Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прво велиш „ако споредуваме дизајн со дизајн“ и сите ние очекуваме дека ќе споредуваш дизајн со дизајн, а потоа ти не споредуваш дизајн со дизајн, туку морална одговорност (бараш виновник). помеѓу морално суштество со свест и воља и предмет без морал, без свест и без воља. Аналогијата не е оправдана и сметам дека е доволна дисксуијата околу ова.
Па и твојот бог бара одговорност и виновник, а на својот "дизајн" му ја забранил способноста да распознава добро и зло! Адам и Ева шетале голи и уво ги болело за тоа додека не се здобиле со сознанието!
Бог е дизајнерот, и тој е одговорен за особините на неговата креација, посебно ако го земеме во обзир тврдењето дека е сезнаен и семоќен.
 
Дали во Битие 3

1 Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?”
2 Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината.
3 Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’”
4 А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете!
5 Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”
Не јадете од него -може да се разбере како прво "организирано" постење и дали
Не допирајте го -може да се сфати како првата заповед која Бог му ја дал на човекот, дури и пред 10-те заповеди чие прекршување исто така резултира со грев (ако земеме предвид дека самиот збор грев негде се објаснува како прекршување на законите)?
 
Бесмртноста на човекот која ти ја опишуваш и настанокот на супер-човекот (претпоставувам мислиш на транс-хуманата етапа во еволуцијата) е дел од едно романтитчно и оптимистичко сценарио. Евидентна и непобитна е заслугата на науката и технологијата за продолжениот животен век, квалитетот на живот (од физиолошки аспект), итн. Но, сепак бесмртноста за која зборуваш е само идеал, надеж, сон.

Колку не се согласувам!

Експоненцијалниот развој на технологијата на кој и ја и ти и тоа како сме сведоци (што за помладиве членови може е несфатливо) уште во нашиот животен век ќе донесат денес НЕЗАМИСЛИВИ за нас напредоци.

Креацијата како идеал на Бог или богови, ни е на дофат. Јас сум убеден дека пред крајот на мојот живот ќе прочитам за од-човек-создаден организам. Од нула. Од „земја“.

За иминентната бесмртност на човекот, ако си за читање, да ти пуштам reddit сејвови.
 
Е сеа ме за`рчка, пуштај материјал за читање. Ионака ибегавам да работам она шо треба деноиве...
 
Се разбира, никој не го негира ова. Еве и 3000 или 30000 години да живее човекот, а не 300, сепак е финитно, конечно. Бесмртноста е нешто друго. Никој не го негира потенцијалот на stem cell или интервенирањето во генетската структура, елиминација на наследни болести, итн. Едноставно сум попретпазлив во оптимизмот и не можам да тврдам дека физиолошката бесмртност на човекот е блиску.
Дигитална свест. The final frontier...

Во моментот кога префрлањето на сеќавањата и алгоритмите на размислување на „хард диск“ ќе стане секојдневна технологија, чекорот до префрлање на свесноста во мрежата на информации (Бог беше во зборот и зборот...) е прашање на секунди.

Бесмртноста, инаку, е непоимлива за човечкиот ум. Ова што религииве си дозволуват така ноншалантно да се расфрлаат со него ги прави шарлатани и гатачи. Тврдат вечни вистини, без никаква основа.
 
Не сум читал ништо за ова, ако не ти се гади (кога ќе ти слегне роденденската торта) прати ми инфо или линкови за материјали на оваа тема. Инаку, се согласувам дека бесмртноста е непоимлива.
 
Дали е убаво и Христијански во петок да се бањаме ? Имам од некој слушнато дека не чини и дека не е убаво а некоја па викаат дека е немало врска ... Јас практикувам да не се бањам во петок ...
Имам уште едно прашање ... Бидејќи во петок постам дали тој ден смеам да се бацувам во уста со женската ?
 
Убаво е, ама не е христијански да се бањаш во петок -- исклучиво во сабота или недела. И не повеќе од еднаш неделно (на евтина струја). А за бацување во уста, може ама ако трае испод 2.5 секунди и без јазик.
 
А ако поклониците на еволуционистичката вера, утре Ти речат дека Земјата у ствари не е стара 4,5 милј, туку 35,72 милј,, веднага ќе им поверуваш?
Со докази да, за разлика од тебе кој не би поверувал утре МПЦ да му каже дека исус бил ќерка а не син божји
 
Не јадете од него -може да се разбере како прво "организирано" постење и дали

Да, токму овој дел од Божјата забрана е зачеток на постот, т.е. на воздржувањето од одредени нешта, кои во одредени периоди се забранети.
--- надополнето: Jul 28, 2011 7:21 AM ---
Не допирајте го -може да се сфати како првата заповед која Бог му ја дал на човекот, дури и пред 10-те заповеди чие прекршување исто така резултира со грев (ако земеме предвид дека самиот збор грев негде се објаснува како прекршување на законите)?

Не целосно. Божјите Заповеди, Бог им и ги даде на јудеите, но тоа е времето кога човекот (како род) веќе е изгонет од Рајот. Не допирањето до забранетото овошје, воедно е Божјо предупредување за последиците кои би се случиле (и се случија) од неразумната приврзаност на човекот кон материјалните нешта и вооопшто, неразумната приврзаност кон материјалниот Свет. Затоа, Црквата вели дека, Ева, а преку неа и Адам, само со едно прекршување на таа Божја заповед, покажале три типчно човечки склоности:
- желбата за знаење (преку забраната за предвремено спознание/способност за разликување на доброто од злото)
- желбата за телесни задоволства (ради вкусот од плодот од забранетоо дрво)
- желбата за поседување (ради убавината која ја имал плодот од забранетото дрво).

Самиот израз „грев„ значи „промашување„, односно дејство кое не резултира со почит кон некоја од Заповедите, туку резултира со последица која е спротивна од Божјата волја, изразена преку некоја Заповед.
--- надополнето: Jul 28, 2011 7:24 AM ---
Со докази да, за разлика од тебе кој не би поверувал утре МПЦ да му каже дека исус бил ќерка а не син божји

А тија „докази„, разбира се, нема да Ти бидат лично достапни за верификација, па ќе мораш да веруваш во она кое некој го „докажал„. За разлика од таквиот тип „докази„; кои се, очигледно, менливо-минливи, во Црквата постои конзистентно и неменливо учење, па така, Синот Божји Е роден како Син и Он Е и ќе остане Син, без потреба од „докажување„ дека Е Син.
 
Не е така. Единствено неменливо е : Исус е роден како СИН на МАРИЈА,Е СИН НА МАРИЈА, и ЌЕ ОСТАНЕ СИН НА МАРИЈА.

За таткото имаме само нагаѓање.
 
Црквата го има тоа учење последни 1500 години. Тоа е многу малку, помалку и од учењето на египетските свештеници и помалце од учењето на евреите и помало од хиндусите.....

А и ти не можеш да се пофалиш со лична верификација освен некое неодредено внатрешно чуство кое го нарекуваш “верба“ а кое може и да е некоја бактериска инфекција или остојба на организмот.
 
Црквата го има тоа учење последни 1500 години.

Воа ка некој протестант да го напишал...:)
--- надополнето: Jul 28, 2011 7:58 AM ---
. Тоа е многу малку, помалку и од учењето на египетските свештеници и помалце од учењето на евреите и помало од хиндусите.....

Ако го споредиш обемот од црковното вероучение со било која друга религија, сам ќе ја видиш разликата и во квантитет и во квалитет. Црквата не се заснова само на Светото Писмо, туку и на Светото Предание, кое (Предание) по обем, е неспоредливо со Писмото.
--- надополнето: Jul 28, 2011 7:58 AM ---
А и ти не можеш да се пофалиш со лична верификација .

Можам, кој вели дека не можам? :confused:
--- надополнето: Jul 28, 2011 8:01 AM ---
освен некое неодредено внатрешно чуство кое го нарекуваш “верба“ а кое може и да е некоја бактериска инфекција или остојба на организмот.

Овде не прајме муабет за лични вкусој, оти „..за вкусовите не се дискутира...„, туку зборуваме за вродените човекови особини и потреби.

Мојот вкус за кафе не е исто што и мојата потреба од (до)вер(б)а, а не (с)е исто што и некоја минлива настинка.
--- надополнето: Jul 28, 2011 8:02 AM ---
Не е така. Единствено неменливо е : Исус е роден како СИН на МАРИЈА,Е СИН НА МАРИЈА, и ЌЕ ОСТАНЕ СИН НА МАРИЈА.

За таткото имаме само нагаѓање.

Тоа дека Исус Е Син Мариин, нема дискусија-да, Исус Е Син, но Син Човечки.. А што/кој Е тогаш Синот Божји?
 
Христијанството не настанало во еден ден, не настана во вторник во 11 сато и оттогаш да е непроменето. Исус си бил како и татко му уи брат му јудаист, со фарисејски орјентации и соработка со зелоти. Такви си биле и првите “христијани“ кои продолжиле да бидат јудејци, верни на стариот завет, заповедите, храмот, жртвувањата. Уште тогаш имало обиди поинаку да се престави идејата и улогата на Исус но без успех се додека постоела заедницата во Ерусалем. Од како римјаните го разурнале Ерусалем и откако исчезнала тамошната заедница ,почнале да се шират разни други видови, насоки и правци на “христијанството“ меѓу кое и денешното православије, кое не се базира на зборовите на Исус туку на зборовите на Павле (кој за време на вистинските следбеници на Исус бил од следбениците на Исус отфрлен како лажен апостол и еретик)
Значи денес христијанството нема никаква допирна точка со идеите и учењата на Исус и у ствари преставува ерес кон тоа учење (само замаскирано во мермери, икони, свеќњаци и боја за јајца.
 
Тоа дека Исус Е Син Мариин, нема дискусија-да, Исус Е Син, но Син Човечки.. А што/кој Е тогаш Синот Божји?

А постои ли? Го има ли?
Јас лично не знам кој е тој, бидејќи сеуште не знам точно кој е Бог, а камоли кој е неговиот син.

Она што ние обичните, бедни, смртници, го знаеме е дека Исус бил извонредно позитивна историска личност (барем јас така го доживувам) со замисли и учење многу понапред од тоа време (а богами и од ова). Ништо чудно за да ги пласира своите, за тоа време утопистички идеи, д амора да се претсатавува како нешто натприродно, за да има ефект.

Повторно ќе напоменам: Човек со денешно знаење и торба пеницилин, пред неколку века е "ГОСПОД" во очите на тие луѓе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom