Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    619
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Ништо не вадам од контекст, тоа се твои зборови, цитирани. Ти споменуваш лов лавови и антилопи, ти споменуваш дека глувците треба да се истребат, ти споменуваш...не чини да забораваш што имаш кажано...уште понечини хуманист однапред да ги двои луѓето по разни основи и определува кое животно треба да живее, кое не. За промена, оние луѓе/деца скитници...ај некој од нив помогни да се вдоми, заштити, нахрани, израсни, исчисти.

тоа не е проблем на граѓанинот. Тој сака да ги нема кучињата на улица, точка. За него претставува опасност кога оди на работа, кога оди на пазар, за неговото дете, за неговата сопруга или стара мајка. Едно е игра со кучиња, друго е живеење, функционирање и грижа за други побитни работи во семејството и животот.
доказ, снимен, документиран? и луѓето во лудниците ги третираат како стока, но надлежните негираат...кој се засекирал за нив?
Не ви даваат дозвола да на своја нива вон град поставите објект со сите спецификации, да вработите стручни лица, да ги храните и раснете животните? Не ми е јасно, за каква саботажа се работи.

Стави се во кожа на обичен граѓанин, еднаш барем, во една тема.
Луртз, цитирај каде реков да се истребат глувците? Или ќе продолжиш да си кажуваш приказни?
На човек можам да му забранам да ти го убие детето, можам да го казнам и предупредам.
Леопардот, за жал, не е свесно битие, и поради тоа ќе продолжи да јаде антилопи.
Тоа не значи дека јас сакам да изумрат антилопите, тоа е животински ланец на исхрана.

Понатаму, ова општество е грижа на секој граѓанин. Немој ти мене обичен, не обичен. Во здружението сме 20 000 (и повеќе) членови од цела Македонија. Во Битола наши членови основаа друго здружение, кое соработува со нашето. Ако за тебе 20 000 и кусур не се обични граѓани, не знам што се. И немој ти мене кој се грижи за луѓето. Јас се грижам за луѓето. Чим веќе спомнуваш за ,,секоја тема,, тоа ќе го знаеше од други теми. Каде што бев ,,ненормална,, што ,,бањам циганчиња,, и ,,никој немаше да ме земе поради тоа,,.

И јас не сакам да има кучиња на улица, но нивното убивање не е ефикасно, зошто не можеш сите да ги убиеш (мразам што го зборувам ова, но ајде, се ставам од твоја гледна точка). Колку сакаш убивај ги, ќе се родат пак. И така, до недоглед се трошат огромни суми државни пари, дали ти е јасно? Убиството на 5 000 кучиња (а ги има преку 15 000 во Скопје само), чини колку еден мал парк во една населба. А да не зборувам дека се размножуваат енормно брзо. Доволна е 1 женка и 1 мажјак да се најдат. Нема никогаш на тој начин да се истребат и тргнат од улица. Ете, со години ненормално многу ги убиваат, има некој ефект? НЕМА. Зошто не е тоа решението. И кастрирано куче НЕ Е агресивно куче, не ми се прави наудрен. Само некастрирано и невакцинирано (болно) куче може да биде опасност.

И колку за тоа како ги третираат луѓето во лудница, во детски домови итн. ЈАС ЗНАМ, зошто одам по детски домови (ти како обичен граѓанин, одиш ли?) прашав јас дали само лаете по форум, или правите нешто конкретно за општеството за кое знаете само да мрчите? Не правите, само лаете.

И каков сум јас граѓанин, ако не обичен?
Или необична сум зошто не мижам пред разиениот бизнис за органи, бело робје, малтретирање и силување на деца во домови, негрижа за животни? Затоа сум необичен граѓанин?

А што се однесува до регистрирање на азил, зарем не знаеш дека живееме во недојдија, па ние немаме законска и правна регулатива по тоа прашање, исто како топла вода да измислуваме. Односно, ниту можеш ниту не можеш азил да регистрираш, зошто нашиот закон не знае што е тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
На човек можам да му забранам да ти го убие детето, можам да го казнам и предупредам.
Пума, ај малку полека со личен пример за моето дете во ваков контекст, може? Ако за тебе ваков пример е одлика на хуманизам, ептен си утнала дефиниции. Прави си вакви непримерни забелешки со твое дете, не со мое. И веќе е редно не да споредуваш луѓе криминалци и животни сакајќи да оправдаш пуштање кучињата скитници слободно да шетаат. Тоа се различни теми, за секоја постојат соодветни институции и органи.
Луртз, цитирај каде реков да се истребат глувците? Или ќе продолжиш да си кажуваш приказни?
Оф ...или свесно глумиш или навистина забораваш во рок од 2 страни. Ајде како на мало дете, да повторам. Моето прашање
Па ете тоа те прашувам, зашто ако си љубител на животни, си против другите животни освен мачки и кучиња. Зарем не ти е жал за другите животни...што ти скривиле глувците?
се однесува на ова
Кучињата јадат остатоци.
Мачките убиваат глувци, бубачки....​
доколку не сакаш глувците да бидат убиени, зошто го оправдуваш нивниот нагон за убивање на глувци и бубачки како нешто корисно. Мене не ме интересира ланецот на исхрана и ланецот на преживување. Ме интересира безбедноста како и секој обичен граѓанин. А не постои ниту безбедност ниту здравје со вакви животни низ градот. Прво, децата не смеат да се движат низ трева затоа што може да закачат крлежи и болви. Друго, преку раните и кожата на овие кучиња којзнае што се останува низ парковите и тревниците. Трето, што досега е сторено преку заловување и стерилизација...дали нивниот број се намалил? Не? Која е поентата на стерилизација кога резултати нема? Што понатаму? Дај нешто одговори конкретно.
А што се однесува до регистрирање на азил, зарем не знаеш дека живееме во недојдија,
дали имаш доказ, дали и на што ве враќаат...остави на страна земја недојдија, претстави го проблемот конкретно. Вака само околу па на ќоше е муабетов.​
Ете, со години ненормално многу ги убиваат, има некој ефект? НЕМА.
И јас не сакам да има кучиња на улица, но нивното убивање не е ефикасно, зошто не можеш сите да ги убиеш
не е точно дека се убиваат. Направија една акција пред 15-тина години, ловџиите испотепаа едночудо и граѓаните имаа неколку години мир. Исклучоци не значи дека ги убиваат.​
Пак ќе те замолам за конкретни (не за азили и ланец на исхрана) одговори -досегашните методи на стерилизација и пуштање како и слободно вдомување (оној кој сака да вдоми, не треба да оди до Вардариште...такви примери има, но се многу ретки) не се ефикасни...кој е следен чекор за безбедно да чекориме по улиците? Да чекаме да ги приберат, да се намалат природно, а за тоа време да стравуваме за нашата безбедност? Тоа ти е исто како да немаш канализација па да чекаш државата да изгради без сам да се снајдеш со септичка јама.​
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
А зошто е твоето релевантно? Ако смеам да знам?
1. Затоа што јас имам контакт со реалноста.
2. Затоа што немам куче и не сум biased
3. Затоа што ти имаш куче и пошо си го сакаш многу мислиш и другите кучиња се такви.
4. Затоа што ти се шеташ со глутница кучиња во населба како могли во џунглата така да сигурно ги храниш како и многу идиоти што прават и нормално нема да те лаат и да те бркаат.

Нема да ти цитирам остантиот булшит што си го напишала а ќе бидам искрен не го ни прочитав, пошо е булшит нели, али знам што си напишала пошо истото цело време се пишува. Кутрите кучиња и они имаат чувства дур кркаш свинско дома. Незнам како е да си живееш во твојот нереален свет, можеби е убаво али сепак е нереален. На земјава човекот е најнапредно суштество далеку пред кучињата, така да за човекова безбедност и угодност кучиња надвор не треба да има. Дали ќе ги колат успиваат не е битно, не кажувај на никој али кучињата имаат свој рај (малкумина знаат пошо првото правило е: You do not talk about dog heaven) се дур ги нема од улиците.

А ти пошо мислиш дека ги ставаш животните пред луѓето треба да се лишиш од некои задоволства за тоа да биде вистина. Се до тогаш си само уште еден хипик што живее во замислено место кај што сите трчаме со панделки во косите и се љубиме со животните.

inb4 вегетаријанец сум.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Конкретниот човечки живот не вреди.
Инаку, да, поголеми се шансите да бидеш ограбена, силувана, и убиена. И не се случува еднаш во неколку години, каде живееш ти, од Македонија извезуваат органи и бело робје, а ние како слепи сме а? Има бум за тоа за што полицијата сака да зборува или стигнува до новинарите пред да стигне до полицијата, и мислиш дека секој случај на силување го има на вести?
Абе ајде, те молам....
Три пати повеќе се пишува за куче што лаело, него за човек што потенцијално пробал да силува.
Горе-доле се согласувам со одредени делови, иако сметам дека прво треба да се решат далеку поважни работи пред да се фрли и денар на проблемот со кучињата скитници, сепак земјите кои ти ги посочи имаат повисок стандард од нашиот. Но ме интересира каде ти точно живееш, не за да ти ги отрујам кучињата и да можам слободно да те нападнам туку навистина ме интересира каде тоа криминалот е толку голем што поголеми се шансите да бидеш силувана или убиена отколку нападната од куче.
--- надополнето: Jul 9, 2011 8:25 AM ---
Кутрите кучиња и они имаат чувства дур кркаш свинско дома. Незнам како е да си живееш во твојот нереален свет, можеби е убаво али сепак е нереален. На земјава човекот е најнапредно суштество далеку пред кучињата, така да за човекова безбедност и угодност кучиња надвор не треба да има. Дали ќе ги колат успиваат не е битно, не кажувај на никој али кучињата имаат свој рај (малкумина знаат пошо првото правило е: You do not talk about dog heaven) се дур ги нема од улиците.
She's a vegan too dude...
 
T

Torchyrus

Гостин
Море само успивање и праќај те ги во Кина таму ќе си праат они јадења ем за нив јадење ем кај нас нема кучиња на улица и економијата ќе ни се развива пари ќе зиаме за тие кучиња шо ќе им ги продаваме ебаго и ќе имаме добри односи со Кина бизниси ќе прајме како ќе си речат Кинезите овие нас кучиња ни праќаат дај и ние да инвестираме неш кај нив .
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Горе-доле се согласувам со одредени делови, иако сметам дека прво треба да се решат далеку поважни работи пред да се фрли и денар на проблемот со кучињата скитници, сепак земјите кои ти ги посочи имаат повисок стандард од нашиот. Но ме интересира каде ти точно живееш, не за да ти ги отрујам кучињата и да можам слободно да те нападнам туку навистина ме интересира каде тоа криминалот е толку голем што поголеми се шансите да бидеш силувана или убиена отколку нападната од куче.
--- надополнето: Jul 9, 2011 8:25 AM ---

She's a vegan too dude...
Живеам во Скопје и студирам во Тетово. Welcome to my reality.
Не зборувам за давање државни пари за кучиња. Не знам зошто не разбирате дека вака се трошат МНОГУ повеќе пари. Имавме еден проект, кој очекувавме да биде поддржан и од граѓаните кои не сакаат животни, зошто со проектот што го нудевме, државата ќе требаше да троши околу 100 000 евра помалку за кучињата (значи годишно тие пари да ги пренасочи за нешто друго), но нашите сограѓани се слепи и глупи очигледно, па не не поддржаа. И тие што не сакаат животни, и тие што сакаат, не сакаат кучиња на улица. Во земјите кои ги посочив, граѓаните донираат пари за решавање на овој проблем, во нашата земја, ние не бараме пари од граѓаните. Сами обезбедуваме финансиски средства. Ама повеќе одговара божемски да решаваме проблем и да переме пари, него вистински и реално да решиме проблем.
Кај нас не се само кучињата во прашање, расипан е системот и за заштита на луѓе. Ама ние мижиме, тоа е нашиот најголем проблем, и затоа во 2011 година сеуште сме никој и ништо, сеуште ние кукаме и чекаме некој од страна да ни ги реши проблемите во нашата држава.
А инаку, меѓу другото, ЕУ не критикува и баш за тој однос према животните, зошто ЕУ смета дека треба да се има хуман третман (во кој спаѓа и еутаназија) но кај нас се злоупотребува таа еутаназија и не секогаш е вистински еутаназија - има показатели дека се користи детергент и други супстанци при усмртувањето.
--- надополнето: Jul 9, 2011 2:26 PM ---
1. Затоа што јас имам контакт со реалноста.
2. Затоа што немам куче и не сум biased
3. Затоа што ти имаш куче и пошо си го сакаш многу мислиш и другите кучиња се такви.
4. Затоа што ти се шеташ со глутница кучиња во населба како могли во џунглата така да сигурно ги храниш како и многу идиоти што прават и нормално нема да те лаат и да те бркаат.

Нема да ти цитирам остантиот булшит што си го напишала а ќе бидам искрен не го ни прочитав, пошо е булшит нели, али знам што си напишала пошо истото цело време се пишува. Кутрите кучиња и они имаат чувства дур кркаш свинско дома. Незнам како е да си живееш во твојот нереален свет, можеби е убаво али сепак е нереален. На земјава човекот е најнапредно суштество далеку пред кучињата, така да за човекова безбедност и угодност кучиња надвор не треба да има. Дали ќе ги колат успиваат не е битно, не кажувај на никој али кучињата имаат свој рај (малкумина знаат пошо првото правило е: You do not talk about dog heaven) се дур ги нема од улиците.

А ти пошо мислиш дека ги ставаш животните пред луѓето треба да се лишиш од некои задоволства за тоа да биде вистина. Се до тогаш си само уште еден хипик што живее во замислено место кај што сите трчаме со панделки во косите и се љубиме со животните.

inb4 вегетаријанец сум.
Јас сум веган брате, и не знам зошто мислиш дека е булшит. Санки, видовит си... Ајде терај понатаму, не вреди да зборувам воопшто...
--- надополнето: Jul 9, 2011 2:30 PM ---
Пума, ај малку полека со личен пример за моето дете во ваков контекст, може? Ако за тебе ваков пример е одлика на хуманизам, ептен си утнала дефиниции. Прави си вакви непримерни забелешки со твое дете, не со мое. И веќе е редно не да споредуваш луѓе криминалци и животни сакајќи да оправдаш пуштање кучињата скитници слободно да шетаат. Тоа се различни теми, за секоја постојат соодветни институции и органи.
Оф ...или свесно глумиш или навистина забораваш во рок од 2 страни. Ајде како на мало дете, да повторам. Моето прашање
се однесува на ова

доколку не сакаш глувците да бидат убиени, зошто го оправдуваш нивниот нагон за убивање на глувци и бубачки како нешто корисно. Мене не ме интересира ланецот на исхрана и ланецот на преживување. Ме интересира безбедноста како и секој обичен граѓанин. А не постои ниту безбедност ниту здравје со вакви животни низ градот. Прво, децата не смеат да се движат низ трева затоа што може да закачат крлежи и болви. Друго, преку раните и кожата на овие кучиња којзнае што се останува низ парковите и тревниците. Трето, што досега е сторено преку заловување и стерилизација...дали нивниот број се намалил? Не? Која е поентата на стерилизација кога резултати нема? Што понатаму? Дај нешто одговори конкретно.
дали имаш доказ, дали и на што ве враќаат...остави на страна земја недојдија, претстави го проблемот конкретно. Вака само околу па на ќоше е муабетов.​

не е точно дека се убиваат. Направија една акција пред 15-тина години, ловџиите испотепаа едночудо и граѓаните имаа неколку години мир. Исклучоци не значи дека ги убиваат.​
Пак ќе те замолам за конкретни (не за азили и ланец на исхрана) одговори -досегашните методи на стерилизација и пуштање како и слободно вдомување (оној кој сака да вдоми, не треба да оди до Вардариште...такви примери има, но се многу ретки) не се ефикасни...кој е следен чекор за безбедно да чекориме по улиците? Да чекаме да ги приберат, да се намалат природно, а за тоа време да стравуваме за нашата безбедност? Тоа ти е исто како да немаш канализација па да чекаш државата да изгради без сам да се снајдеш со септичка јама.​
Луртз кој зборува за тебе лично. Се подразбира дека генерално и општо зборуваме.
Што се однесува до мачките и глувците, објаснив дека на мачка не можам да и забранам да оди по својот инстикт и не продолжувај со глупави муабети, кои немаат ама баш никаква врска со мојата љубов према животните.

И знаеш што ако тебе ти е дојдено само до твојот личен мир, и мене ми е дојдено можеби многу до хуманиот третман на животните, зошто па тебе би те ставила пред нив? Што добивам повеќе од тебе?

Ти и останатите тролови овде, можете да продолжите да зборувате малограѓански и подли работи, мене тоа не ме интересира.

Во здружението има и млади луѓе, и возрасни, и луѓе со мали деца, и постари луѓе, и се по ред. Како што кажав, ако 20 000 луѓе се НИШТО, тогаш, и малцинствата етнички што бројат по толку луѓе да им ускратиме право на глас, оти се НИШТО.

Немам намера ништо повеќе да ти коментирам.

