Зошто луѓето се толку злобни?

Не е во природата на човекот да биде „злобен“ едноставно лошото однесување и лошите манири луѓето ги гледаат како најлесна можност, најлесен пат за да се опстане во оваа сурово општество. Биле повредени, омаловажувани, навредувани и слично и мислат дека најлесно да се избегне оваа страдање е да се биде лош. Несвесно или свесно нанесуваат болка мислејќи дека тоа е најдобриот начин за да се создаде живот исполнет со среќа. Секако секој копнее за среќен живот и не размислува за начинот на кој може да ја постигне таа среќа. Оно што му изгледа најлесно, најефикасно тоа и го прави.

Ок, ќе објаснам :) .

Ако си ти во право тоа би значело дека сите се на некој начин добри од раѓање а само приликите подоцна од воспитувањето и животот ги поттикнуваат да бидат злобни за да опстанат во според тебе суровото општество.

Ако е тоа така сите деца би биле добри и златни кога би биле во пријатни и убави услови но не е така. Посебно кај децата се приметуваат огромни разлики во карактерот уште од мали нозе кога едно почнува да закача, навредува или тепа друго или пак трето ужива да гори мачки и да им кине нозе на инсекти. Тука веќе зборуваме и за афинитети кои освен генетски тешко на друг начин да ги објасниш затоа што не сите од тие деца биле злоставувани како мали (некои да но не сите).

Јас на пример имам афинитет кон крвожедни работи, пирани, ајкули, крокодили, оружја, мечови, сабји ама не знаев зашто иако сум имал прекрасно детство и воспитување. Сега знам дека тоа нема врска со воспитувањето туку со гените :).

Освен тоа сите сме имале прилика на лесен начин да му нанесеме болка на некој друг (со или без причина) па не сме реагирале исто. Некој дури и ќе помогне а може имал 100 пати полош жувот од друг кој ќе те закопа а се му било наместено во животот :).

Сум сретнал и запознал личности кои воопшто не се среќни ниту знаат што е тоа вистинска среќа па цел живот се трудат да нанесат болка на секого што можат, точно дека тоа им дава некоја сатисфакција но не им носи вистинска среќа. Не секој може и знае да биде среќен затоа што и тоа зависи дел од животните околности а дел од гените.

Со твоето мислење премногу ги амнестираш таквите кои нанесуваат болка во стил не се криви туку одат кон најлесното решение но ако така би било тогаш ајде да ги елиминираме сите кои ни стојат на патот и светот да го претвориме во касапница :) (ироничен сум).

Тоа би било тоа :) .
 
Со твооето мислење премногу ги амнестираш таквите кои нанесуваат болка во стил не се криви туку одат кон најлесното решение но ако така би било тогаш ајде да ги елиминираме сите кои ни стојат на патот и светот да го претвориме во касапница :) (ироничен сум).
Темата е Зошто луѓето се толку злобни? а тоа е моето гледиште. Според мене никој не е роден со предиспозиција да биде злобен, едноставно злобноста на човекот настанува како резултат на лошото искуство. Не реков дека дека светот ќе се претвори во касапница, тоа не ми беше целта на мислата. Туку само го изнесов својот став во врска со темава :D
 
Ти го изнесе своето а јас моето, различен карактер различно мислење :).
 
"Even matter called inorganic, believed to be dead, responds to irritants and gives unmistakable evidence of a living principle within. Everything that exists, organic or inorganic, animated or inert, is susceptible to stimulus from the outside."
 
Луѓето ги прави злобни околината. Со цел да се покажат и докажат што се можат и да бидат забележани тие се спремни на се и дури и да станат и бидат злобни и тоа после одредено време ке им биде нормална појава и нема да чувствуваат дека некој е повреден и дека неговите постапки не се во границите на нормалното.
 
Се би дала да станам злобна бидејќи со добрина повеќе страдам. Дај Боже еден ден да сум најзлобното суштество на овој суров свет полн со лицемерие и користољубие.
 
Се би дала да станам злобна бидејќи со добрина повеќе страдам. Дај Боже еден ден да сум најзлобното суштество на овој суров свет полн со лицемерие и користољубие.

Внимавај што посакуваш, може да ти се исполни, а желбава не ти е баш како што треба, според мене... Ништо нема да добиеш и ако си злобна само можеби ке си нанесеш повеке зло самата на себе....
 
Се би дала да станам злобна бидејќи со добрина повеќе страдам. Дај Боже еден ден да сум најзлобното суштество на овој суров свет полн со лицемерие и користољубие.

секое зло кога тогаш се враќа да знаеш има горе некој кој све гледа и враќа покасно
--- надополнето: Jul 8, 2011 2:46 PM ---
желбата да се биде успешен над сите и пред сите може да биде потик за злоба љубомора посесивност сето тоа раѓа злоба во луѓето
 
Внимавај што посакуваш, може да ти се исполни, а желбава не ти е баш како што треба, според мене... Ништо нема да добиеш и ако си злобна само можеби ке си нанесеш повеке зло самата на себе....

Бидејки со добро ништо не постигнав, затоа со лошо ке пробам. Ако ништо друго на другите лошо ке им правам и нема да мислам лично за мене.
 
Бидејки со добро ништо не постигнав, затоа со лошо ке пробам. Ако ништо друго на другите лошо ке им правам и нема да мислам лично за мене.

Е ова ти се вика себичност и нечовечност.... Не ми е гајле за другите, важно е ја како се осека, не се важни другите, важна сум само јас.... СЕБИЧНОСТ..... Твој живот е живеј си како сакаш но секое зло трипати повеке се враќа....
 
Полека девојче, ја знаеш онаа брза кучка слепи кучиња раѓа ?? Ете и ти брзаш и не читаш добро......Тоа може ногу да те кошта во животот....ако така мислиш дека си прочитала а уствари ништо не си сфатила па по грешка ќе ти се деси да потпишеш некој важен документ и ќе погрешиш.... Значи полека,, кога читаш нешто ако не си сигурна препрочитај уште еднаш па потоа коментирај.

Ајде сега врати се на мојот коментар кога те цитирав и погледни што имам јас пишано и ДАЛИ ЈАС СУМ БИТНА ------СЕБИЧНА само за себе ,,,како што ти си сфатила или друго сум пишала.

Биди ми поздравена и немој да ме сфатиш погрешно, само ти дадов совет како повозрасна:)
 
Не се луѓето злобни, програмирани се.
Премногу е едноставно да се препуштиш на современите тенденции и да се грижиш само за сопствениот комфор во околината која што те одобрува како „злобен“ наместо да се обидуваш да бидеш „добар“ во ситуации кога и вообичаено тоа е одвишно.Крајно, патот до пеколот е поплочен со добри намери.Јас не верувам во цврста дефиниција, уште помалку линија или поделба помеѓу добро и лошо, исто колку што верувам дека во принцип луѓето не секогаш се способни да го ценат она што се прави/правело за нив за да дадат мотивација за понатамошен труд.
Најмногу што може било кој да направи е да биде тука за луѓето што ги сака и го сакаат, се останато е само потрошено време.
 
не се луѓето злобни не се фурајте со тие филмови што ги вртите кога само драми бе везе праите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom