Nonteizam
Полихистор
- Член од
- 13 декември 2008
- Мислења
- 1.129
- Поени од реакции
- 790
Не е проблем и ако постоел. Проблем е веродостојноста на сведоштвата за неговиот живот.deka postoel postoel toa go ima vo samite istoriski nastani za izrael e sega ona drugoto za negovata bogocovecka priroda e ona na sto evreite i ateistite go sporat
Проблем е што апостолите кои ги пишувале евангелијата го прават истото што го правеле милиони други „писари“ на митологиите и религиите.
На Исус, кој веројатно бил добар човек кој правел добри дела, одеднаш му даваат божествен статус, пишуваат книги за него, му даваат девствено раѓање, му даваат натприродни моќи (прогледувал слепи, лекувал лепрозни, претворал вода во вино, одел по вода...), му даваат воскреснување и најпосле му даваат статус на месија. Зошто го направиле ова евангелистите, од истите причини поради кои секој народ велича некој свој извонреден современик.
Но сето ова било веќе видено во античките митологии, култови и религии. Ништо од ова не е ново, не е историски поткрепено со докази ниту е пореално од било која митологоија.
Исус дури и ако бил вистински човек, дури иако бил великодушен моралист... денешната претстава за него е чист мит... исто како и останатите божества кои постоеле отсекогаш.