Формула 1 Сезона 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Хамилтон е најголемиот кретен шо го имам видено до сега !! Толку среќа и он незнае колку има :) толку инциденти во последните тркки и воопшто не беше казнет ама за НИ ЕДЕН !! сега го спречи Маса на нефер начин за да стаса до 4тото место
А што беше нефер во ситуација кога судирот беше неизбежен поради начинот на кој Маса се обиде да го претекне ?
Не може формула возач да го запре својот болид за да другиот помине, кажи ми како на друг начин Хамилтон требаше да го фати тој свиок кога имаше само една опција истото да го направи со оглед дека он влегуваше од внатрешна страна а Маса од надворешна ...
Маса ептен исече, буквално влезе во линијата на движење на Хамилтон а истото не смееше да го направи.
 
Dude, Алонсо победи само зашто беше направена грешка во Пит Стоп кај Ред Бул, а они ретко грешат, преретко.

Сезонава е на Фетел, факат, и конструктори они зимаат.
Ќе го поминеше и без грешката леташе Ферарито овој викенд.Ферари има огромен напредок дури мислам на исто ниво се веќе.Како се сушеше патеката се подобар беше Алонсо.Малку додека ги загрее гумите имаше потоа немаше проблем се виде со Хамилтон го мина потоа фати ритам Алонсо и без проблем пролета покрај Хамилтон.
 
Syn, малиот е ѕвер, но со фејлот на механичарите изгуби 5-6 секунди, а на крај беше 20 секунди зад Алонсо. Од каде долетаа останатите 14 секунди?
Имаше ама зашто имаше ?
Зашто се влечеше позади Хамилтон кој успори, зар си убеден дека ќе ја имаше таа предност доколку место Хамилтон, Фетел беше втор по излегувањето од Пит Стоп ?
Немаат конкуренција сезонава Ред Бул, во најмала рака ќе му се залепешеи ќе го поминеше со наредно влегување во Пит Стоп.

А и во ситуација кога Алонсо набилда предност бидејќи Хамилтон кочеше и во ситуација кога беше невозможно да биде стигнат, немаше никаква причина Фетел да форсира.
 
А што беше нефер во ситуација кога судирот беше неизбежен поради начинот на кој Маса се обиде да го претекне ?
Не може формула возач да го запре својот болид за да другиот помине, кажи ми како на друг начин Хамилтон требаше да го фати тој свиок кога имаше само една опција истото да го направи со оглед дека он влегуваше од внатрешна страна а Маса од надворешна ...
Маса ептен исече, буквално влезе во линијата на движење на Хамилтон а истото не смееше да го направи.

по коментариве најверојатно си фан на Луис ама според мене ДЕФИНИТИВНО ЛУИС Е НАЈПРЉАВИОТ ВОЗАЧ МОМЕНТАЛНО !!
 
Абе коа си прв лесно се прават секунди, и Фетел прв да излезеше ќе имаше толкава можит и поголема предност, лесно е да возиш коа си прв. Факт е дека Алонсо имаше среќа и Хамилтон исто, шо убо досега ниеднаш италијанската химна не ја слушнавме.

Фетел: 26 круга прв, 6-7 секунди пред Алонсо (до моментот пред влегување во пит);
Алонсо: 26 круга прв, 20 секунди пред Фетел;

Апсолутно се сложувам дека е полесно да возиш кога си прв, но еве ја споредбата за оваа трка.
 
Браво за Ферари и Алонсо!! Ако не го кикнат они, ја ќе идам и на клоци ќе го истерам Маса од тимот. Мора наредна сезона да најдат асален втор возач.
 
Ќе го поминеше и без грешката леташе Ферарито овој викенд.Ферари има огромен напредок дури мислам на исто ниво се веќе.Како се сушеше патеката се подобар беше Алонсо.Малку додека ги загрее гумите имаше потоа немаше проблем се виде со Хамилтон го мина потоа фати ритам Алонсо и без проблем пролета покрај Хамилтон.
Развојот на трката тоа го налагаше, ако гледаме вака, сите видовме Батон колку беше супериорен во однос на Фетел во Канада чинам, кога заврши прв, по секунда ипол му зимаше во круг и на крај го помина по грешката на Фетел али и без истата голема беше веројатноста да го изеде ко локум.
Викендов прв Вебер, втор Фетел на квалификациите, во тркава прв Алонсо, втор Фетел, трет Вебер, со тоа што Алонсо излезе прв само поради грешката на механичарите во боксот на Ред Бул, и самиот сега изјави дека бил изненаден од тоа што наеднаш бил прв на патеката.
 
Имаше ама зашто имаше ?
Зашто се влечеше позади Хамилтон кој успори, зар си убеден дека ќе ја имаше таа предност доколку место Хамилтон, Фетел беше втор по излегувањето од Пит Стоп ?
Немаат конкуренција сезонава Ред Бул, во најмала рака ќе му се залепешеи ќе го поминеше со наредно влегување во Пит Стоп.

А и во ситуација кога Алонсо набилда предност бидејќи Хамилтон кочеше и во ситуација кога беше невозможно да биде стигнат, немаше никаква причина Фетел да форсира.
Точно, така беше, но и во моментите кога Фетел го мина Хамилтон, Алонсо сеуште правеше по секунда, секунда и кусур по круг. Се надевам дека ќе најдеме lap-by-lap статистика па ќе видиме ;)
 
по коментариве најверојатно си фан на Луис ама според мене ДЕФИНИТИВНО ЛУИС Е НАЈПРЉАВИОТ ВОЗАЧ МОМЕНТАЛНО !!
И ако е најпрљавиот, секој судир или контакт на болидите да го припишуваме како негова грешка нели!?
 
Фетел: 26 круга прв, 6-7 секунди пред Алонсо (до моментот пред влегување во пит);
Алонсо: 26 круга прв, 20 секунди пред Фетел;
Апсолутно се сложувам дека е полесно да возиш кога си прв, но еве ја споредбата за оваа трка.
А колку од тие 26 круга Фетел возеше позади Хамилтон ?
Па само тогаш Алонсо веќе направи недостижна предност, над 10 секунди, реков, немаше никаква потреба Фетел да форсира кога јеидни начин за да го престигне беше дефект на болидот на Алонсо или негова грешка со која не би ја завршил трката или би излетал и би изгубил драгоцено време со што би ја изгубил и првата позиција.
 
Пред да влезат во бокс, Алонсо се утепа од правење најбрзи кругови. Од коа излезе како прв од боксот, продолжи да им бега по речиси секунда од круг на другите. Факт е дека механичарите се една од причините за распоредот денес, ама не иде па цела победа на Алонсо да им ја препишете нив.
 
И формула не е веќе тоа што беше, како градинка за мајмуни стана. Па ништо чудно и коментаторите наши што се прават како од Франција да се.
 
А колку од тие 26 круга Фетел возеше позади Хамилтон ?
Па само тогаш Алонсо веќе направи недостижна предност, над 10 секунди, реков, немаше никаква потреба Фетел да форсира кога јеидни начин за да го престигне беше дефект на болидот на Алонсо или негова грешка со која не би ја завршил трката или би излетал и би изгубил драгоцено време со што би ја изгубил и првата позиција.
Можеме вака да се „јадеме“ до задутре. Колку од првите 26 круга Алонсо беше зад Вебер и Хамилтон? Сите.
 
Точно, така беше, но и во моментите кога Фетел го мина Хамилтон, Алонсо сеуште правеше по секунда, секунда и кусур по круг. Се надевам дека ќе најдеме lap-by-lap статистика па ќе видиме ;)
Ja не негирам дека Алонсо имаше одлична трка, ама факт е дека излезе прв по грешка на механичари, а не зашто бил убер подобар од останатите, рачунај кога е втор, повеќе го цеди болидот и гумите така да 1000 пати потешка ќе му беше работата за да стигне до прво место отколку вака, кога истото му го подарија од боксот на Ред Бул.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom