Реики

  • Креатор на темата Креатор на темата dilophosaurus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јули 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Пошо не видов да има ваква тема се решив да направам, се извинувам ако има.

http://en.wikipedia.org/wiki/Reiki

(ме мрзи сеа да преведувам, али знаете англиски да толку ;))

Што мислите за реики? Дали практикувате или знаете некој кој практикува?
 
Прв пат слушам ама почнав да се фаќам по телово со дланкиве и осетив некоја јака енергија. Ако го увежбам ова ќе почнам да лекувам тешки болести.
 
Си имаме иницирани wicca на форумов што практикуваат,ако сакаат ќе си кажат :)
 
Практикувам. За сите заинтересирани во Македонија - нека се пазат од лажни „професори“ .
Ги има купишта.
 
Нашето физичко тело, како и нашата физичка реалност се всушност енергија.​

Cho-ku-rei.png

Cho-ku-rei. Ова е симбол за зголемување на моќта. Исцелителот го употребува oвој симбол пред третманот за да ја зголеми моќта на исцелувањето, за тоа да биде поуспешно и подлабинско.

Sei-he-ki.png
Sei-he-ki. Овој симбол исцелителот го користи за смирување и урамнотежување на емоционални проблеми и рестројства на пациентот. Тој делува на потсвеста, а ослободувањето од емоциналата болка често е и ослободување од физичката.

Hon-Sha-Ze-Sho-Nen.png

Hon-sha-ze-sho-nen. Овој сложен симбол се користи пред се за исцелување на далечина, односно исцелување кога пациентот е отсутен. Ова е еден од најмоќните симболи, влијае на свеста на пациентот и може да се користи за репрограмирање и за позитивно менување на негатавните животни навики.
 
Што мислите за реики? Дали практикувате или знаете некој кој практикува?

Иначе колку шо сум упознаен не е дозволено да се открива идентитетот на некој аспирант.Тоест тој самиот може да си каже дали практикува или не.
 
Дали може штетно да влиае ако погрешто се употребува?
 
Ејјј јако ова :)
А ме интересира дали може некако да се научи истово, мислам онака колку за свои потреби?
 
Ејјј јако ова :)
А ме интересира дали може некако да се научи истово, мислам онака колку за свои потреби?
Може да се научи, ама не е и најлесно. Мора да сакаш за да научиш.
А ако сакаш, тогаш не е тешко да најдеш од каде. Кај нас нема професори и луѓе кои би можеле да те научат меѓутоа постојат форуми каде што може да те обучат за практикување Реики (1 и 2 левел) .
 
Не верувам дека може на форум да ти објаснува некој.Не оди тоа така.
 
Може да се научи, ама не е и најлесно. Мора да сакаш за да научиш.
А ако сакаш, тогаш не е тешко да најдеш од каде. Кај нас нема професори и луѓе кои би можеле да те научат меѓутоа постојат форуми каде што може да те обучат за практикување Реики (1 и 2 левел) .

Не зборувам за професионално занимавање, туку основниот концепт дали може да се научи некако...?
Дали постојат книги, видеа и слично на нет? Целта ми е основата да ја научам, барем првиот левел :)
 
Реики техниката од прв степен се применува со полагање на раце на своето или на туѓо тело. Кога преку обука на курсевите за Реики техники енергетската структура за канапизирање на универзалната животна енергија се оспособи повторно, енергијата тече низ темето до градниот кош каде што се разгранува во рацете и се запира во дланките. Во оваа техника не се работи за давање на универзална животна енергија туку на телото му се овозможува впивање на енергијата. Кога рацете со отворени канали ги положиме на некој дел од телото, тогаш тој дел ја впива Универзалната животна енергија која во себе, пак ја носи, информацијата за хармонбија со природните закони и се на што таа наиде, а не е во склад со тие закони, таа го доведува во склад. За човекот да се биде во склад со природните закони, значи да се живее во здравје, љубов и благосостојба.
Прва и основна пречка, одговорност за погрешниот начин на живот, како и за болестите е стресот. Начинот на живот стана секојдневно собирање на стрес како реакција на настаните што, од било какви причини на одговараат. Секогаш кога телото како одговор на непријатни настани изреагира произведувајќи стрес, ние стресот го складираме секаде во нашето тело. Од ден на ден, во телото се повеќе се собира стрес, што можеме да го поистоветиме со ментално ѓубре што го валка телото. Секој нанесување на стрес, го спречува нормалниот проток на енергијата низ телото и станува подлога за создавање на болест. За да живее и да се развива болеста, потребна е и храна, а тоа се стресовите во телото. Што повеќе атрес, толку повеќе слабее природниот одбранбен механизам, во телото, а со тоа се овозможува производство на друг фактор одговорен за лошите психички состојби и болести, а тоа се тешките мисли и емоциите.
Комбинацијата на стресот, тешките мисли и емоциите неминовно резултира со некоја болест. Секој таков процес, прво се случува на енергетско, а потоа се спушта на физичко рамниште.
 
Ќе ме извините ама јас сум многу љубопитен во врска со ова и може да се случи да поставам некое глупо прашање...
Како и да е, мислам дека почнувам да ја сфаќам оваа дисциплина горе-долу иако изгледат доста сложена.
Моето прашање на денот е како се постигнува тоа ниво да се пренесе енергијата на болниот? Би било логично јас да сум исполнет со истата за да можам да ја пренесам. А како ќе успеам да ја стекнам таа енергија? Дали со медитација или нешто слично?

Прва и основна пречка, одговорност за погрешниот начин на живот, како и за болестите е стресот.

Потполно се согласувам со ова другар, тоа е неизбежен факт. Е сега значи аналогно на ова, би требало доколку јас сум ослободен од било каков облик на стрес, да можам да практикувам реики?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom