Ајде едно проблемче од мене...ако воопшто е проблемче. Значи во станов имаме кабелски интернет од Телекабел тој пакет шо е 500+ 8Mb/0.5Mb и имавме безжичен рутер Belkin до пред некое време...цркна изгледа од жештините
Интересно што беше со тој рутер е што одма паѓаше штом спушташ од торент со брзина поголема од 150-200 КВ/ѕ, па оди рестартирај го стопати...На моменти знаеше и до 500 да крени ама кратко си паѓа одма. И добро...ајде се навикнавме со рестартирањето и се то. Дури и кога спушташ од торент (го ограничував на 100 КВ/Ѕ) интернетот си лета отвора страни експрес брзо. Е сега откако цркна купив нов рутер Gembird од Anhoch 1050 ден. Го наместив и си ја трга брзината супер од торент си оди без проблем и до 900 КВ/ѕ, па нели нов е
. Арно ама во исто време останатиов интернет ми е тапа, абе нервози, да не можиш фб, кајгана, он нет да отвориш, кочи дали кочи...Ја ограничував брзината на 500, на 200...пак исто кочи мили брате
А го стопирам торентот пак си отовра страници брзо. Праам вчера спидтест доста ниско кажуваше одвај 1 Мb download. Денеска 3-4. Ама не верувам да е до нетот од Телекабел пошто досега е супер никогаш сум немал проблеми. Мене ми е да не е килав новиов рутер да не му е таква работата да кога спушта од торент макс. да го црпи нетот, па да не можам друго да отворам или пак има некои подесувања во него или торент-клиентот шо не ги знам? Ај ако знај некој поексперт од мене нека кажи