Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
^ Овој па, ко баба некоја... Сто пути ти е посочено каде е у Библијата тоа што го бараш- ти пак отпоново.
Ти, па, ко пи*ка под кошула, од страна, полупокриена, добацуваш, па кротеш...

Во Јован пишува: „Овој на оној, што ти мислиш дека е, е у ствари тој што не е он, него е мој...“

Ако е некој навистина нечиј син (па уште на семоќен бог), тој тоа јасно и гласно ќе го каже. Исус никаде во Новиот Завет НЕ КАЖУВА дека Јахве, богот на Стариот Завет е негов татко. Никаде во Книгата Исус не го именува.

Ако во илјадници страни стихови главниот лик никаде не го кажува тоа што цела деноминација го труби како „готов факт“, тогаш нешто смрди тука.

Според карактерот на Исус, Јахве може да му биде најмногу очув! Татко не може да му биде ни-ка-ко! Едниов е свирепо садистичко копиле, а другиов е дете цвеча - милозлив, мазохистички кутрак со death wish.

...па уште се џилиташ тука со троедин бог, три во едно, па бил љубов или шта ти ја знам. Едниов кастрира све што ќе стигне а другиов се праи со проститутка пред сите, а вие му го негирате тоа и го правите целибатен млохавко.

Кај да ви го фати чоек крајот?!?
--- надополнето: Jul 25, 2011 2:45 PM ---
Золва на деверот од третата братучетка на невестата од Исус.
:ROFLMAO:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

За верски неписмени:

Отец+Син+Свет Дух=Јахве.

Отец=Отец.
Син=Син.
Свет Дух=Свет Дух.

Јахве не Е сам Отец
Јахве не Е сам Син.
Јахве не Е сам Дух Свет.

Синот не Е исто што и Отецот или Духот Свет.
Отецот не Е исто што и Синот или Духот Свет.
Духот Свет не Е исто што и Синот или Отецот.

Ај, доста Ти е за денес...А и мене ми е доста...:pos:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Едниов е свирепо садистичко копиле, а другиов е дете цвеча - милозлив, мазохистички кутрак со death wish.
Па...не би рекол дека на моменти не покажува дел од карактерот на татко му:
Матеј 10:33-36:

33 А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”
34 ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
35 Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва,
36 и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
За верски неписмени:

Отец+Син+Свет Дух=Јахве.

Отец=Отец.
Син=Син.
Свет Дух=Свет Дух.

Јахве не Е сам Отец
Јахве не Е сам Син.
Јахве не Е сам Дух Свет.

Синот не Е исто што и Отецот или Духот Свет.
Отецот не Е исто што и Синот или Духот Свет.
Духот Свет не Е исто што и Синот или Отецот.

Ај, доста Ти е за денес...А и мене ми е доста...:pos:
Sounds like multiple personality disorder ...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Отецот и Синот и Духот Свет, како Троедин Бог, се именува со „Јахве„, со вметнување самогласки во изразот „ЈХВХ„.

Значи, Света Троица, со едно име, се именува со „Јахве.„
Погрешно. Ова е индикатор за елементарно непознавање на Библијата. Јахве е името на Таткото Небесен (Отецот) и само на Таткото . Името на Исус не е Јахве.

И видов, и ете, Јагнето стои на Сионската гора, а со него сто и четириесет и четири илјади, кои го имаа напишано, на своите чела, Неговото име и името на Неговиот Татко. (Откровение 14:1, Библијата)

Ете ти доказ дека тоа се две различни имиња.

Према томе, кога Синот се обраќа до Отецот, Синот Го именува Отецот со „Отец„ а не со „Јахве,„ оти ако Синот Го именува Отецот со „Јахве„, тогаш ќе испадне дека Синот си се обраќа на самиот себе,
Синот Го именува Таткото со Јахве. Еве ти доказ:
„Духот на Јахве е над Мене“ (Исус Христос, ев. Лука 4:18, Библијата)

Еве ти уште еден доказ:
„А кога фарисеите беа собрани, Исус ги праша: ”Што мислите за Христос? Чиј Син е?” Му рекоа: „Давидов.” Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот, Го нарекува Господ, велејќи: ’Му рече Господ (Јахве) на мојот Господ: ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’? И така, кога Давид Го нарекува Господ, тогаш како Му е Син?“ (ев. Матеј 22:41-45, Библијата)

Исус тука го цитира Давидовиот псалм (бр. 110) каде што во оригиналот (староеврејски) пишува „Му рече ЈХВХ на мојот Господ“ само во нашите преводи Јахве е преведено со Господ, па оттаму доаѓа таа смешна фраза „Му рече Господ на мојот Господ“.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па нормално дека е „погрешно„: све што е православно, автоматски е и погршено...:D
--- надополнето: Jul 25, 2011 3:04 PM ---
Јахве е името на Таткото Небесен (Отецот) и само на Таткото .
Така е: на ова, и јеховините сведоци не би замериле!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За верски неписмени:

Отец+Син+Свет Дух=Јахве.

Отец=Отец.
Син=Син.
Свет Дух=Свет Дух.

Јахве не Е сам Отец
Јахве не Е сам Син.
Јахве не Е сам Дух Свет.

Синот не Е исто што и Отецот или Духот Свет.
Отецот не Е исто што и Синот или Духот Свет.
Духот Свет не Е исто што и Синот или Отецот.

Ај, доста Ти е за денес...А и мене ми е доста...:pos:
Тебе ти е одамна доста. Ти не си ни свесен што ти се крчка у тоа тиквичето што го носиш на рамења...

За ова глупостиве што си ги испишал:

Јахве е името на богот на израелитите. Во библијата е преведен како Јехова.

Исус е човек кој најверојатно живеел околу први век, на кого му се припишуваат митски и божествени карактеристики. Тој е јасно одделен од Јахве како посебен ентитет.

Патем, кога за тоа се појавила потреба, Црквата го воведува ентитетот Свет Дух кој е трет, посебен ентитет, РАЗЛИЧЕН од Исус и РАЗЛИЧЕН од Јахве.

Ама тебе религијата ти забранува да размислуваш и да учиш па затоа уште не си го разбрал ова. Срамота е тоа, ама голем си - си знаеш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Името на Исус не е Јахве.
Никаде не напишав дека името на Исус Е „Јахве„.
--- надополнето: Jul 25, 2011 3:07 PM ---
Ете ти доказ дека тоа се две различни имиња.
.
Така е! И ја вела дека Отецот не Е исто што и Синот! Затоа, Отецот Е „Отец„ а Синот Е „Син„.
--- надополнето: Jul 25, 2011 3:08 PM ---
па оттаму доаѓа таа смешна фраза „Му рече Господ на мојот Господ“.
И, што е овде „смешното„? :confused:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па...не би рекол дека на моменти не покажува дел од карактерот на татко му:
Матеј 10:33-36:

33 А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”
34 ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
35 Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва,
36 и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
Лично, мислам дека се тоа рецидиви од историскиот Исус. Претпоставувам дека се тоа малкуте цитати од она што бунтовникот Исус го говорел на митинзите за збирање борци за востанието против римјаните.

Каде е сега Лет3 да ни објасни на сите што е тука што...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тебе ти е одамна доста. Ти не си ни свесен што ти се крчка у тоа тиквичето што го носиш на рамења...

За ова глупостиве што си ги испишал:

Јахве е името на богот на израелитите. Во библијата е преведен како Јехова.

Исус е човек кој најверојатно живеел околу први век, на кого му се припишуваат митски и божествени карактеристики. Тој е јасно одделен од Јахве како посебен ентитет.

Патем, кога за тоа се појавила потреба, Црквата го воведува ентитетот Свет Дух кој е трет, посебен ентитет, РАЗЛИЧЕН од Исус и РАЗЛИЧЕН од Јахве.

Ама тебе религијата ти забранува да размислуваш и да учиш па затоа уште не си го разбрал ова. Срамота е тоа, ама голем си - си знаеш.
DBack,

да не беше Ти, ќе останев верски неписмен....:pos:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исус никаде во Новиот Завет НЕ КАЖУВА дека Јахве, богот на Стариот Завет е негов татко.
Јахве е името на богот на израелитите.
Во една расправа со израелитите т.е. со оние за кои ти самиот велиш дека Јахве е нивнот Бог, Исус им го рекол следново:

„Мене Ме прославува Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.“ (Исус Христос, ев. Јован 8:54, Библијата)

Ова во фудбалот се вика автогол :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom