Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
цело скопје е изменето
имате нов асфалт насекаде улици прекрасни и полека се се средува
визуелно улиците, болниците, школите...улиците се се само не прекрасни. Токму пред некој ден имаше прилог за скопските руинирани улици. Кој сака да види "прекрасна" улица нека оди Топаана, ќе се изненади колку ќе го чини поправка за возило за 1 година...на улицата на само 3 км од воинот на коњ нема ниту асфалт.
ДВА МЕСЕЦА СЕ ЧЕКА НОВ АСФАЛТ - Улиците во Чаир раскопани, одговорните на одмор
"Улициве се катастрофа. Пред шест месеци се жалевме дека овде не се работи и дека возиме по дупки. Сега, откако почнаа да ги поправаат, ги оставија среде работа.
полека ке дојде ден ке се направат и автопатите низ Македонија
освен на потегот Тетово Гостивар, автопат во права смисла...грчкиот магистрален до Солун е далеку порамен, побезбеден и поширок од нашиот автопат Скопје Велес.

Ете уште еден приоритет кој е доста незгоден. Ако пукне цевка, може да се случи и цел ден делови од Скопје да останат без вода. дали не беа потребни алтернативни водоводни патишта за да се избегне овој проблем кој вообичаено се јавува најмалку еднаш месечно.

Половина Скопје 20 часа без вода
ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА НА ВОДНО Детската клиника во Козле остана без вода

утре без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Ленинова“,

Жителите на Матка, Глумово и на другите населени места од овој дел на општината Сарај веќе три дена немаат вода

Најиндустриската општина Гази Баба без канализација и без здрава вода
Половина Скопје викендов без вода
Скопјани се удавија во г..мна

и со струјата се јавуваат слични ситуации. Вода со цистерни, наместо струја газија и свеќи...на моменти ми се чини како да живеам во 18-19 век.

Изменето е Скопје, архитектонски, посебно центарот...но сето тоа е само прилично скапа фасада зад која се кријат големи проблеми за скопјани (кои историјата не мора да ја учат од спомениците). И би ги прашал оние кои се разбираат да помогнат, дали Скопје држело некогаш вакви архитектонски решенија (не се разбирам од стилови, не е моја бранша, но визуелно гледајќи... ), фасади и изглед на објектите. Од слики од предземјотресно Скопје, а и од паметење од детството минато покрај сегашна Народна Банка, немам видено вакви објекти со ваков стил на градба.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

1. НЕМА финансиски план што ги решиш овие проблеми, особено тој со патиштата со 5 милиони годишно, едноставно се премалце пари

2.по логикава која се провлекува, дали треба да ја затвориме билблиотеката и театарот, скејт и луна паркот,золошката и базенот зошто ИМАЛО ПРИОРИТЕТИ.

3. дали во други земји има континуирани вакви проблеми (да и тоа се нормални проблеми кој се сервисираат)

4.дали треба општина штип да одвои пари за општина сарај или за улиците во чаир, значи разберете дека си изгласавме територјална поделба и локална децентрализација, НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ, нека умрат за вода и коли нека искршат, нивни и на граданачлникот што го изгласале проблем!!!

5.Автопатот е во очајна состојба, ке се репарира темелно оваа година како имногу други патишта,на памет, се породолжува кракот до Српска граница, ке се гради смоквица, ке се пробива брз пат до Битола и Штип, Струмица веке се прави чинам...да се надееваме нема да останат ветувања.

Луртц за последното - стилот кој сега се промовира е класичен односно НЕОКЛАСИЧЕН(нема верска со спинот барок) и својствен за старо Скопје и сите ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА , Гевгелија,Велес, Куманово особено Битола и Солун, да не ги редам сите, но во сите градчиња ако има нешто останато од старите богати куки ке забележиш дака се правени токму во овој стил.

Стилот е карактеристичен за поголемите градови на целиот Балкан и Европа воопшто... ништо ново или погрешно или спектакуларно ние не правиме.(лично ми се допага)

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
Axa, ќе дојдат.Прво треба музеите и театрите.Тие се поважни.Стрпете се.
e не бе..музеј и театар се непотребни..сите вложуваат во култура и уметност,само ние мислиме дека у штала може претстава да се игра.. ти освен стомак имаш и разум и по тоа се двоиш од животно,тоа те прави човек..уметност и култура е одлика само на човечко суштество..а ако не ти треба тоа, идентификувај се со животните
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570

Ама тие другите прво направиле БОЛНИЦИ И АВТОПАТИШТА!
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Скопје добива Панорамско тркало вредно 80.000 евра
СКОПЈЕ / 22.07.11 / 13:08
Панорамското тркало што градските татковци решија да го градат на десната страна од реката Вардар, ќе чини 80.000 евра.
Тркалото, како што пишува весникот „Вест“, ќе се гради на десната страна од Кејот во делот меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев.
Цената на новата содржина од проектот „Скопје 2014“, според весникот, е предвидена со ребаланс на буџетот на градот.
Градските власти се уште не наведуваат кога ќе почне градбата на Панорамското тркало, со оглед дека бил неупсешен тендерот за избор на фирмата изведувач.
Според плановите, Панорамското тркало ќе биде високо 50 метрии ќе се гради според идејното решение на Јован Стефановски, чиј проект ја доби првата награда на јавниот конкурс и за што освои паричен надомест од 100.000 денари.
По обновата на фасадите на зградите на централниот плоштадби реконструкцијата на мостовите, Панорамското тркало е третиот проект што градските власти ќе го реализираат во рамки на проектот „Скопје 2014“./крај/ (еР) ве/

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=17914

Остваруваме.....
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ова е еден од најочајните постови подолго време, авторот очигледно е премногу ограничен во своите патувања, размислувања како и љупобитност и истражувања, еве да му појаснам.

1. споменици на своите херои градат и ке градат сите народи надолж и попреку сите мердијани на овој свет, и богати и сиромашни и црни и бели, ЖРТВАТА што некој ја направил за идните поколениа е светилник за иднината , коренот на дрвото. а најмалце nekoja babicka sto se falela na vnuckata deka na vremeto bila extra riba.

2. вака да се граделе производни погони??? освен во Северна Кореа не знам каде државата гради погони??? претходно имаше две три страни околу минорниот финансиски дел на спомениците кој очигледно не си се потрудил ни да ги отвориш камо ли да ги прочиташ и разбереш.

3. со последното се согласувам, не сме обедиети, и како би биле кога за една ваква работа од НАЦИОНАЛЕН КАРАКТЕР дозволивте една шака квази новинари да ви креираат мислење??? - сега тие новинари се разбегаа ко лебарки, телевизијата им се затвори - ама вие останавте испрани.
Spomenicite gi gradele vladetelite, vtoro drzava koja ne proizveduva a samo uvezuva e bedna i ekonomski zavisna drzava, jas znam deka mozeme da proizveduvame ona sto imame kako resursi, ako se ima zakon da ne se uvezuva ona sto mozeme samite da go proizveduvame,spomenicite kako i voopsto umetnosta e nadgradba, se zivee od ekonomija, znaci prvo osnovnite potrebi pa posle umetnost, a toa sto ne sme obedineti i ne mislime za celinata ni se vraka sto poleka ja gubime drzavata, nie sme narod koi gi ima simptomi na narod vo faza na izumiranje i dotolku se pokomicni spomenicite, koga utre ke gi srusat onie koi nemaat zosto da se identifikuvaat so niv!
 
1.Како не бе
2. Како не бе.. ај забрани увоз,па после да те видам кај ти ќе извезуваш..
3.Ај да ја продадеме државата за добра пара,па да слугуваме после а ?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ke uvezuvame toa sto ne go proizveduvame a ne ona sto mozeme da go proizveduvame!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
Половина Скопје 20 часа без вода
ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА НА ВОДНО Детската клиника во Козле остана без вода

утре без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Ленинова“,

Жителите на Матка, Глумово и на другите населени места од овој дел на општината Сарај веќе три дена немаат вода

Најиндустриската општина Гази Баба без канализација и без здрава вода
Половина Скопје викендов без вода
Скопјани се удавија во г..мна

и со струјата се јавуваат слични ситуации. Вода со цистерни, наместо струја газија и свеќи...на моменти ми се чини како да живеам во 18-19 век.

Изменето е Скопје, архитектонски, посебно центарот...но сето тоа е само прилично скапа фасада зад која се кријат големи проблеми за скопјани (кои историјата не мора да ја учат од спомениците). И би ги прашал оние кои се разбираат да помогнат, дали Скопје држело некогаш вакви архитектонски решенија (не се разбирам од стилови, не е моја бранша, но визуелно гледајќи... ), фасади и изглед на објектите. Од слики од предземјотресно Скопје, а и од паметење од детството минато покрај сегашна Народна Банка, немам видено вакви објекти со ваков стил на градба.
Лурц , кој град нема вакви проблеми,кажи ми..мислиш дека сите се идеални,само Скопје не чини..? еве се почна со некаква реконструкција,мора од негде да се почне,ние немаме нафта не сме Абу Даби па да го светнеме градот за 5 години..50 години ништо не се градело свесно,неможе за 5 месеци се да се изгради
--- надополнето: Jul 22, 2011 9:46 PM ---
Ke uvezuvame toa sto ne go proizveduvame a ne ona sto mozeme da go proizveduvame!
И ја сум за тоа..ама има еден проблем другар..денес владее пазарна економија,цел свет освен пар земји е еден глобален и отворен пазар..а на тој пазар победува тој што е посилен..ние произведуваме пченица,ама србија произведува тродупло повеќе,ја има Војводина која е цела низина и нормално на еден хектар кај нив дава многу повеќе него на нашите ридско-планински ниви..и со тоа нивната пченица е поевтина од нашата,бидејќи имаат поголема количина.. Ако ние забраниме увоз на српска пченица,они нас ќе ни опнат забрана за краставици и патлиџани и вино.. И после може да се сликаме
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Лурц , кој град нема вакви проблеми,кажи ми..мислиш дека сите се идеални,само Скопје не чини..? еве се почна со некаква реконструкција,мора од негде да се почне,ние немаме нафта не сме Абу Даби па да го светнеме градот за 5 години..50 години ништо не се градело свесно,неможе за 5 месеци се да се изгради
Цитро, пријателе...збориме за Скопје како европски град и приоритетите како дел од европското семејство. Најди пример во средена држава каде луѓе цел ден се без вода да се измијат, цел ден болница без вода/струја... можеш да претпоставиш колку губат фирмите, дуќаните и производните погони со немање струја или вода од само 4-5 часа? А со нивна загуба, губи и семејството, ујп, буџетот...
Иако во криза, ниеднаш не осетив недостаток на вода и ниеднаш не снема струја низ градовите во северозападна Европа.
еве се почна со некаква реконструкција,мора од негде да се почне
Проблем е што не се почнува воопшто. Улицата пред Работнички ја покрија набрзина со асфалт, зафат кој наликува на натрупување наместо асфалтирање. Покрија неколку улици кои веќе имаа каков таков асфалт.

Надвор се од темата како архитектура, но ќе ги споменам како приоритети кои сами ги поставија. Од азбестните и полураспаднати цевки за вода, од покривите на школите, амбулантите и индивидуалните живеалишта над кои демнат азбестни плочи (ради кои и многу болести и рецепти), до она што вчера го разлистував -не заобиколија од сите страни со автопати па наскоро ниеден турист и превозник нема да влезе во Македонија, ќе оди преку Бугарија. Домашните транспортери и бизниси буквално молеа за извршување на коридорите 8 и 10 заради поефтин превоз по км, намалување на разни трошоци...досега не е скоро ништо сторено, а им беше ветено на стопанствениците дека ќе се изгради пруга преку која ќе се оди со околу 100 км/ч. Заради тоа и преговорите со Драч, Бар и Варна се сосем бесполезни. За тоа време се жалиме, грците се виновни што единствен транспорт иде преку Солун. Проценуваат дека и да се започне со изградба, пред 2020 нема да се завршат овие патишта, па затоа сега остануваме во дупка околу која е формиран прстен од автопати -парите си одат, светот иде напред. Затоа сме само набљудувачи на железничката алијанса.

Посебно кога негде читам -ќе изградиме, ќе донесеме...ќе на нивниот јазик е идно време од -лажам.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Да надополнам за заобиколувањето , вчера еден италјански пријател ме напна да го носам во Албанија. Кога го прашав зошто сака да иде таму тој ми одговори има Италијанци на одмор што одат, ефтино било ем добро си поминувале.
АЛБАНИЈА БЕ!!!
АЛБАНИЈАА!!!
Еј ало дечки освестете се Албанија не престигна имаат минималец од 210 евра алоооооо не прегазија сите они ми градат споменици како за на погреб, барем да пишат на тоа плочите спомен плоча на македонија и македонскиот народ !
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

Ајде море да изградиме ако не, па ќе идат и кај нас....
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
пак никој не објаснува како ке ги решиме сите овие крупни проблеми БАШ со 5те милиони ситно од спомениците.(наместо со стотиците залудно потрошени на нефикасна администрација, корупција и др неефикасни трошења )

и повторно , повторно се вергла неосновано на тема каде што не припага, отворете во Економија 5 милиони годишно за спас на Македонија, и решете ја земјата...аман веке да разговараме реално и аргументирано..

Бруто домашниот производ во првиот квартал на 2011 година оствари реален годишен раст од 5,1 отсто, а главни носители на растот се извозот и инвестициите. Од аспект на секторите кои учествуваат во создавањето на БДП, најголем придонес за економскиот раст имаат зголемената активност во индустријата, трговијата и градежништвото.
И повторно се провлекува Македонскиот комплекс на помала вредност, изненадувачки кај помладата и електронски образована генерација. Не знам кој подразмрдал по Балканот и Европа или барем од љупобитност гледал нивни вести, или барем потпрошетал со гугл мапс...Верувајте во многу работи сме светлосни години понапред и поефикасни од нашите соевропеци.

*питка вода од градски водовод во многу европски градови е луксуз
*рестрикции има, ке има , одсекогаш имало, особено во летниот период или зимниот за струјата
*се чекало асвалт, иако до вчера немаше асвалт што би го чекале, вие игнација во солун чека асвалт година дена на пдредени клучлки...

Water restrictions are frequently in place in parts of France. The Ministère d'Ecologie et du Développement website carries regular updates on communes in which restrictions have been imposed as well as what those restrictions are. Once water restrictions are in force, local government will make a map available showing the levels of restrictions in each area
.
--- надополнето: Jul 23, 2011 9:29 AM ---
АЛБАНИЈА БЕ!!!
АЛБАНИЈАА!!!
Еј ало дечки освестете се Албанија не престигна имаат минималец од 210 евра алоооооо не прегазија сите они ми градат споменици како за на погреб, барем да пишат на тоа плочите спомен плоча на македонија и македонскиот народ !
кога збориме за комплекси на помала вредност и непотребно крекање, нели мислиш дека италјаните одат во Албанија не зошто не престигнале ТУКУ ЗОШТО ИМААТ МОРЕ на кое се оди на годишен одмор!:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom