Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?
Доста е за почеток...
1. Што е добро и зло? Тоа е измислица на општеството за да им помогне на луѓето кои живеат во заедница со други луѓе да ги разберат правилата според кои таа заедница функционира. Значи, според мене не постои такво нешто, добро и зло, рај и пекол. Добро е тоа што мене ми одговара, лошо тоа што не ми одговара. Секој човек е центар на светот за себе. Се што учиш во животот учиш во однос на себе. Затоа и 'доброто и лошото' можеш да ги определиш со помош на тоа какво влијание некоја работа има ВРЗ ТЕБЕ. А поделбата што ти ја спомнуваш е по малку филозофско-религиско прашање, а од тој аспект нема да пишувам.
2. Уште една работа што е измислена од општеството. Религијата е многу комплексен систем, за кој биле потребни години и години надоградување и усовршување, менување на приказните за да го достигне тој степен на 'совршенство' што го има денес. Затоа и постојат луѓе што поставуваат прашања од овој тип. Едноставно тие луѓе или не размислиле подобро, или пак им е полесно да веруваат на тие приказни што ги слушаат. 'Ако си лош, дедо боже ќе те казни.' Каква бесмислица! Да се вратам на прашањето. Праведно и неправедно е прашање на социологија и психологија повеќе отколку на религија. Религијата е само аспект на гледање на работите. А вистинската вистина е тоа дека праведно и неправедно се нешто слично како добро и зло, измислици на општеството за полесно да функционира. На некој начин се правила. Добро = праведно, зло = неправедно - од религиски аспект. А од психолошки аспект, праведно е кога ќе добиеш нешто што си го заслужил и соодветно на тоа, неправедно - кога ќе добиеш нешто што не си заслужил.
3. Што е вродена човекова религиозност? Кој воопшто тврди дека постои такво нешто? Религијата е производ на општеството, приказна за да ти ја смири совеста. Правило. Јас и уште милиони други сме родени, и сме атеисти. Што значи тоа? Мутанти сме зашто тоа правило на 'вроденост' на религијата кај нас не функционира? Пред да поставиш некое прашање од ваков тип може е подобро прво да си размислиш сам што мислиш за тоа, и колку воопшто ти држи прашањето. Зашто конкретно ова прашање е глупост и бесмислица.
4. Кој вика дека атеистите ја бараат таа смисла? Јас можам да ти кажам од мој аспект, што мислам јас за ова. Јас мислам дека поради сплет на некои околности, што се десиле милјарди милјарди години пред јас и ти да постоиме, како што учев по биологија - и испаднало дека е точно тоа, поради природни процеси се создало нешто слично на жива материја, со слични карактеристики. И сеа, ја не тврдам дека ние ја знаеме целата вистина, ама до степенот до кај што е стигнато може да се каже дека се случило да има некои определени услови за развој на тоа што е слично на жива материја и потребно било многу многу многу време за да се развие во суштество. И знаеш понатака (барем се надевам) дека се исподесиле иљадници работи за ние денес да станеме луѓе и да живееме во овие услови во кои живееме. Значи, во тоа верувам јас. Дека поради тие случајни услови кои се создале во некој момент, се создала живата материја, и ние функционираме на начин на кој функционираме. Не мислам дека некој му дал смисла на тоа што ние го викаме живот. Ова го мислам во смисла, не мислам дека некој измислил причина за ние да се родиме. Туку се раѓаме и подлегнуваме на тие физиолошки правила поради природа. А не поради некој си бог или било што. Значи смисла нема. Ти можеш да си најдеш смисла на твојот живот, односно кога веќе го имаш можеш да си најдеш причина, цел. Да речеме, да си зацрташ да станеш доктор. Ако решиш да станеш доктор, значи пред се си хуман, сакаш да им помагаш на луѓе, и кога некому ќе помогнеш, за награда си ја земаш личната сатисфакција. И кога на 50 години ќе имаш спасено 43509305727 животи, ти ќе имаш смисла на животот. Јас сум тој и тој, и убаво ми е да спасувам животи. Тоа ти е поента што сам ќе си ја најдеш, а не ти е наметната и не постои сама како таква.
5. Исто така, не постои фабрички вградена идеја за Бог. Тоа што претпоставувам дека го мислеше со прашањево, е тоа зашто повеќето луѓе се решаваат да веруваат во некој авторитет. Авторитет. Прв авторитет со кој се соочуваме во животот се нашите родители. А кога ќе пораснеме родителите не се веќе тука за да ни судат и да не советуваат за нашите постапки. Па човекот решил сам да си најде авторитет према кој ќе има стравопочит - тој твој бог. Ова значи - психологија, не религија. И да, и ова јас што го кажав, не е вродено. Ако има дете што е оставено во шума, да успее да преживее само на себе, без нечија грижа за него, тоа нема да знае за авторитет. Може да си смисли претпоставки за да си ги објасни природните појави, надвор, нагоните што ги доживува, па само да си создаде идеја за бог. Иако тоа е малку веројатно зашто тие први богови што човекот ги измислил требало време за да се постават тие прашања.
6. Како мислиш да тежнее кон бесмртност? Пак нешто што не постои. Бесмртност не постои и сите го знаеме тоа. А сакаме да сме бесмртни за никогаш да не се соочиме со стравот од смрт. А стравот од смрт е страв од непознато, кој е вроден. Страв од смрт постои зашто никој не знае како е да умреш, не знае што се случува, зашто тоа е искуство што секој го доживува само еднаш. А јас мислам дека ништо не се случува. Едноставно престануваш да постоиш.
Нешто слично на темата прашања до христијаните би требало
да изгледа оваа тема. Нема што вовед голем да се дава еве ја почнувам со првото прашање.
Дали свеста е производ на материјата(мозокот) ?
Да не филозофирам, да - е.