Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.360
Епа ќе видам од тоа што и други ми кажаа сите ми препорачуваат Тутунска.Ако не најдам друго чаре тогаш тоа.
 
Член од
3 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Епа ќе видам од тоа што и други ми кажаа сите ми препорачуваат Тутунска.Ако не најдам друго чаре тогаш тоа.
Ги исполнуваше вашите потреби Тутунска, бидејќи и јас се мислам за една Виса картичка?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Комерцијална Банка.....исто добар пензиски имаат...задоволен сум :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Не знам дали има посебна тема, нити па дали е оваа соодветна, ама морам револтот да го изразам од “работењето“ на нашиве банки.
Значи имам картица Visa electron издадена од Стопанска банка, која ја користам само за плата. Кога вадам пари, нонстоп тоа го правам на автомат на стопанска, зошто знам дека наплаќаат провизии од другиве автомати. Ама пред некој ден се ужаснав. Во чаршија да не барам автомат од мојава банка, си викам дај ајде од NLB Тутунска ќе извадам. Луѓе, вадам 500 денари, ми зема провизија од 110 денари o_O Ваква кражба јас не очекував. И после од муабет со луѓе истото, вадат 1.000 денари, провизија 110. Значи поефтино ќе ме фатеше да фатев такси и да ме однесе до автомат на стопанска :tapp:
Инаку, колку што знам, во земјиве на ЕУ вакви провизии не постојат, значи си вадиш од било кој автомат без проблем, доколку картицата ти е издадена од банка на земјите членки. За нас не важи, пошто ние им наплаќаме на нив. Болна работа! Уште не можам да се изначудам...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
сеа глеам дека ми нема 19.50 денари ...незнам од каде...иначе виза електрон од нлб иам...да сум извадил од на банкомат толкава сума не е можно,или пак да сум платил толку некаде...

иначе внимавајте кога плаќате некаде со картичка , пошо мене во една пригода пишуваше дека трансакцијата е неуспешна а уствари беа префрлени парите ,среќа наредниот ден си отидов во кафичот и ми беа вратени ...али слично комшијата го репнале на бензинска и парите никад не му ги вратиле...
 
T

Tetro

Гостин

https://www.nlbklik.com.mk
Тука имаш преглед, треба само да се регистрираш.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Мислам дека за подигнување пари од банкомат со дебитна картичка од банкоматот на банката ниту една банка не зема провизија. За плаќање преку POS терминали и онлајн плаќање исто така не земаат провизија. Доколку имаш кредитна картичка и подигнуваш пари од банкомат е тогаш ти земаат провизија, затоа што намената на кредитните картички е да купуваш преку пос-терминали, не за влечење пари директно од банкомат. Е сега може тебе ти имаат земено провизија за одржување на сметка, ако не се лажам во Тутунска земаат 10 денари од месец.
 
T

Tetro

Гостин
Е сега може тебе ти имаат земено провизија за одржување на сметка, ако не се лажам во Тутунска земаат 10 денари од месец.
Во секоја банка земаат месечно 10 денари, од секоја трансакциска сметка, без разлика дали поседуваш картичка или не.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
иначе внимавајте кога плаќате некаде со картичка , пошо мене во една пригода пишуваше дека трансакцијата е неуспешна а уствари беа префрлени парите ,среќа наредниот ден си отидов во кафичот и ми беа вратени ...али слично комшијата го репнале на бензинска и парите никад не му ги вратиле...
Затоа јас со картички не се расправам само кешарац, на компјутер не му верувам...
Види сега крадецот џепџијата ако проба да ми земе пари од џеб можеби ќе го сетам а можеби и не, пола пола се шансите. А овај другиот електронскиот крадец нема шанси да го сетам.
 
Kajgana e sranje

Македонија Шампион
Член од
9 април 2010
Мислења
225
Поени од реакции
64
Не знам дали има посебна тема, нити па дали е оваа соодветна, ама морам револтот да го изразам од “работењето“ на нашиве банки.
Значи имам картица Visa electron издадена од Стопанска банка, која ја користам само за плата. Кога вадам пари, нонстоп тоа го правам на автомат на стопанска, зошто знам дека наплаќаат провизии од другиве автомати. Ама пред некој ден се ужаснав. Во чаршија да не барам автомат од мојава банка, си викам дај ајде од NLB Тутунска ќе извадам. Луѓе, вадам 500 денари, ми зема провизија од 110 денари o_O Ваква кражба јас не очекував. И после од муабет со луѓе истото, вадат 1.000 денари, провизија 110. Значи поефтино ќе ме фатеше да фатев такси и да ме однесе до автомат на стопанска :tapp:
Инаку, колку што знам, во земјиве на ЕУ вакви провизии не постојат, значи си вадиш од било кој автомат без проблем, доколку картицата ти е издадена од банка на земјите членки. За нас не важи, пошто ние им наплаќаме на нив. Болна работа! Уште не можам да се изначудам...
провизијата е горе долу иста кај сите банки ако вадиш пари со картица од друга банка
така да барајте банкомат од вашата банка другпат
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
провизијата е горе долу иста кај сите банки ако вадиш пари со картица од друга банка
така да барајте банкомат од вашата банка другпат
Така де, не е спорно тоа. И муабетот е не да нема провизии, туку зошто да се толкави провизиите, има ли некој што контролира или функционира ли некаква заштита на потрошувач?!
 
С

Спенсер

Гостин
За работа со девизи- Комерцијална
Денари- ИК банка :) Овие две ги користиме веќе подолго време,и немаме никаков проблем досега.
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
А што е со Комерцијална идам в банка и му викам на шалтер дали можи да отворам сметка и да си земам дебитна картичка или виза или маестро и дали може преку интернет да се купува да се плаќа он ми вика неможе само со кредитни картички можело и си заминав па се думам дали да отворам и се исплаќа да имам од комерцијална сметка или не, дајте совет што како инаку си имам од Тутунска банка со неа се преку интернет плаќам и задоволен сум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom