Nonteizam
Полихистор
- Член од
- 13 декември 2008
- Мислења
- 1.132
- Поени од реакции
- 801
Џајнизмот ми е омилен религиозен и етички систем. Едноставно се вклопува целосно во моето убедување за апсолутно ненасилство, толеранција и давањето право на опстанок на секој човек. Што е најважно не само во дејствувањето, туку и во мислењето.
Знам дека во реалноста такво нешто е далеку од можно, но навистина, длабоко го ценам секој кој се придржува и дејствува концептуално со оваа философија.
Самиот симбол на оваа религија потсетува на универзалната заедница, едно светско семејство кон кое имаме одговорност. Во центарот на дланката пишува токму она што е најдрагоцено - ненасилството!
Во Џајнизмот правилно се наведува дека секоја единка страда заради своите сопствени дела.
Зороастризмот го ценам поради тоа што е едно од првите етички идеи, излезени од „златната ѕвезда“ Заратустра. Заратустра никогаш не нудел чуда и спасенија, туку морални учења како центарот на мислата. Тој во своето учење вели дека човекот не е роб на Бог, туку суштество со слободен избор. Мудриот човек, според него, секогаш го бира вистинскиот пат.
И Будизмот е една од религиите/философските учења кои ги почитувам малку повеќе од другите. Достигнувањето дамапада или патот на совршенството според будизмот може да се постигне само преку воздржување од правење зло, преку медитација и добро однесување што не штети на ниту едно суштество, преку обединување на моралот и осознанието.
Ми се допаѓа и оргиналниот систем на јога на Хиндуизмот, преку напор да се стигне до ослободување. Всушност ова го содржи универзалното етичко правило дека е тешко да бидеш добар и дека потребен е напор и волја да се совладаат злите инстинкти.
Се разбира дека ги почитувам и основните начела на Христијанството и Исламот. Десетте божји заповеди, со исклучок на првите четири кои за мене како атеист се нерелевантни, се прекрасен морален кодекс кој е исправен и добар. Почитувањето на родителите, ненанесување зло и совладувањето на егоистичните емоции треба да ги почитува секој човек. Исламот во својата структура е религија која инсистира на правење добри дела. Начелото на скромност, умереност и практичност на верниците исто така ја истакнуваат оваа етичка философија. Кај Куранот најмногу ми смета крвната одмазда како едно од 12-те основни норми на секој муслиман.
Сите религии имаат мудрости и одлични морални учења, со огромниот број од нив лично се сложувам и ги практикувам. Сепак не ги одобрувам теистичките религии од една проста причина - што е потребен надприроден и застрашувачки авторитет кој ги дава и гарантира овие сосема човечки, универзални и пред се природни правила на однесување.
Одлична тема Петар.