Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе ви наплаќаат потврди за редовен студент од факултетите? :| На кој факс си?

И кај нас (Филолошки) наплаќаат. „Правилото“ важи од последниот семестар, минатата година.

Него кога се уписите за бруцоши? Да не падне и тоа баш на тој датум ко лани па да не можам на студентски прашања да завршам работа?
 
Нема да се градат нови студентски домови во Штип, Тетово и Скопје



Поради недоследност во понудите, Владата ја прекинува постапката за доделување на договор за изградба на нови студентски домови во Тетово, Штип и Скопје.
20112107-studentski-dom-stiv-naumov-baraki-360.jpg


Одлуката за изградба на нови студентски домови, која беше донесена на 28. декември 2010 година, се прекинува поради тоа што содржината на доставената понуда не одговара на бараната содржина во јавниот повик, се вели во образложението објавено во последниот Службен весник.

Трите нови студентски домови требаше да се изградат со јавно-приватно партнерство на државно земјиште, кое Владата бесплатно требаше да го даде на користење на фирми што ќе бидат заинтересирани да ги изградат овие објекти. Во јавниот повик што го објави Владата пред седум месеци се предвидуваше земјиштето да се даде на користење во рок од 35 години, а потоа објектите да ги преземе државата. Првичните проценки на министерот Никола Тодоров тогаш беа дека изградбата на само еден дом ќе чини 60 милиони евра.

Извор: Капитал
 
Каква е таа Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот ?
 
Каква е таа Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот ?

Тоа е фактички Уверението за положени испити. Под него пресметуваат просек.
 
Сакам да одам полициска академија , како што знам домови нема за тој фак. и планирам да аплицирам во "Пелагонија" и да си земеам студентска карта со автобус до фак. .. има некое подобро решение или да терам со ова ? ? :D
 
Уписите за бруцоши почнуваат од 22.08 - 28.08 така? Оти на сајтот сместување не ги пишува...
 
Кајганџиии....Итно ми треба името од директорот во Кузман :)
Ај помош плиссс :D :D
 
Управникот се вика Добре Јакимов :P
Ќе фаќаш врски за у Кузман а? :)
Ми кажаја веќе :) Не за мене бре девојче....Мене таму не ме примаат.
Јас си фаќам врски за у друг студентски :)
Сепак фала :P
 
Ми кажаја веќе :) Не за мене бре девојче....Мене таму не ме примаат.
Јас си фаќам врски за у друг студентски :)
Сепак фала :P
И за тебе да е нема ништо лошо тука, супер си е во Кузман :)
 
Ја наведов сестра ми како студент,сега ќе е прва година, копија од свидетелствата треба да однесам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom