Зошто луѓето се толку злобни?

Јас пишував за поприкриени видови на зло, а тие и се слаби личности кои што се кријат зад маска на привидна сила и ароганција. Стравот нив ги држи, а тоа е зло, но кога ќе се раскринкаат се покажува исплашеното дете во нив. А тие поочигледните случаи што знам, тие се очигледни.

Стравот од што ?
Од што тоа им е страв ?
 
Страв да не биде разоткриена нивната слаба личност, нивните комплекси, фрустрации, може и трауми. Ништо подобро од маска не им паѓа на ум.
 
Доколку нема злобни луѓе ќе не може да ги препознаеме добрите луѓе...
 
Под зло се подразбира намера и извесно размислување.
Идиотот, односно силеџијата не запира да размисли или просуди. Делува инстинктивно како живина од штала. Убеден е секогаш дека прави добро, дека секогаш е во право и се дува со тоа што заебава. Го заебава секој оној кој што му изгледа различен од него самиот, било тоа по боја, по верувања, јазик, принципи.
Злобниот е свесен за својата злоба. Свесен е за своите намери кои тенденциозно, односно претпазливо ги остварува.
Затоа не можам да одлучам што му е потребно повеќе на светот за добрината да биде истакната.
Вистински злобни луѓе или тупави идиоти?
 
Злото е продукт на умот.
Умот е кондициониран од општеството.
Останува заклучокот дека институциите на системот се криви за злото.
Лекот од овде што произлегува е многу прост.
Бидете над умот(свесен и несвесен).
 
Според мене, релативно е ова. Мислам дека не постои човек за кој сите зборат дека е злобен или за кој сите зборат дека е спротивното.
 
Не постојат злобни луѓе, туку постојат луѓе кои не биле допрени од љубовта и добрината.
 
Еве на форумов, кога секој може да биде тоа што сака да биде и да збори што сака без некои последици, зошто луѓето избираат да бидат лоши?:toe:
Верувате ли дека постојат луѓе кои и се родиле злобни?

то што ти си Вештица незначи дека се сите ко тебе :p
 
околината и животот можеби ги направиле такви......
 
Меѓу другото што го наведовте, компетицијата ги поебава луѓето, дури и лажна компетиција. Не викам луѓето да не пробуваат да бидат подобри, него да не гледаат многу по туѓи дворови, да веруваат поише у себе.
 
Не е во природата на човекот да биде „злобен“ едноставно лошото однесување и лошите манири луѓето ги гледаат како најлесна можност, најлесен пат за да се опстане во оваа сурово општество. Биле повредени, омаловажувани, навредувани и слично и мислат дека најлесно да се избегне оваа страдање е да се биде лош. Несвесно или свесно нанесуваат болка мислејќи дека тоа е најдобриот начин за да се создаде живот исполнет со среќа. Секако секој копнее за среќен живот и не размислува за начинот на кој може да ја постигне таа среќа. Оно што му изгледа најлесно, најефикасно тоа и го прави.
 
Јас пак мислам баш обратно од тебе за повеќе работи што ги наброја.
 
Јас пак мислам баш обратно од тебе за повеќе работи што ги наброја.
Секоја има право на свое мислење и баш би сакала да го видам твоето. Би сакала да видам за кои работи што јас сум ги напишала мислиш обратно. Можеби си во право така да би сакала да си го корегирам мислењето. Ако не те мрзи напиши го и твоето мислење :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom