не можат ништо...
 
Ако сака да им даде повод да прогласат ТОТАЛНА војна против него, бујрум.
 
Гадафи изгледа дека е на крајот на силите. Вчера изјави дека ако му дадат некое место да се повлече некаде и да биде сигурен, ќе се повлече од власта.

Не знам дали блефира. Но според тоа дека НАТО полека се спрема да влезе таму, се ми се чини дека Гадафи е готво.

Она што ме буни е зошто би изјавил такво нешто ако има милион и половина народ спремен да се бори?!
 
Нови закани од Гадафи за напади во Европа

Свет | 9. јули 2011 - 14:38
Во интервју за државната телевизија, Гадафи повторно упати закани за самоубиствени напади низ Европа
gadafi-zakani.jpg
Во говорот, либискиот лидер Моамер Гадафи се закани дека војната од Либија ќе ја пренесе во Европа како освета за воената операција која што НАТО ја води против него и потенцирал дека ќе испрати стотици Либијци да изведат самоубиствени напади во Европа.
“Ќе испратам стотици Либијци самоубијци. Ви кажав, око за око, заб за заб. Но, ќе им дадеме прилика да се вразумат“, рекол Гадафи во својата говорна порака.
Бунтовниците кои напредувале на два фронта во изминатите две недели вчера претрпеле загуби. Најмалку шест бунтовници загинале, а 17 биле ранети на военото поле близу Мисрата.
Десетици илјади приврзаници на Гадафи и племенски лидери вчера се собрале на Зелениот плоштад во Триполи, во знак на поддршка на либискиот лидер, кој по 40 години владеење и петмесечна војна одбива да си замине од власт.
Во една од новите мерки на меѓународниот финансиски притисок врз Гадафи, Турција замрзна милијарди долари резерви од централната банка на Либија, кои се депонирани во нејзини банки, јавија вчера турските медиуми.

http://www.press24.mk/story/svet/novi-zakani-od-gadafi-za-napadi-vo-evropa
 
Бев убеден до пред некој ден дека НАТО нема да се смири ако не го тргне Гадафи од власт. Такви беа и извештаите за ситуацијата во Либија. Меѓутоа денес тешко е да се изведе било каков заклучок според информациите во медиумите. Гадафи добро се држи, а НАТО нема пари да војува долгорочно. Според Debka, НАТО веќе претрпе пораз затоа што се сложи на Рускиот план за крај на војната.

Еве ги Либијците како продолжуваат масовно го поддржуваат Гадафи:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=2hE5tSDiVtY

Во New York Times ги исмеваа французите дека направиле огромна стратешка грешка дека Гадафи ќе падне веднаш откако НАТО ќе удри.
 
Ако НАТО сака за 24 саати ке избрише Гадафи и неговите воиници од земиата. Ама се спира оти либииците разбраа
дека без Гадафи ке требува да почнат да работат и до подражуват. А бес подрашка на лугето НАТО нема никогаш да
спечели воината.
 
Французиве, се епик фејл. Се знаеше дека со Гадафи нема играње, американците и не се толку заинтересирани да падне Гадафи.

Погледнете го видеото погоре, и гледајте како народот го подржува Гадафи, тоа е спектакуларно, нешто.

 
Погледнете го видеото погоре, и гледајте како народот го подржува Гадафи, тоа е спектакуларно, нешто.
Како нема да му дадат поддршка, кога знаат дека новите режими кои сакаат да им ги наметнат се за богатење на буржоазијата, на сметка на народот.
И тие нема никогаш да прифатат такви закони, да плаќаат 40 пати поскапи горива и 15 пати послат леб.
 
И тие нема никогаш да прифатат такви закони, да плаќаат 40 пати поскапи горива и 15 пати послат леб.
Тоа никогаш ќе почне за некој месец.
Али у секој случај ако се десат терористички напади низ Европа (организирани од про-Гадафи сили), тоа ќе бидат едни од нај оправданите терористички напади*.

* колку што можат да бидат оправдани терористички напади
 
терористички напади*.
* колку што можат да бидат оправдани терористички напади
Терористички напади што се?
Тоа што кажале на Америчка телевизија, не значи дека е тероризам. Може да биде и одговор на провокација. А провокацијата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom