Ќе се умешам малку во муабетов за Снајдер.
По мое лично мислње Снајдер нема да биде добар и исплатлив трансфер за Јунајтед. Од една страна би бил прескап заради платата нели, плус незнам дали Ферги дал досега 40 милиони за некого.
Друго, има еден интересен „факт“ за Снајдер и неговите игри во Реал и Интер. Имено, во првите сезони игра на вонсериско ниво, но во втората сезона нема ни пола од тој Снајдер од првата сезона. (Сеа ќе каже некој во Реал се повреди, а во Интер неможеше да игра добро поради Бенитез... епа не е само до тоа.) Знам дека Фергусон нема да го купи само за две сезони, но според мене, многу несигурен играч е Весли.
За разлика од него, Модриќ на пример, е идеален „наследник“ на Сколс. Навикнат на Премиер лигата, совршено ќе се вклопи во тимот. Сеа ако изјавил дека сака да оди во Челзи, тоа е веќе друга работа, ма да и тоа (изјавата) немора ништо да значи.
А дека ви треба таков „класа“ играч на плејмејкерската позиција, да, треба. Особено ако сакате да се спротиставите на Реал и Барселона, ќе мора такво засилување. Премиер и без тоа, доколку Челзи продолжи со некупување не ви бега. Но не за џабе Ферги толку троши летово, сака да се насочи кон ЛШ... Нормално, ова е само мое мислење. Поздрав !!!
