Абе од документиве што треба да се дадат.
Потврда за остварен успех? Каква треба да е? Фотокопија од индексот заверена на нотар?
А потврдата за редовен студент треба да се набави на факултет? Во август? студентски прашања? Оф леле.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е да ги достават следните документи:
1. Пријава;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот;
4. Потврда за редовност во студирањето на студентот;
5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование.
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство;
7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец јуни 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (или испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот;
8. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
9. Уверение за државјанство на Република Македонија.
Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом за каде се пријавува студентот, од 15.08.2011 година до 19.08.2011 година, а студентите од I година документите ги доставуваат од 31.08.2011 година до 03.09.2011 година.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.