За брз, ефективен, и без галама развод, што треба да направам? Едноставно повеќе не се трпат, животот ми е како у војна, цело време само чекам од која страна ќе пукне...
И јас имам размислувано на оваа тематика, не знам мило треба тој поразумниот да го убедиш некако ама не знам како, (обавезно има поразумен, абе жената е поразумна тое)...ти најдобро знаеш пошто ти се у куќа.
Ваква тема ни на сон не сум сонила да се појави. :S...незнам како да ги убедиш ама ако ги убедиш дали си подготвен на озборувања и разни глупости како на пример.. ајде бе, остави го...мајка му и татко му разведени, дошол мене да ми соли памет. Ова не е Америка за разводот да биде третиран како нешто нормално. Ова е Македонија кај што вакви нешта се сметаат за светски чуда :S
Нз, наместо да размислуваш за "брз, ефективен, и без галама развод", можеби би било подобро да пробаш да најдеш решение како да престане таа воена состојба.
Разводот сепак е лична одлука на тие коишто се во брак, а и да се случи не е гарант дека оттогаш па натаму животот ќе ти биде бајка.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.