Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
T

Tetro

Гостин
Еве колку преводи ми даде досега па неможеш повеќе:

А ова во црвено е веројатно во недостаток на аргументи, ама ајде. Инаку стварно одговараш концизно на прашањата. Неможел да одговори за великомаченик бидејќи бил атеист:pos:. И уживај си, ти не си од партија колку што јас не сум од ниедна партија.
Ако тебе те праќа партија да пишуваш по форуми, те жалам.
И доста етиќетирање, не можете да живеете слободни, па морало да се лепат етиќети на тие кои не го делат вашето мислење и не ракоплескаат на секоја глупост.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако тебе те праќа партија да пишуваш по форуми, те жалам.
И доста етиќетирање, не можете да живеете слободни, па морало да се лепат етиќети на тие кои не го делат вашето мислење и не ракоплескаат на секоја глупост.
Не ме пратил никој мене, ако приметуваш и јас го критикував проектот за глупости како Уставен Суд што свети како циркус, никогаш не возвраќам на критика дека проектот е економски неоправдан, затоа што стварно е, ама критика дека Александар Велики не е македонски збор ми е глупа.
 
T

Tetro

Гостин
Александар Велики не е македонски збор ми е глупа.
Роден е на денешен ден 21-07-356 пне. Му дале име Александар. Ние го знаеме како Александар III Македонски. А тоа за "Велики", не ми е битно. Сигурно не е "воин на коњ", ама за кој како.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Роден е на денешен ден 21-07-356 пне. Му дале име Александар. Ние го знаеме како Александар III Македонски. А тоа за "Велики", не ми е битно. Сигурно не е "воин на коњ", ама за кој како.
Ти го спомна тоа велики бе друже. Како сега не ти е битно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ај кликни страна-две назад, види кој прв спомна со велики букви.
Македонцки кажа дека на скопскиот аеродром ќе се постави споменик на Александар Велики. И ти рече:
Ова Велики не е по српски? На македонски јазик имаме Голем
За после да тврдиш дека велики не ти е битно.
 
T

Tetro

Гостин
Македонцки кажа дека на скопскиот аеродром ќе се постави споменик на Александар Велики. И ти рече:

За после да тврдиш дека велики не ти е битно.
Имало и некој Македонец, Перо се викал. Отишол во Грција и таму му викале Ставрос. И не е за ова темава.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
1. нема никаква паралела помегу цената на објектот и колку е платен работникот, работнкот е платен според договор со работодавецот, работникот не е акционер па да зима пропорционална плата со објектите исто како што не зима пониска кога истата фирма нема работа

2.Работниците, т.е. МАЈСТОРИНКИТЕ во бетон гранит и секаде во Македонија се солидно платени, од 50о евра нагоре...спијте мирно

3. подовите биле 2,5 милиони евра - НЕПИСМЕНИ НОВИНАРИ И СЛЕПИ ЧИТАТЕЛИ...што е2,5 милиони евра??? која е квадратурата? таа цена е со р.рака или без, какви материјали??? има ли други точки на изведба(подно греење, порамнување, скалила, паркинзи??? извадете информација за квадратурата на објектот ке знаеме дали е цената реална???
1. и 2. Не зборувам за оние кои се со постојана работа во Бетон туку за времените работници ангажирани на неколкуте проекти кои моментално се работат во Скопје. Имам информации дека има и таки кои зимат по 8 до 10 илјади денари што е под секое човечко достоинство. Со оглед на тоа дека објектите се повеќе од добро наплатени од Бетон и другите фирми очекувано е дека државата ќе се погрижи работниците да имат човечки услови за работа, барем на проектите кои истата ги финансира. Инаку плаќањето на работникот и условите во кои работи имат влијание на цената на чињене на услугата и тоа е проста математика. Но освен што имат врска со трошоците имат голема врска и со квалитетот на изведба. Сведоци сме на многу недоречености особено кај улиците кои во последно време се реновират по Скопје. Одтука мислам дека е потребна поголема контрола на фирмите кои работат и градат со буџетски средства.

3. Новинарството во Македонија како гранка која е под секое ниво , не заслужува да биде коментирано. Барем не од моја страна.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894

Барам некое видео со ваков 360 осврт на центар.. ама пред да се гради..кој најде го честам пиво грч ладно
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Чекајте.Дали јас тоа во зградата на новиот терминал видов постамент!?
Дали Ацко качен на коњ ќе биде поставен на сред зграда!?
Оу мај факинг гад, ова им е врв!
А баш се израдував дека ќе имаме модерен терминал, фак!:cautious:
тоа се вика кој ве *** вас и остали свет - аеродромот е под приватна концесија -споменикот ете за ваш мерак не е од државни пари - кај ке плачете сега?:drk:
--- надополнето: Jul 21, 2011 6:15 PM ---
1. и 2. Не зборувам за оние кои се со постојана работа во Бетон туку за времените работници ангажирани на неколкуте проекти кои моментално се работат во Скопје. Имам информации дека има и таки кои зимат по 8 до 10 илјади денари што е под секое човечко достоинство. Со оглед на тоа дека објектите се повеќе од добро наплатени од Бетон и другите фирми очекувано е дека државата ќе се погрижи работниците да имат човечки услови за работа, барем на проектите кои истата ги финансира. Инаку плаќањето на работникот и условите во кои работи имат влијание на цената на чињене на услугата и тоа е проста математика. Но освен што имат врска со трошоците имат голема врска и со квалитетот на изведба. Сведоци сме на многу недоречености особено кај улиците кои во последно време се реновират по Скопје. Одтука мислам дека е потребна поголема контрола на фирмите кои работат и градат со буџетски средства.

.
1. никој не работи за 10.000, има недостаток на градежници платите им се од 20.000 на чирацита па од 30.000 на мајсторите.

2.и да има луге што зимаат 1000 денари месечно а фирмата гради за 10 милијарди, НЕ ПОСТОИ закон на оваа планета што ке му наметне на работодавачот пропорционална плата исто како што нема закон да им се намали платата во зима или кога се нема работа. ако сакаат дел од колачот ке треба да си купат акции и да чекаат дивиденда.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Мај дик ис биг. :icon_lol:
Одговорено е погоре и тоа.
Јор биг дик вил гет ју бан'д. Паузирај некој ден и внимавај во иднина на речник и оф-топик.
Останатите, продолжете со дискусијата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Уставeн суд ќе свети во сите бои



Во новата зграда судиите ќе газат на подови вредни 2,5 милиони евра

Подовите, плафоните и прозорците во новиот објект на Уставен суд ќе чинат речиси 2,5 милиони евра. Со овие пари ќе се набават гранитни плочи со кои генерално ќе се покријат подовите, а администрацијата во објектот ќе гази и на ламинат, итисони, теписони...Прозорците ќе бидат обични, а какви врати ќе се отвораат и ќе се затвораат низ зградата, надлежните допрва ќе одлучат.

Сликовито вака од владината служба објаснуваат за што ќе се потрошат речиси 2,5 милиони евра колку што е зделката договорена со „Гранит“ и се однесува на ентериерно уредување на објектот, чија изградба не запира, и покрај пеколните горештини. Иако ентериер подразбира и мебел, сепак, во случајов тој се уште не е во игра.

„Со овој договор е утврдено ентериерно уредување на подови, плафони и прозорци. За мебелот и за сите внатрешни врати на објектот допрва ќе се распишува тендер оти се' уште е рано за реализирање на таа фаза“, информира Васил Доневски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Според Доневски, најголем дел од подовите ќе бидат од гранитни плочи од македонско производство, а на некои места низ објектот ќе се постават ламинат, итисони, теписони...Гранитот наместа ќе биде разбиен со шари, но невпечатливи.

„Се' ќе биде изведено убаво со стил“, додава директорот, според кого, сумата од речиси 2,5 милиони евра за посочените елементи од објектот воопшто не е преголема ако се има предвид неговата големина. Тој тврди дека досега не е надминат предвидениот лимит за реализација на овој проект, кој изнесува 24,5 милиони евра. Сите анекси и зделки договорени во изминатиот период вели се во рамките на проектираните трошоци.

Инаку, на терен, независно од летните горештини, изградбата на новиот објект за уставните судии што ќе ја делат зградата со Државниот архив и Археолошкиот музеј, се одвива интензивно. Истовремено се вршат речиси финалните изведби на фасадата, а колку што дозволуваат просторните услови се работи и на изведба на илуминацијата на објектот.

Паралелно се работи и на проектите за подземно паркирање, паркинг што ќе биде наменет исклучиво за администрацијата од овој објект.

Новиот Уставен суд, кој има највпечатлива стилска градба во тој реон, ќе биде осветлен во неколку бои, во зависност од желбата на надлежните. Ќе постои опција зградата да е осветлена во црвено, жолто и зелено но и во други бои, сите овозможени преку современ систем на осветлување со лед диоди. „Начелно е договорено постојано да бидат осветлени сите 40 столба на објектот“,вели Доневски, задоволен од текот на градежните работи на објектот, кој е предвидено да биде готов до крајот на годинава.

Не е исклучена можноста уставните судии и другите корисници на објектот да се вселат во него на 25 ноември, датум што си го зацртале од владината служба. „Засега немаме добиено налог до кога точно зградата треба да биде готова, односно дали нејзиното пуштање во употреба ќе биде симболично врзано со одреден датум. Можам само да информирам дека сигурно ќе го запазиме рокот за изведба предвиден до крајот на годинава исто како и новата зграда на Министерството за надворешни работи“, вели директорот на владината служба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DE716B6436D92444B859C439E2C3A71D

СО СТИЛ ЌЕ БИЛО ИЗВЕДЕНО, ЕЈ СО СТИЛ!

Всушност среќен сум што се гради зградава, а и сите други.Барем сега и ние ќе си имаме еден Дизниленд, немора да одам толку далеку.Нашиот нека биде Грујоленд или Глуполенд.Може да организираме анкета на Фејбсук кое од двете да биде, знаете Фејсбук е многу добар за испитување на јавното мислење.:vozbud:
А кога ќе го отвориме Грујолендот/Глуполендот можеби ќе ни се развие ТУРИЗМОТ.:vozbud::vozbud:
Лас Вегас ! :pos::tapp:
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
колку сме смешни како народ
градат нешто екстра убаво и големо
проектот е страшен и убав
рачунајте дека само со парите од А1 на велко само данокот сто не му е платен ете го споменикот
на Александар и фонтаната
каде се парите и фабриките сто се крадеа и продадоа каде се сите тие работи сто се уништија
и сега бараме фабрики
не сум опрделен партиски за никого и не сум во план
мене лично ми е убав овој проект и мислам дека ке имаме најубав главен град на балканот
цело скопје е изменето
имате нов асфалт насекаде улици прекрасни и полека се се средува
е сега треба да имате и култура па да си го сочувате и да остане а не вие сами си го плукате
од кога е распадната Југославија ова е прво нешто сто се гради и нас не не бендисува
епа ако немаше ништо поарно ке беше
полека ке дојде ден ке се направат и автопатите низ Македонија
за се треба време
се надевам дека за 15 години ке бидеме многу подобра држава
само ни фали култура и љубезност
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
полека ке дојде ден ке се направат и автопатите низ Македонија
за се треба време
Axa, ќе дојдат.Прво треба музеите и театрите.Тие се поважни.Стрпете се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom