2001: A Space Odyssey

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
@Тапетар Петар:заборави во тајфата "режисери на бавни филмови" да го ставиш и Ридли Скот заради Блејд ранер и првиот Осми патник.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
добар филм, глупа тема - некохерентни.
Добра тема, глуп пост.
--- надополнето: Jul 25, 2011 7:15 PM ---
@Тапетар Петар:заборави во тајфата "режисери на бавни филмови" да го ставиш и Ридли Скот заради Блејд ранер и првиот Осми патник.
Ма се разбира...глеј ми го аватарот...има уште членови во ова фино друштво.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако де, вкусови...;) А од занаетски аспект, Одисеја не заостанува, ама ич.
Не знам, многу е зборувано за безвременоста на Одисеја, но јас би рекол дека е дебело обележен од времето во кој е направен. A Clockwork Orange и Blade Runner го немаат тој проблем. Ако некој филм делува безвремено, тоа мора да е Blade Runner...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Не знам, многу е зборувано за безвременоста на Одисеја, но јас би рекол дека е дебело обележен од времето во кој е направен. A Clockwork Orange и Blade Runner го немаат тој проблем. Ако некој филм делува безвремено, тоа мора да е Blade Runner...
Навистина нема поента да спориме...ти ми викаш Ламборгини е бољи од Ферари, а ја го тврдам обратното.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Најдобар SF филм на сите времиња, без никаква конкуренција е Blade Runner. SF филм со религиозна тематика, за стварањето,смртта и бесмртноста. И од занаетски аспект, совршен филм, без ниту еден кадар повеќе. Светлосни години подобар од Одисеја...
Вкусови, шмусови.
Одисеја е надвор од конкуренција.
Блејд Ранер е многу добар филм.

А на тие на кои Кјубрик им бил спор, кујзнае што ли би рекле за Тарковски.

Нема више такви (уметнички?) Ес Еф филмови, умреа заедно со режисерскиот филм во Холивуд. Тоа се деси во моментот кога излезе Стар Ворс. Од тогаш више и официјално, у филмот, не е главна фаца режисерот, него боардот во продуцентската куќа.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Кјубрик е речиси по правило спор во многу филмови. Ако си мераклија на илјада резови во минута, си го промашил чоекот. За вакви филмови треба трпение. Се разбира дека секој има право на мислење и вкус, ама доста си осамен во мислењето дека филмов е зад нашето време.
Па да ти кажам право сум љубител на брзи и динамични филмови. Ако екипата успеат да ти дадат филм од 1:30-40 без да се чувстува дека филмот е прекраток или предолг тогаш добива голем плус од мене. Затоа мене во топ 3 Кјубрикикови филмови ми е The Killing (1956). Успеале да раскажат цела приказна за група гангстери со техника на навраќање - прикажува еден или повеќе настани, потоа се враќа пред тие настани, па после тоа оди пак на крајот и сето тоа во 85 минути.

И да, одлично отварање, се смета за едно од најдобрите отварања во историјата на кинематографијата.
Значи целото тоа отворање симблизира само една работа, еден збор „почеток [на ера]“ и ништо друго. Дека се вклопува во филмот, се вклопува, дека самата сцена одделена од филмот не вреди ништо, не вреди. Затоа таа сцена не би ја нарекол добро отварање.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
„Одисеја“ е безвремен. Сѐ додека човекот ја истражува вселената, ќе биде безвремен и ќе нѐ потсетува дека, колку и да имаме напредна технологија, секогаш ќе има нешто над нас. :)
 
Фино срочено. Конгресната библиотека во Вашингтон го има прогласено и заштитено филмот како национално богатство во 1991.
--- надополнето: Jul 25, 2011 7:28 PM ---
Па да ти кажам право сум љубител на брзи и динамични филмови. Ако екипата успеат да ти дадат филм од 1:30-40 без да се чувстува дека филмот е прекраток или предолг тогаш добива голем плус од мене. Затоа мене во топ 3 Кјубрикикови филмови ми е The Killing (1956). Успеале да раскажат цела приказна за група гангстери со техника на навраќање - прикажува еден или повеќе настани, потоа се враќа пред тие настани, па после тоа оди пак на крајот и сето тоа во 85 минути.
Па да ти кажам право одма ми беше јасно.;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Значи целото тоа отворање симблизира само една работа, еден збор „почеток [на ера]“ и ништо друго. Дека се вклопува во филмот, се вклопува, дека самата сцена одделена од филмот не вреди ништо, не вреди. Затоа таа сцена не би ја нарекол добро отварање.
Ерм, вреднувањето на функционирање на било која сцена од било кој филм - надвор од филмот, илузорно е да се прави. Секоја сцена од филмот е правена со намера да биде дел од филмот, каде ќе се вклопи и соодветно допринесува за целината. Да оценуваш некоја сцена надвор од филмот (значи да не го земеш во предвид нејзиното место во филмот или да ја извадиш целосно од контекст на филмот) е бесполезно. Не станува збор за видео-арт или спот, туку за интегрален дел од целина.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
@Lavot:Е сеа,би се сложил дека Star wars ја зезна работата,ама ја зезна од кога Лукас го направи The phantom menace и дополнително заработуваше од франшизата со Star wars книги,стрипови,игри(од игрите признавам испадна ремек делото KOTOR,ама тоа е само бисер кој тоне во л... на мејнстрим мерчандајз)

А и доста со тоа кој бил безвременски-и Одисеја и Ранер и Соларис и Сталкер и Портокалот се безвременски,нема што да се дискутира понатаму.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Кјубрик не е лесен за следење поради неколку причини: темелен е, споро ја движи приказната (дури и во „акциони“ филмови како „Фул метал џекет“), секоја реплика, кадар, ефект, симбол, итн. е обмислен. Кјубрик бил перфекционист. Затоа и нема снимено многу филмови. Неговиот филмски јазик би го споредил донекаде со јазикот на Жак Дерида -- набиен, без редунданција, спор, те тера да се навраќаш и да читаш пак. Дефинитивно не за секого.
--- надополнето: Jul 25, 2011 7:44 PM ---
@Lavot:Е сеа,би се сложил дека Star wars ја зезна работата,ама ја зезна од кога Лукас го направи The phantom menace и дополнително заработуваше од франшизата со Star wars книги,стрипови,игри(од игрите признавам испадна ремек делото KOTOR,ама тоа е само бисер кој тоне во л... на мејнстрим мерчандајз)

А и доста со тоа кој бил безвременски-и Одисеја и Ранер и Соларис и Сталкер и Портокалот се безвременски,нема што да се дискутира понатаму.
Така е!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
@Lavot:Е сеа,би се сложил дека Star wars ја зезна работата,ама ја зезна од кога Лукас го направи The phantom menace и дополнително заработуваше од франшизата со Star wars книги,стрипови,игри(од игрите признавам испадна ремек делото KOTOR,ама тоа е само бисер кој тоне во л... на мејнстрим мерчандајз)
Не. Ја зборам за многу пред Фантом Менис.
После Стар Ворс (од '77) веќе стана по очигледна намерата на големите продуцентски куќи да го имаат последниот збор, кога станува збор за скапи филмови. Веќе режисерот не е Алфа и Омега, туку боардот на куќата. Копола, Скорсези и некои други сведоци од тоа време, на тој, за нас незабележан пресврт, ги имаат потпишано последните таканаречени режисерски филмови во Холивуд. После тоа снимањето на такви филмови, таму, навистина е реткост, додека пред тоа - правило.

Ете затоа веќе нема да има ЕсЕф филмови како Одисеја, затоа што режисерите денес мораат да се помират со мноооогу повеќе компромиси во својата работа (ако сакаат да снимаат во Холивуд).
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ерм, вреднувањето на функционирање на било која сцена од било кој филм - надвор од филмот, илузорно е да се прави. Секоја сцена од филмот е правена со намера да биде дел од филмот, каде ќе се вклопи и соодветно допринесува за целината. Да оценуваш некоја сцена надвор од филмот (значи да не го земеш во предвид нејзиното место во филмот или да ја извадиш целосно од контекст на филмот) е бесполезно. Не станува збор за видео-арт или спот, туку за интегрален дел од целина.
Хах. Абе какви почетни сцени има, цел настан ќе ти прикаже или добро ќе те здрма и ќе те подготви за филмот. А оваа од Одисеја што, почеток.

Ај со пример. Спореди го отварањето на Watchmen (2009) со ова на Одисеја.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Најдобар SF филм на сите времиња, без никаква конкуренција е Blade Runner. SF филм со религиозна тематика, за стварањето,смртта и бесмртноста. И од занаетски аспект, совршен филм, без ниту еден кадар повеќе. Светлосни години подобар од Одисеја...
Блејд ранер е одличен, ама е многу понерелигиозен од одисеја, јас би рекол повеќе егзистенцијлистички од религиозен. За разлика од него, Одисеја е хипер религиозна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom