Вака сега, јас не тврдам дека слободната воља не постои. Јас тврдам дека АКО прифатиме дека се што постои се физичките честички и силите кои ги детерминираат нивните односи, и ако го прифатиме Големиот Прасок како хипотеза за постанокот на Универзумот, од тоа неминовно следи дека слободната воља не постои. Аргументирањето е прилично едноставно, бидејќи физичкиот свет е каузално затворен, а мозокот како физички објект припаѓа во тој свет, тогаш и тој подлежи на истите закони на кои подлежат сите објекти, макро или микро, од физичкиот свет. Евидентната недерминираност на микрочестичките во квантната физика не остава простор на мала врата повторно да влезе слободната воља, затоа што во оваа теорија свеста е епифеномен, украс, или едноставно илузија, и како таква нема удел во однесувањето на организмот. Дали таа свест ќе биде епифеномен на мозкот детерминиран од физички закони, или пак мозок недетерминиран од законите кои владеат во микросветот (и за кои ние поим немаме) потполно е ирелевантно. Умот, свеста, како епифеномен, едноставно немаат право на глас.
Втората варијанта, ако прифатиме СЕМОЌЕН и со тоа СЕЗНАЕН творец, тоа повторно води кон сфаќањето дека слободната воља не постои, од причини кои ги наведов втемата прашања за христијанството, да не ги повторувам и тука.
Сега,одговорите на прашањата кои ги поставуваш, во суштина се ирелевантни за обете теории. Кај првата теорија не постои разлика помеѓу генетски предиспонираните и генетски непрединспонираните субјекти за некој порок. Таа теорија тврди дека се што ќе се случи, се случува во склад со физичките закони, и дека субјектот нема НИКАКВА слободна воља. Значи не се работи за тоа дека еден генетски предиспониран субјект има шанса да бира помеѓу тоа да биде алкохоличар или не, и дека неговата генетска предиспонираност ќе надвладее. Се работи за тоа дека самата негова свест е илузија, и дека таа нема никаков удел во неговото поведение.
Кај втората, религиозна варијанта, генетската предиспонираност е ирелевантна од потполно други причини. Бидејќо Бог во својата сезнајност веќе го знае исходот на сите човечки судбини, потполно е ирелевантно дали е некој генетски предиспониран за нешто. Она што за нас е одмотување на начиот живот, и она ќто е илузија за слободната воља, за Бог е веќе гледан филм.
Сега не знам дали добро објаснив она што сакав да го кажам, посебно за односот на генетската предиспонираност и првата теорија..