Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Од кај да знам шо мислиш, си помислив ваљда си исфрустриран од трансфер политиката на Интер и посакуваш Интер да има на располагање 200 милиони евра за трансфери годишно.
Не бе добро е, не дека не било подобро. Еве сега на пример многу врева за Тевез а јас ич не го сакам да го купат, што ќе ни е. Кога ги гледам Пандев-Кастињос-Пацини како си комбинираат убаво, па тука е и Ето... што ќе ни е некаква ѕвезда да ни квари... Осеќам дека и Алварез ќе го биде.

За лигата е добро да има посилни екипи, срамота е Удинезе да си го продава најдобриот играч во година кога влегоа во ЛШ. За лигата се потребни неколку екипи како Наполи, финансиски добри и со желба за победување а не само за продажба на материјал. Арапите се онака, симбол на финансиска моќ, инаку ене го Де Лаурентус, шо му фали...?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Arrivederci Palermo!!!
Palermo, Palermo vaffanculo!!!
Обично сум за италијанскиве екипи во Европа ама ми се направи мерак што испаднаа мафијашиве. Ај уште од лига да испаднат и задоволството ќе биде комплетно:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Arrivederci Palermo!!!
Palermo, Palermo vaffanculo!!!
Обично сум за италијанскиве екипи во Европа ама ми се направи мерак што испаднаа мафијашиве. Ај уште од лига да испаднат и задоволството ќе биде комплетно:)
Ич не разбирам зошто ги мразиш, сега и исти дресови си имате, за милина :pos:
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Ич не разбирам зошто ги мразиш, сега и исти дресови си имате, за милина :pos:
Почнав да ги мразам пред неколку години кога видов како оставаат душа на терен против Јуве а си го пијат од сите екипи од горен дел на табела а и може да се каже дека ми набија комплекс со тоа што имаат 4-5 победи по ред со Јуве.
А за дресовите имам една песна
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.749
Arrivederci Palermo!!!
Palermo, Palermo vaffanculo!!!
Обично сум за италијанскиве екипи во Европа ама ми се направи мерак што испаднаа мафијашиве. Ај уште од лига да испаднат и задоволството ќе биде комплетно:)
Вафанкуло мафанкуло ама за некоја година и под француско ќе дојде италијанското, имаш изјава денес од Галијани која и те како држи вода, франзуците веќе почнаа со изградба на модерни стадиони за европското во 2016 што подразбира и основа за уште поквалитетно првенство со фул посетеност ко и во Германија, а гледам и арапиве почнаа да инвестираат и таму.
Galliani predicts that in a few years Serie A will even be behind Ligue 1, especially since they are getting new stadiums for Euro 2016.
Ич не е добро ова за калчото а и за репрезентацијата, освен Балотели нешто друго младо асално периодов скоро и да не искочи, нешто што во иднина ќе ја прави разликата во дресот на азурите, ко Дел Пиеро што ја правеше, Тоти, Буфон, Неста, Канаваро, Пирло и останатите.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Вафанкуло мафанкуло ама за некоја година и под француско ќе дојде италијанското, имаш изјава денес од Галијани која и те како држи вода, франзуците веќе почнаа со изградба на модерни стадиони за европското во 2016 што подразбира и основа за уште поквалитетно првенство со фул посетеност ко и во Германија, а гледам и арапиве почнаа да инвестираат и таму.

Ич не е добро ова за калчото а и за репрезентацијата, освен Балотели нешто друго младо асално периодов скоро и да не искочи, нешто што во иднина ќе ја прави разликата во дресот на азурите, ко Дел Пиеро што ја правеше, Тоти, Буфон, Неста, Канаваро, Пирло и останатите.
Па тоа е доказ дека самата федерација не треба да дозволи такви квази екипи да ја претставуваат Италија во Европа. Дури и да го заслужат тоа, треба да ги сопне (судиска грешка, превид за офсајд, недосуден пенал итн) и макар неправедно да не им биде дозволен излез во Европа. Ваквите екипи не играат ни за својата чест а да не збориме за италијанската. Лани Самп им се удри од глава, годинава Палермо. Ај ако не наредна година Новара нека игра квалификации за ЛШ
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Почнав да ги мразам пред неколку години кога видов како оставаат душа на терен против Јуве а си го пијат од сите екипи од горен дел на табела а и може да се каже дека ми набија комплекс со тоа што имаат 4-5 победи по ред со Јуве.
А за дресовите имам една песна
Знам , јас одма ја постирав кога го унесреќивте Пирло :pos:
Ебеш лигата... Удинезе прави историски успех, влегува во ЛШ и си ги продава играчите. Во ЛЕ е уште полошо, на Палермо треба да му се честита што си испадна одма. Другите ќе играат во групи, ќе ваѓаат втори состави, ќе се влечат по терен и ќе испаѓаат од кој ќе стигнат. Само Наполи ми остава надеж дека сеуште има екипи кои планираат да направат екипа за подолг рок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom