Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
А апсолвентските соби во Гоце имаат ВеЦе внатре или ќе треба да делам со останатите станари?

Во две згради едно ВеЦе го делат две соби. Во другите две соби едно ВеЦе е на спрат.
 
Кој е најблизу до ФЕИТ, кој до ФИНКИ, кој до архитектонски?
И каде најлесно примаат во 1ва година без врски и партиски книшки?
 
Најблиску до нив е Гоце, ама мислам дека таму не примаат бруцоши.
 
До ФЕИТ и ФИНКИ најблиску ти се Гоце и Кузман. До Архитектура најблиску е Кузман 10 минутни пешачење.
 
Ај да ве охрабрам сите кои планирате да седите во Гоце :icon_lol:

Падна лифт во студентскиот „Гоце Делчев“
Околу 12 часот денеска во студентскиот дом „Гоце Делчев“ лифт се откачи од безбедносните сајли и падна во подрумските простории на 14 – катната зграда.

getImageThumbnail.axd

За среќа, во моментот кога се откачил лифтот тежок повеќе од половина тон, во блокот Б на зградата немало ниту еден студент. Од први јули празни се леглата во објектот бидејќи студентите се на летен одмор.

Неколкутемина вработени кои биле во домот слушнале силен удар и виделе дека лифтот се откачил и паднал. Од силината на ударот целиот лифт бил распарчен.

Зградата на домот и лифтот се стари 40 години, а управителката тврди дека секој месец се сервисирал лифтот, последен пат тоа е сторено во јуни.

Полицијата и компанијата која работи на одржување на лифтовите во зградата направија увид со цел да се утврдат причините за инцидентот

Не е точно дека лифтот е стар 40 години, стар е само 10 години.
Исто не е точно дека се сервисираат секој месец. Едниот лифт во таа зграда беше расипан скоро цела учебна година, па може и да е истиот.
 
Додека ја читав веста и јас го помислив истото. Ама, ако е другиот, сега цела зграда е без лифт. Да се случеше додека има студенти во Б, преку учебната, немаше студентите да видат лифт. И ќе колнеа и пцуеја тие од 13-14 кат цела година.
За среќа, во моментот кога се откачил лифтот тежок повеќе од половина тон, во блокот Б на зградата немало ниту еден студент. Од први јули празни се леглата во објектот бидејќи студентите се на летен одмор.
Во Б-блок нема, ама В-блок е преполнет секоја година.
 
А за бруцоши кога ќе биде распишан? И во кои домови се планирани места, и по колку?
 
Друже има документ на таа страна, конкурост и тамо е све објаснено.
 
А за бруцоши кога ќе биде распишан? И во кои домови се планирани места, и по колку?
Има врска кога ќе аплицираш? Дали сега или у август?

И баш ме интересира дали ако те примиле прва година и све навреме си плаќал и си бил примерен :pipi: имаш некои олеснителни услови за да те примат?
 
Немаш никакви олеснителни услови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom