Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.238
- Поени од реакции
- 8.136
Пред дваесетина години границата можеби била 30 години ама сега сигурно е поместена за 5-6 години. Еве Дел Пиеро на пример е како вино, што постар тоа подобар. Не престанува да ме изненадува од година во година со некоја мајсторија што ја вади од ракав а пред секоја сезона викам, толку му е на овој. Точно е дека со конкуренцијата што ја има во Јуве последниве години и не му беше тешко да се истакне како најдобар ама да беше и во било кој друг тим ако не најдобар ќе беше помеѓу најдобрите играчи. Не за џабе имаше толку понуди кога Јуве беше префрлен во Серија Б а тогаш имаше 32 години.И ја тоа не сфаќам, со денешниве тренинг методи, витаминизација и правилно менаџирање, до 35 може да се игра ко ништо.
Што се однесува до Пирло сметам дека пред него има добри две сезони фудбал пред да почне да му оди формата во надолна линија и без разлика кого ќе доведат Јуве до крајот на преодниот рок мое мислење е дека Пирло им е најдобриот потег летово.