Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Еве може да ја користиме темава и да постираме и коментираме во неа фудбалски вести од секаков вид, поготово од лигите за кои нема тема во подфорумов а има интересни настани.

Да започнам.

Се сруши стадионот на Твенте, еден загинат, десетмина се во болница, се стравува дека има уште неколкумина заробени.

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2012185/Twente-stadium-collapses-leaving-dead.html
 
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-14006118

Скандал во Турција. Претседателот на Фенербахче уапсен поради местење на натпревари и доколку биде осуден би требало да помине 12 години во затвор, а титулата на Фенербахче да им биде одземена при што Фенербахче би ги испаднале во втора лига. Бидејќи турската лига е полна со местени натпревари, а дури сега би настрадал тим како Фенербахче се шпекулира дека приказнава има политичка заднина каде што е вклучен и претседателот на Фенербахче.
Иначе не станува збор за класични местенки туку станува збор за плаќање на одредени играчи од екипите кои играле против Фенербахче. Некои од екипите се Ескисехир, Сиваспор, Бучаспор.
 
getImageThumbnail.axd

урнатиот дел од стадионот на Твенте
 
Епа добро де јавна тајна е дека во Турција се мести на велико. Е сега одвреме навреме некој мора да го јаде, Фенербахче ја имаа таа среќа они да бидат тие.
 
Епа добро де јавна тајна е дека во Турција се мести на велико. Е сега одвреме навреме некој мора да го јаде, Фенербахче ја имаа таа среќа они да бидат тие.

Да, ама ако не прочита погоре имам напишано дека има и голема политичка заднина тоа што баш Фенербахче настрада сега. Иначе ми се чини дека во април имаат донесено нови ригорозни закони во Турција поврзани со местењето па ништо чудно и ако сакаат да го чистат полека првенството, што не ми се верува.
Штета само за навивачите, и без местење беа најдобри и си заслужија титула.
 
Еве може да ја користиме темава и да постираме и коментираме во неа фудбалски вести од секаков вид, поготово од лигите за кои нема тема во подфорумов а има интересни настани.

Да започнам.

Се сруши стадионот на Твенте, еден загинат, десетмина се во болница, се стравува дека има уште неколкумина заробени.

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2012185/Twente-stadium-collapses-leaving-dead.html
жалосно
 
Поранешниот менаџер на Валенсија, Ливерпул и Интер, Рафа Бенитез, си најде нова занимација откако беше отпуштен од Интер. Рафа се развива од конобар до менаџер до софтвер девелопер :D Изработува апликација за iPhone посветена на финалето на ЛШ во 2005 и бара помош од сите фанови да му пратат било какви материјали од ноќта :D

3-2.png
 
Зидан денеска беше назначен за нов спортски директор на Реал Мадрид. Доаѓа на местото на Хорхе Валдано.
Силвињо објави дека ја заврши неговата кариера. Во кариерата настапуваше за Коринтијанс, Арсенал, Селта, Барселона и Ман.Сити. Најголеми успеси му се двете ЛШ со Барселона(2006 и 2009).
Мануел Нојер, кој се пресели во Баерн Минхен, има проблеми, бидејќи навивачите на Баерн не го прифаќаат и постојано на трибините има анти-Нојер пароли.
 
^ Или поточно кажано... Нема шо да права и си права реклама... можеби очекува од Барселона да му се јават :)
 
А што е тоа со Нојер? Зошто не го прифаќаат?
 
А што е тоа со Нојер? Зошто не го прифаќаат?
Зашто Баерн и Шалке се големи ривали и неќат да купуваат играчи од другиот тим. Исто како Меси да премине во Реал, не знам дали баш навивачите на Реал би уживале да го гледаат Меси на Бернабеу.
 
Исто како Меси да премине во Реал, не знам дали баш навивачите на Реал би уживале да го гледаат Меси на Бернабеу.

ќе стиснат заби ако сакаат да освојат некое пехарче :D само шега не ме напаѓајте
 
Зашто Баерн и Шалке се големи ривали и неќат да купуваат играчи од другиот тим. Исто како Меси да премине во Реал, не знам дали баш навивачите на Реал би уживале да го гледаат Меси на Бернабеу.

Нема да биде прв пат такво нешто да се случи, Роналдо и Фиго се претходни примери и никој од нив не поминал лошо.
Исто е и во Италија, каде еден куп играчи играле во Интер и Милан...
Навивачите на Баерн само се фураат сеа а идната година ќе го величат пошто Нојер е класа голман...
 
Нема да биде прв пат такво нешто да се случи, Роналдо и Фиго се претходни примери и никој од нив не поминал лошо.
Лаудруп и Роналдо се изгледа единствените играчи(кои играле и во двата клуба) кои и ден денес се почитувани и од двата клуба.
Фиго(Јуда) не помина лошо во Мадрид, го прифатија брзо, ама нема да го заборави Камп Ноу, а нема ни да го памти по добро.
http://www.youtube.com/watch?v=EQNCviGXM80
http://www.youtube.com/watch?v=wiza8OF9mSs
http://www.youtube.com/watch?v=PYDb2nugY8k
http://www.youtube.com/watch?v=JNO3aEg_rAs
http://www.youtube.com/watch?v=nF4zQkfW2BE&feature=related :)
http://www.youtube.com/watch?v=YlPJAmIv7Ig&feature=related (y)
 
Нема да биде прв пат такво нешто да се случи, Роналдо и Фиго се претходни примери и никој од нив не поминал лошо.
Исто е и во Италија, каде еден куп играчи играле во Интер и Милан...
Навивачите на Баерн само се фураат сеа а идната година ќе го величат пошто Нојер е класа голман...

Не реков дека ќе помине лошо Нојер. Криво им е на навивачите што купија играч од ривалот, ама ако Нојер почне да брани стварно добро навивачиве ќе си легнат на брашното. Исто така, ако Нојер потфрли ништо чудно да го линчуваат среде натпревар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom