- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.830
- Поени од реакции
- 8.858
Луртз, цитирај каде реков да се истребат глувците? Или ќе продолжиш да си кажуваш приказни?Ништо не вадам од контекст, тоа се твои зборови, цитирани. Ти споменуваш лов лавови и антилопи, ти споменуваш дека глувците треба да се истребат, ти споменуваш...не чини да забораваш што имаш кажано...уште понечини хуманист однапред да ги двои луѓето по разни основи и определува кое животно треба да живее, кое не. За промена, оние луѓе/деца скитници...ај некој од нив помогни да се вдоми, заштити, нахрани, израсни, исчисти.
тоа не е проблем на граѓанинот. Тој сака да ги нема кучињата на улица, точка. За него претставува опасност кога оди на работа, кога оди на пазар, за неговото дете, за неговата сопруга или стара мајка. Едно е игра со кучиња, друго е живеење, функционирање и грижа за други побитни работи во семејството и животот.
доказ, снимен, документиран? и луѓето во лудниците ги третираат како стока, но надлежните негираат...кој се засекирал за нив?
Не ви даваат дозвола да на своја нива вон град поставите објект со сите спецификации, да вработите стручни лица, да ги храните и раснете животните? Не ми е јасно, за каква саботажа се работи.
Стави се во кожа на обичен граѓанин, еднаш барем, во една тема.
На човек можам да му забранам да ти го убие детето, можам да го казнам и предупредам.
Леопардот, за жал, не е свесно битие, и поради тоа ќе продолжи да јаде антилопи.
Тоа не значи дека јас сакам да изумрат антилопите, тоа е животински ланец на исхрана.
Понатаму, ова општество е грижа на секој граѓанин. Немој ти мене обичен, не обичен. Во здружението сме 20 000 (и повеќе) членови од цела Македонија. Во Битола наши членови основаа друго здружение, кое соработува со нашето. Ако за тебе 20 000 и кусур не се обични граѓани, не знам што се. И немој ти мене кој се грижи за луѓето. Јас се грижам за луѓето. Чим веќе спомнуваш за ,,секоја тема,, тоа ќе го знаеше од други теми. Каде што бев ,,ненормална,, што ,,бањам циганчиња,, и ,,никој немаше да ме земе поради тоа,,.
И јас не сакам да има кучиња на улица, но нивното убивање не е ефикасно, зошто не можеш сите да ги убиеш (мразам што го зборувам ова, но ајде, се ставам од твоја гледна точка). Колку сакаш убивај ги, ќе се родат пак. И така, до недоглед се трошат огромни суми државни пари, дали ти е јасно? Убиството на 5 000 кучиња (а ги има преку 15 000 во Скопје само), чини колку еден мал парк во една населба. А да не зборувам дека се размножуваат енормно брзо. Доволна е 1 женка и 1 мажјак да се најдат. Нема никогаш на тој начин да се истребат и тргнат од улица. Ете, со години ненормално многу ги убиваат, има некој ефект? НЕМА. Зошто не е тоа решението. И кастрирано куче НЕ Е агресивно куче, не ми се прави наудрен. Само некастрирано и невакцинирано (болно) куче може да биде опасност.
И колку за тоа како ги третираат луѓето во лудница, во детски домови итн. ЈАС ЗНАМ, зошто одам по детски домови (ти како обичен граѓанин, одиш ли?) прашав јас дали само лаете по форум, или правите нешто конкретно за општеството за кое знаете само да мрчите? Не правите, само лаете.
И каков сум јас граѓанин, ако не обичен?
Или необична сум зошто не мижам пред разиениот бизнис за органи, бело робје, малтретирање и силување на деца во домови, негрижа за животни? Затоа сум необичен граѓанин?
А што се однесува до регистрирање на азил, зарем не знаеш дека живееме во недојдија, па ние немаме законска и правна регулатива по тоа прашање, исто како топла вода да измислуваме. Односно, ниту можеш ниту не можеш азил да регистрираш, зошто нашиот закон не знае што е тоа.