- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.784
- Поени од реакции
- 85.829
Ја сум за по високи цени во Охрид.
...заради елиминирање на чергарскиот туризам.
Имено, охриѓани дозволија секоја шуша у дворот, ходникот, шаторот, кујната, да стаи кревети и да ги пуни со туристи. Да, он може што сака да праи со својот имот, али секоја куќа у секое крајбрежно село (и у самиот град) тоа го праи (односно им се дозволува тоа да го праат).
Со тоа енормно се оптеретува инфраструктурата на градот и ривиерата:
- многу повеќе гужви на патиштата, а со тоа по големо загадување на воздухот
- по големо загадување на околината (вклучително и езерото)
- оптеретување на: колекторскиот систем, водовод, канализација и општо сите комунални системи кои не се направени за толкав притисок
Така, ете, ја сум решил да платам поише од хотел у Грчка и идам у Десарет. Ко излегуам од хотелот у тоа селото, ај шо нема нигде место игла да фрлиш, него нема контејнери и сите сметот го фрлаат до секоја бандера, а камионче поминуе еднаш дневно и со лопата го собираат ѓубрето од секоја бандера. Бандерите се наоѓаат у сред лето у сред гужва по должината на главниот (и единствениот) пат. Па се добива какофонија од пот, смрад и гужва.
Друга приказна е тоа што хотелот, дупка пун, не ги става во погон сите сервиси и капацитети. Немаше место во хотелот и луѓе ги враќаа од рецепција. Епа коа толку ти е пун хотелот и имаш ќар, зарем тогаш ли лифтови да не ти работат, келнери нема (саат и пол за вечера се чекаше), собарки - исто. Ако при ваква исполнетост во потполност не ги искористиш сите капацитети на услуги, тогаш кога?
Поентата ми е, дека треба да се елиминира чергарскиот туризам и услугата да се подобри. Тогаш ќе може комотно да се вреднува високо летувањето на ова единствено место.
Со тоа ќе се придонесе многу за најбитната работа,а тоа е еколошкиот аспект, кој гледам дека се занемарува од страна на охриѓани на сметка на краткорочни глупости.
Охрид (и државата) прво нека глеа да го зачува езерото. Работи како, келнерот ме глеал криво и скуп ми е милк-шејкот, се глупости во однос на есенцијалните нешта за кои не се води сметка.
Сакам да идам во Охрид на одмор, нека биде скупо и нека биде на ниво.
Граѓаните со по плиток џеб нека одат во Струга, Преспа и Дојран. Не можеме да си дозволиме Охрид вака да се засерува.