Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А оти не направат и 2-3 пирамиди, ќе увезат и десетина камили, неколку шлепери песок и ете ти древна цивилизација и туристичка атракција?
пирамидите не мора од камени блокови, можат и со челична конструкција и пластифициран лим (изолација полиуретан)...

Во тоа Скопје 2014 нема никаква традиција, историја ниту специфики и одбележја на народот. Клај таму барок, овде опни некој неокласицизам, тро така рококо, онде шибни алуминиум и стакло...... тоа Скопје 2014 јас би го нарекол историски фалсификат
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Уставeн суд ќе свети во сите бои



Во новата зграда судиите ќе газат на подови вредни 2,5 милиони евра

Подовите, плафоните и прозорците во новиот објект на Уставен суд ќе чинат речиси 2,5 милиони евра. Со овие пари ќе се набават гранитни плочи со кои генерално ќе се покријат подовите, а администрацијата во објектот ќе гази и на ламинат, итисони, теписони...Прозорците ќе бидат обични, а какви врати ќе се отвораат и ќе се затвораат низ зградата, надлежните допрва ќе одлучат.

Сликовито вака од владината служба објаснуваат за што ќе се потрошат речиси 2,5 милиони евра колку што е зделката договорена со „Гранит“ и се однесува на ентериерно уредување на објектот, чија изградба не запира, и покрај пеколните горештини. Иако ентериер подразбира и мебел, сепак, во случајов тој се уште не е во игра.

„Со овој договор е утврдено ентериерно уредување на подови, плафони и прозорци. За мебелот и за сите внатрешни врати на објектот допрва ќе се распишува тендер оти се' уште е рано за реализирање на таа фаза“, информира Васил Доневски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Според Доневски, најголем дел од подовите ќе бидат од гранитни плочи од македонско производство, а на некои места низ објектот ќе се постават ламинат, итисони, теписони...Гранитот наместа ќе биде разбиен со шари, но невпечатливи.

„Се' ќе биде изведено убаво со стил“, додава директорот, според кого, сумата од речиси 2,5 милиони евра за посочените елементи од објектот воопшто не е преголема ако се има предвид неговата големина. Тој тврди дека досега не е надминат предвидениот лимит за реализација на овој проект, кој изнесува 24,5 милиони евра. Сите анекси и зделки договорени во изминатиот период вели се во рамките на проектираните трошоци.

Инаку, на терен, независно од летните горештини, изградбата на новиот објект за уставните судии што ќе ја делат зградата со Државниот архив и Археолошкиот музеј, се одвива интензивно. Истовремено се вршат речиси финалните изведби на фасадата, а колку што дозволуваат просторните услови се работи и на изведба на илуминацијата на објектот.

Паралелно се работи и на проектите за подземно паркирање, паркинг што ќе биде наменет исклучиво за администрацијата од овој објект.

Новиот Уставен суд, кој има највпечатлива стилска градба во тој реон, ќе биде осветлен во неколку бои, во зависност од желбата на надлежните. Ќе постои опција зградата да е осветлена во црвено, жолто и зелено но и во други бои, сите овозможени преку современ систем на осветлување со лед диоди. „Начелно е договорено постојано да бидат осветлени сите 40 столба на објектот“,вели Доневски, задоволен од текот на градежните работи на објектот, кој е предвидено да биде готов до крајот на годинава.

Не е исклучена можноста уставните судии и другите корисници на објектот да се вселат во него на 25 ноември, датум што си го зацртале од владината служба. „Засега немаме добиено налог до кога точно зградата треба да биде готова, односно дали нејзиното пуштање во употреба ќе биде симболично врзано со одреден датум. Можам само да информирам дека сигурно ќе го запазиме рокот за изведба предвиден до крајот на годинава исто како и новата зграда на Министерството за надворешни работи“, вели директорот на владината служба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DE716B6436D92444B859C439E2C3A71D

СО СТИЛ ЌЕ БИЛО ИЗВЕДЕНО, ЕЈ СО СТИЛ!

Всушност среќен сум што се гради зградава, а и сите други.Барем сега и ние ќе си имаме еден Дизниленд, немора да одам толку далеку.Нашиот нека биде Грујоленд или Глуполенд.Може да организираме анкета на Фејбсук кое од двете да биде, знаете Фејсбук е многу добар за испитување на јавното мислење.:vozbud:
А кога ќе го отвориме Грујолендот/Глуполендот можеби ќе ни се развие ТУРИЗМОТ.:vozbud::vozbud:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Чекајте не сум запознаен. Ова зградиште ќе биде само за 15-тина судии или ќе има и други институции во неа. Ако е само за судиите влегува во најтесна конкуренција за најглупо потрошени пари во историјата на човештвото.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
^^


P.S. И немој сеа некој да ми реплицирал и дека парламентот во Будимпешта светел, видете во кои бои свети најпрво.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
^^


P.S. И немој сеа некој да ми реплицирал и дека парламентот во Будимпешта светел, видете во кои бои свети најпрво.
Ко семафор ќе биде зградата изгледа :pos:. Сега имам идеа кога ќе одлучуваат судииве за некој закон наместо да се мачат да ја пишуваат одлуката па преку портпарол да ја соопштуваат само да ја сменат бојата, ако го оборат законот црвено ако не зелено, жолто во меѓувреме.:)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Подовите, плафоните и прозорците во новиот објект на Уставен суд ќе чинат речиси 2,5 милиони евра.

Ќе постои опција зградата да е осветлена во црвено, жолто и зелено но и во други бои, сите овозможени преку современ систем на осветлување со лед диоди.
^^

P.S. И немој сеа некој да ми реплицирал и дека парламентот во Будимпешта светел, видете во кои бои свети најпрво.
Добро бре луѓе зошто сте неблагодарни Allianz арената во Минхен чинеше 340 м. евра и свети САМО во 2 бои црвена и сина,а овие нашиве најдоа начин како за 2.5 м евра да направат објект кој ќе свети во многу бои,па треба да се гордееме

:pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Најдов што ги инспирирало.
Само ние ги заебавме и португалциве тие само сина ние шарено.:pos:
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Добро бре луѓе зошто сте неблагодарни Allianz арената во Минхен чинеше 340 м. евра и свети САМО во 2 бои црвена и сина,а овие нашиве најдоа начин како за 2.5 м евра да направат објект кој ќе свети во многу бои,па треба да се гордееме

:pos:
2.5м чинат само подовите и плафоните.А зградата е 24м.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Кога ќе им направиме споменик на Мачениците???
И на сопствениот срам.

„Освен сликата на мојот сопруг, јас друга парола немам,само овој човек што беше мачен, влечен со трактор и крвнички убиен. Тој и другите се убиени затоа што беа Македонци, изјави Вена Димовска, сопруга на еден од киднапираните 12-мина од Непроштено.

http://zurnal.mk/content.asp?id=2011719134136
потпис - ке дигаме споменици, ке вееме албански знамиња и ке капитулираме пред терористи

СРАМОТА, ВЕЛЕПРЕДАВСТВО, уште идиотшинана од Сител како напорно пробуваат да го прикажат ова како триумф. сочуство за семејствата, се надевам правдата ке ги стигне...сите..и нив и овие нашите
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Добро е да се дојде до податоци за тоа колку се плаќаат работниците кои работат на проектот Скопје 2014. Особено ако се знае дека објектите не се најевтините. И друга работа ме интересира дали државата со оглед дека е инвеститор се грижи за правата на работниците кои работат на овој проект или се се сведува на брзо богатење на сопствениците на фирмите кои ги добиват тендерите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Добро е да се дојде до податоци за тоа колку се плаќаат работниците кои работат на проектот Скопје 2014. Особено ако се знае дека објектите не се најевтините. И друга работа ме интересира дали државата со оглед дека е инвеститор се грижи за правата на работниците кои работат на овој проект или се се сведува на брзо богатење на сопствениците на фирмите кои ги добиват тендерите.
Според мои информации (полуофицијални нормално) работниците се прилично добро платени 400-500 евра, а правата на работниците се заборавена категорија, повеќе тера накај робовладетелство работата.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Би било навистина добро да се дознае точната плата на работниците, зошто неофицијално се шират муабети дека се многу ниско платени. Конкретно ме интересира за Бетон зошто ги доби поважните тендери како МНР и Архивот. Исто ме интересира дали работите продолжија после препораките на владата да се избегнува работа попладне во деновите кога има многу вискои температури.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Добро е да се дојде до податоци за тоа колку се плаќаат работниците кои работат на проектот Скопје 2014. Особено ако се знае дека објектите не се најевтините. И друга работа ме интересира дали државата со оглед дека е инвеститор се грижи за правата на работниците кои работат на овој проект или се се сведува на брзо богатење на сопствениците на фирмите кои ги добиват тендерите.
1. нема никаква паралела помегу цената на објектот и колку е платен работникот, работнкот е платен според договор со работодавецот, работникот не е акционер па да зима пропорционална плата со објектите исто како што не зима пониска кога истата фирма нема работа

2.Работниците, т.е. МАЈСТОРИНКИТЕ во бетон гранит и секаде во Македонија се солидно платени, од 50о евра нагоре...спијте мирно

3. подовите биле 2,5 милиони евра - НЕПИСМЕНИ НОВИНАРИ И СЛЕПИ ЧИТАТЕЛИ...што е2,5 милиони евра??? која е квадратурата? таа цена е со р.рака или без, какви материјали??? има ли други точки на изведба(подно греење, порамнување, скалила, паркинзи??? извадете информација за квадратурата на објектот ке знаеме дали е цената реална???
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Додека државата гради споменици да шири патриотизам а народот леб нема да јаде, пола македонци извадија бугарски пасоши, Не велам дека не треба да се гради ама во ова време е луксуз за такви ствари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom