- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.777
- Поени од реакции
- 12.242
визуелно улиците, болниците, школите...улиците се се само не прекрасни. Токму пред некој ден имаше прилог за скопските руинирани улици. Кој сака да види "прекрасна" улица нека оди Топаана, ќе се изненади колку ќе го чини поправка за возило за 1 година...на улицата на само 3 км од воинот на коњ нема ниту асфалт.цело скопје е изменето
имате нов асфалт насекаде улици прекрасни и полека се се средува
ДВА МЕСЕЦА СЕ ЧЕКА НОВ АСФАЛТ - Улиците во Чаир раскопани, одговорните на одмор
"Улициве се катастрофа. Пред шест месеци се жалевме дека овде не се работи и дека возиме по дупки. Сега, откако почнаа да ги поправаат, ги оставија среде работа.
освен на потегот Тетово Гостивар, автопат во права смисла...грчкиот магистрален до Солун е далеку порамен, побезбеден и поширок од нашиот автопат Скопје Велес.полека ке дојде ден ке се направат и автопатите низ Македонија
Ете уште еден приоритет кој е доста незгоден. Ако пукне цевка, може да се случи и цел ден делови од Скопје да останат без вода. дали не беа потребни алтернативни водоводни патишта за да се избегне овој проблем кој вообичаено се јавува најмалку еднаш месечно.
Половина Скопје 20 часа без вода
ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА НА ВОДНО Детската клиника во Козле остана без вода
утре без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Ленинова“,
Жителите на Матка, Глумово и на другите населени места од овој дел на општината Сарај веќе три дена немаат вода
Најиндустриската општина Гази Баба без канализација и без здрава вода
Половина Скопје викендов без вода
Скопјани се удавија во г..мна
и со струјата се јавуваат слични ситуации. Вода со цистерни, наместо струја газија и свеќи...на моменти ми се чини како да живеам во 18-19 век.
Изменето е Скопје, архитектонски, посебно центарот...но сето тоа е само прилично скапа фасада зад која се кријат големи проблеми за скопјани (кои историјата не мора да ја учат од спомениците). И би ги прашал оние кои се разбираат да помогнат, дали Скопје држело некогаш вакви архитектонски решенија (не се разбирам од стилови, не е моја бранша, но визуелно гледајќи... ), фасади и изглед на објектите. Од слики од предземјотресно Скопје, а и од паметење од детството минато покрај сегашна Народна Банка, немам видено вакви објекти со ваков стил на градба.