Затоа што си читаш и толкуваш само тоа што сакаш.

Поздрав.

И ќе те поздравам со еден линк, кој е вистината за твојата благосостојба како човек. За ти да се лицкаш пред огледало ова се случува http://www.youtube.com/watch?v=2RgQpcHzLwI&feature=share

ЧАО.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Се согласувам да ги успиваме луѓето кои успивале животни!

А прашањево не можам да го одговорам.Кај е опцијата : 'Не,под услов да не се болни и да им се најдат нови живеалишта' ?

Ваше мислење:​

  1. * не, сакам да се вратат на улица
  2. * да, сакам побрзо да се реши проблемот
 
L

Lu

Гостин
Леле пак ли ја активиравте темава.....

Јас одамна го имам кажано мојот став - Многу сум против успивање (убивање) и малтретирање на животни.

Ама не се криви кучињата што се нашле сред улица, криви се неодговорните сопственици кои што ги пуштаат своите кучиња да шетаат низ маало, па после ќе се спарат и кога ќе се родат кученцата - завршуваат на улица.

Кучињата се најмалку виновни, треба дебели казни за неодговорните сопственици па малку да се замислат дали другпат така ќе ги пуштаат на улица кучињата.

Против сум успивање на кучињата!
Според мене најдобро решение е кастрирање на уличните кучиња + дебели казни за неодговорните сопственици.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Живеам во Скопје и студирам во Тетово. Welcome to my reality.
Не зборувам за давање државни пари за кучиња. Не знам зошто не разбирате дека вака се трошат МНОГУ повеќе пари. Имавме еден проект, кој очекувавме да биде поддржан и од граѓаните кои не сакаат животни, зошто со проектот што го нудевме, државата ќе требаше да троши околу 100 000 евра помалку за кучињата (значи годишно тие пари да ги пренасочи за нешто друго), но нашите сограѓани се слепи и глупи очигледно, па не не поддржаа. И тие што не сакаат животни, и тие што сакаат, не сакаат кучиња на улица. Во земјите кои ги посочив, граѓаните донираат пари за решавање на овој проблем, во нашата земја, ние не бараме пари од граѓаните. Сами обезбедуваме финансиски средства. Ама повеќе одговара божемски да решаваме проблем и да переме пари, него вистински и реално да решиме проблем.
Кај нас не се само кучињата во прашање, расипан е системот и за заштита на луѓе. Ама ние мижиме, тоа е нашиот најголем проблем, и затоа во 2011 година сеуште сме никој и ништо, сеуште ние кукаме и чекаме некој од страна да ни ги реши проблемите во нашата држава.
А инаку, меѓу другото, ЕУ не критикува и баш за тој однос према животните, зошто ЕУ смета дека треба да се има хуман третман (во кој спаѓа и еутаназија) но кај нас се злоупотребува таа еутаназија и не секогаш е вистински еутаназија - има показатели дека се користи детергент и други супстанци при усмртувањето.
И јас живеам во Скопје затоа ме интересира кој дел има толку висок криминал што поголеми се шансите да бидеш убиена и силувана отколку нападната од куче скитник, мислам дека тука ја претера малку ама нема врска. За другиот дел неможам да прокоментирам зошто не сум запознаен со проблемот, чудно ми е како може да е поефтино нивно секојдневно чување и згрижување отколку еутаназија но како што реков, не сум запознаен па само на памет ќе зборам, затоа ќе престанам и ќе ја напуштам темава. :)

Поздрав
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
И знаеш што ако тебе ти е дојдено само до твојот личен мир, и мене ми е дојдено можеби многу до хуманиот третман на животните, зошто па тебе би те ставила пред нив? Што добивам повеќе од тебе?

.
Еве јас ќе пробам да ти дадам неколку причини зошто треба да го ставиш лурц пред животните и што е тоа што го добиваш од него. Лурц е механичарот на автобусот што те вози кај Штуљ, тој е полицаецот кој те штити од силување во твоето филмско гето, продавачот во гранапот што ти продава зарзават. Но пред се лурц ти е сограѓанин кој со тебе дели 99% проценти од сите можни проблеми--како да го наполни фрижидерот до први, како да излезе од долгови, како да донесе подобра иднина за себе и за останатите. Лурц заедно со уште 2 милиони лурцеви плаќаат данок за да се закрпи патот кој те води до Штуљ, за да имаш какво-такво јавно здравство па да не мора да и тебе да те успиеме ако добиеш инфекција, и за да имаш дома водовод и канализација да бањаш циганчиња, кучиња и мачиња. Јас разбирам дека ти си своевиден супер херој кој се грижи за непуштени животни, цигани, одиш по лудници и домови и се грижиш за болни, луди, сираци, обесправени, гладни и боси. Сигурен сум дека водиш и неколку дополнителни здруженија за помош на самохрани мајки, несубвенционирани земјоделци и сексуално инхибирани тинејџери. НО, кога ќе завршиш со грижа за сите овие погоре наведени, покажи малку доблест и за лурц и останатите како него, кои се веројатно 90% од луѓето околу тебе.
 
Во која земја живееш ти, каде што 90% од луѓето се вработени и имаат пристоен живот?
Луртз да има проблем и да можам да му помогнам ќе го направам тоа. Не мислам лично на Луртз само, и на тебе, и на сите. Не дискриминирам и не помагам некому повеќе, за некого да отфрлам.
Мојот живот сум го ставила на страна за да помогнам на тие на кој ти и луртзовите не мислите.
Покажете вие доблест и ако ништо друго - ќутете ако веќе не сте од корист.
Зошто ако не постојат луѓето како мене ти и лутрзовите ќе треба да плаќате многу поголеми даноци и за обесправените луѓе и за опесправените животни. Зошто јас се обидувам да ве ослободам од данокот кој го плаќате за тие кучиња, и од ваши пари ги успиваат и не ви го решаваат проблемот. Јас одам по социјални домови за без пари, а ако не одат тие како мене, ќе се вработат луѓе и пак од ваш џеб ќе бидат плаќани.
Ама кој колку размислува.
ПС. Не студирам на Штул.
--- надополнето: Jul 9, 2011 11:39 PM ---
И јас живеам во Скопје затоа ме интересира кој дел има толку висок криминал што поголеми се шансите да бидеш убиена и силувана отколку нападната од куче скитник, мислам дека тука ја претера малку ама нема врска. За другиот дел неможам да прокоментирам зошто не сум запознаен со проблемот, чудно ми е како може да е поефтино нивно секојдневно чување и згрижување отколку еутаназија но како што реков, не сум запознаен па само на памет ќе зборам, затоа ќе престанам и ќе ја напуштам темава. :)

Поздрав
Не е важно во кој дел од Скопје живеам, важно е дека сум била нападната од човек на повеќе места во Скопје.
А за другиот дел ќе ти објаснам како е поефтино за ТЕБЕ - повеќе нема да се двојат пари од буџетот за успивање на кучиња. Здруженијата се контролирани од државата, во поглед - дали исполнуваат договор, но своите средства ги добиваат од меѓународни фондови и донации на граѓани - значи не ,,присилно,, како што е данокот.
И поефтино е, зошто така многу побрзо ќе се тргнат од улица, наместо да ги убиваме зошто колку и да ги убиваме пак се размножуваат - значи не се намалува бројката а сепак се трошат пари.
И секако, огромни санции за тие што ќе фрлат куче на улица кое ќе се размножува - а тоа се прави преку задолжително чипување на миленик,односно, ако некој ти дојде дома и немаш чип на кучето ти следува санкција. А ако ти го најдат со чип на улица пак ти следува санкција освен ако не е изгубено и има оглас дека го бараш. Зошто кучињата не се виновни што ги има толку на улица, туку нашите несовесни граѓани, што им се здосадува па на улица го остава во друга населба, и на тој човек од друга населба му прави проблем.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Мојот живот сум го ставила на страна за да помогнам на тие на кој ти и луртзовите не мислите.
Покажете вие доблест и ако ништо друго - ќутете ако веќе не сте од корист.
.
Ни јас ни лурц нит било кој бара од тебе да правиш било што, најмалку да со ставиш својот живот на страна за да ни помагаш во штедење на нашите оданочени пари. Јјас на пример би платил екстра данок, но само со намера да купиш некој минимал бикини кој ќе ти помогне да "не го ставаш својот живот на страна" и да се препуштиш на летен студентски хедонизам, како што доликува на секоја млада студентка.
Погоре напишав зошто сме од корист и немам никаква намера да ќутам. Тоа што ти сакаш да бидеш светица е чисто твој избор против кој јас немам ништо против, но таквата авантура ќе мора да ја тераш исклучиво на своја сметка и за свој трошок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom