Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Најново браво до газдата на кадмо бич шо на концерт на Владо у место кај шо собира 500-600 души собира 402814012940194019401940190491 и буквално доведува до ГУЖВАЊЕ.

Не е крив газдата шо местоно мојт да го наполнит само ко ќе му дојт Жаре фризеркана или ќе му пуштат некој од Бекстејџ. За разлика од Куба која е полна секој ден.
А на Аца Лукас ќе бидит "ко преживи причаче".(n)
 
Брат тогаш нека не се нафаќа да носи *звезди* ...срамота беше ова на Владо ...буквално се гужвав таму и неможев да мрднам повеќе од 2 сантима без да удрам/бидам удрен ... И ај шо изедов штикла у нога , лактови у ребра и се остало , уште и тие грдите цури шо седеа на сепариња (а ги имаше многу грди таа вечер) ми се дереа као неможеле да седат пошо сум им бил забиен до маса а неможев да МРДНАМ и да сакам (а сакав , пошо беа грди нели) ... за на крај т.н редари шо чуваа да не влезе некој од кај плажата да ми се пуваат и да не ме пуштат да излезам преку плажа пошо нАли ....ќе ме заебат многу ако ме вратат да се гурам со 300000000000000 души преку главна врата да излезам ....

Тотален промашај ....
 
Тотален промашај ....
Па кај и да одиш во Охрид е така. Цените за Владо беа 150 денари и кој е будала да рече "кафичов е со капацитет за само 500 души, не продавајте повеќе", а тој ја продава 700тата карта. Лани на Владо Јанески се скрши платформата од што имаше луѓе ама никој не смее да те врати ако си имаш купено карта.

Иначе надвор од темава, одвај чекам Аца царот. Ебење ќе е... ебење :icon_lol:

И патем.. Кличко ако разберит колку боксој имат низ чаршијава овде ќе дојдит на спремање...
 
foto.jpg

Ми идат да му се помочам в уста на ваквиве сограѓани.
надополнето:Заедно со ретардираниов градоначалник.
 
foto.jpg

Ми идат да му се помочам в уста на ваквиве сограѓани.
надополнето:Заедно со ретардираниов градоначалник.

za ednoto si vo pravo za prvoto :)
za vtorot barem ne pravi spomenici kako oni supcite od vladata na celo so Mesijata so negovata spasitelska uloga posebno so penziite za partizanite i amnestijata
 
za ednoto si vo pravo za prvoto :)
za vtorot barem ne pravi spomenici kako oni supcite od vladata na celo so Mesijata so negovata spasitelska uloga posebno so penziite za partizanite i amnestijata

За второто ти не си во право.Мислам за контрола на Кејот и кафичи/дискотеки.Сите знајме дека дозволите за реквизити се издадени од ОПШТИНА ОХРИД на блиски луѓе до вработени во Општината или на вработените (инспектори и сл.),ама нивно име не е нигде спомнато.И после имаме изјави дека тие биле немоќни да се справат со хаосот.Па сами го створиле нормално дека им е гајле.
Во зимно време кафичите како План Б,Heaven никој не се замарат шо пушат внатре.Ама добри се со луѓево во Општина(да не спомвам и партии) и не е страшно,така?
 
Го најдов случајно на нет...

" „Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден". „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине.

А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме". Вошкар еден. Збеснав. Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мислам кај да......
„ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!"-„Извините, го видов контењеро и.......". „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и.....". „Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з'ш од први август и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шолјана да ти......

". „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?". „Да комши, стигнавме....". Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан.

Јас не знам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат. Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега.......Го слушна. Сме кренале згради......А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме десетина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини, и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна, паркинг го напрајвме и то со пари. Е в спална да те пуштам да.....
Слушај, бар оваа година никој немат право да се жалит. Ја слушам она Холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е.
После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат. Денес глеаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално.
Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з'ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине.
Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинат? Ја слушам една: „Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот". Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела. Друго.
Ај жити леб, нека кажит некој, оваа година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци.
Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда по нужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака на нога, од село е, од Слатино, ама не оти некој за сељак го сметат.
Го третираме ко наш да си е. Аку е де и селанине се луѓе. Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат".
"
 
Го најдов случајно на нет...н факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат".
"

Колумнава е од пред нашата ера и банално е да се коментират. Изживеана работа е веќе.
 
После се што се случува во Охрид не ни преостанува ништо друго туку да се молиме за Македонскиот, Балканскиот и Свтски бисер кој полека го претвараме во престолнина на насилството и турбофолкот.
Како капак на се што се случува ни доаѓа Сека Алексаич:

Сека Алексиќ на „Билјанини извори“ - почнува охридскиот „Пиво фест“

На 28 јули на „Билјанини извори“ почнува охридскиот „Пиво Фест“ кој ќе трае 4 дена. Организаторите од „Герила Маркет“ најавуваат бурна забава со ладно пиво и скара и голем број музички ѕевзди меѓу кои Сека Алексиќ, Рибља Чорба, Connect, Поздрав Азри, Партибрејкерс, Суперхикс, Тони Зен и многу други.​

getImageThumbnail.axd


Оваа година просторот е зголемен за цели 30 % за повеќе комфор за многубројната публика и се очекуваат повеќе од минатогодишните 90 000 посетители.

Партибрејкерси ќе настапат на отворањето на фестивалот, во четврток на 28. јули.
Рибља чорба ќе настапат еден ден подоцна, на 29-ти јули.

Организаторите го потенцираат настапот на групата „Поздрав Азри“ која е проект на некогашниот тапанар на групата Азра Борис Леинер.

Сека Алексиќ ветува журка која ќе се памети.
- На охриѓани ќе им треба „Аспирин“ по мојот настап, им порача на своите обожаватели популарната Сека.

Таа заедно со најдобриот блех оркестар на Балканот Черкези ќе го затвори овогодинешното издание на охридскиот „Пиво фест“.

Програмата на забавата „Пиво фест“ во Охрид изгледа вака:
- четврток 28. јули 2011
20:00-21:00 часот - Мадона видео концерт,
21:00-22:15 - Beta House
22:30-23:45 - Evolution во живо,
24:00-01:30 - Партибрејкерс
по 01:30 - „The best od Rock“ - Дџ програма
- петок 29. јули 2011
20:00-21:00 часот - Robbie Williams видео
концерт,
21:00-22:00 часот - Чедомирски латино бенд,
22:00-23:30 часот - концерт на Тони Зен,
23:30-01:30 - Рибља Чорба во живо
по 01:30 - „The best od Rock“ - Дџ програма
- сабота 30. јули 2011
20:00-21:00 часот - Видео концерт AC/DC,
21:00-22:30 часот - Connect + official Dj of the concert (Panco ana Shorty),
22:30-00:00 часот - концерт на Суперхикс,
00:00-02:00 - Поздрав Азри,
по 02:00 - „The best od Rock“ - Дџ програма
- недела 31. јули 2011
20:00-21:00 часот - Видео концерт на Lady Gaga,
21:00-22:15 часот - Блех оркестар Черкези,
22:15-00:30 часот - концерт на Сека Алексиќ,
00:30-01:30 - Блех оркестар „Златна Труба“,
по 01:30 - Блех оркестар Черкези

„Пиво Фест“ почнува в четврток а ќе трае до недела./www.kanal5.com.mk

На крај ќе завршам со зборовите:​

Господе чувај ни го Охрид од сељачаната која управува со него.​

Пред се чувај ни ја престолнината на писменоста од неписмениот градоначалик.​

 
луѓе , беше некој на Токсикологија на концертов ?! најавуваа спектакл , неам гледано видео . ако има некој нека постира ...и кажете некој ако бил како поминал :D
 
абе дечки како е посетеноста на охрид оваа сезона?
 
Најслаба година.Ако не преземат нешто,ќе го поебат и тој туризам шо го имаа.:D
па искрено со такви цени.... 20 денари за веце - на некој таков ми иде да му речам дај фискална сметка па да видам шо ке праи - до тој степен се безобразни шо мора да се спуштиш на исто ниво со нив за да им докажеш дека не се праи туризам ко они шо праат.
 
Абе јас оправудам некакви цени до некаде,барем смештајот да е скап.Така ќе им земаш пари на странците и оние шо не се од блиска околина.Вака и нас шо одиме на ден два појди-дојди и на самите Охриѓани ги ебиш.Најмалата пица в заб шо ќе ти останит 180 ден,една топка сладолед 45 ден,па ова нигде го нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom