Kaiser
Hidden Fortress
- Член од
- 6 мај 2011
- Мислења
- 3.202
- Поени од реакции
- 2.443
Ок, ќе објаснам .Не е во природата на човекот да биде „злобен“ едноставно лошото однесување и лошите манири луѓето ги гледаат како најлесна можност, најлесен пат за да се опстане во оваа сурово општество. Биле повредени, омаловажувани, навредувани и слично и мислат дека најлесно да се избегне оваа страдање е да се биде лош. Несвесно или свесно нанесуваат болка мислејќи дека тоа е најдобриот начин за да се создаде живот исполнет со среќа. Секако секој копнее за среќен живот и не размислува за начинот на кој може да ја постигне таа среќа. Оно што му изгледа најлесно, најефикасно тоа и го прави.
Ако си ти во право тоа би значело дека сите се на некој начин добри од раѓање а само приликите подоцна од воспитувањето и животот ги поттикнуваат да бидат злобни за да опстанат во според тебе суровото општество.
Ако е тоа така сите деца би биле добри и златни кога би биле во пријатни и убави услови но не е така. Посебно кај децата се приметуваат огромни разлики во карактерот уште од мали нозе кога едно почнува да закача, навредува или тепа друго или пак трето ужива да гори мачки и да им кине нозе на инсекти. Тука веќе зборуваме и за афинитети кои освен генетски тешко на друг начин да ги објасниш затоа што не сите од тие деца биле злоставувани како мали (некои да но не сите).
Јас на пример имам афинитет кон крвожедни работи, пирани, ајкули, крокодили, оружја, мечови, сабји ама не знаев зашто иако сум имал прекрасно детство и воспитување. Сега знам дека тоа нема врска со воспитувањето туку со гените .
Освен тоа сите сме имале прилика на лесен начин да му нанесеме болка на некој друг (со или без причина) па не сме реагирале исто. Некој дури и ќе помогне а може имал 100 пати полош жувот од друг кој ќе те закопа а се му било наместено во животот .
Сум сретнал и запознал личности кои воопшто не се среќни ниту знаат што е тоа вистинска среќа па цел живот се трудат да нанесат болка на секого што можат, точно дека тоа им дава некоја сатисфакција но не им носи вистинска среќа. Не секој може и знае да биде среќен затоа што и тоа зависи дел од животните околности а дел од гените.
Со твоето мислење премногу ги амнестираш таквите кои нанесуваат болка во стил не се криви туку одат кон најлесното решение но ако така би било тогаш ајде да ги елиминираме сите кои ни стојат на патот и светот да го претвориме во касапница (ироничен сум).
Тоа би било тоа .