Абе демек Росицки сакаше да се повреди !? Јбг то е .. Составен дел од фудбалот е повредата.. Ако е за така, тогаш Ебуе не треба да зема поќе плата, оти седи на клупа повеќе од колку шо игра.. Али тој е играч, да го имаш во тимот заради позитивна енергија.. Е тој, мислам дека нема да си оди, никогаш...
Абе јасно ама кажи ми вреди да се плаќа сега Росицки толку?
--- надополнето: Jul 7, 2011 2:02 PM ---
Што ќе ни е Бензема?
Ги имаме Робин ван Перси, Волкот, Жервињо, Шамак, Вела (22 години има, редно е да почне да игра за првиот тим), Бендтнер (јес да едвај чекам да го шитнат)
Имаме други позиции кои треба да ги појачаме, нападот ни е ок.
Бензема > Шамак + Вела + Бендтнер + Волкот(пошто нема шанси Венгер да го игра напаѓач) заедно
Бензема + РВП би било убиствено ама мала е веројатноста да се оствари
А имајќи во предвид дека РВП не игра никогаш повеќе од 20-25 натпревари Бензема би бил и те како добредојден. со Шамак како резерва а Бендтнер и Вела аут... јебига Вела никогаш не се докажа во Англија повеќе ќе му одговара Шпанја на него...
И доста со такви муабети што ќе ни е Бензема. Бензема е класа напаѓач и во оваа игра на Арсенал тој ќе го прави истото што го прави РВП - ќе се убива од давање голови.
Ни треба Бензема а и сакам да се оствари тоа...
--- надополнето: Jul 7, 2011 2:07 PM ---
Не, бе. Не сме ние глупи. Вие сте ептен паметни.
Па каде виде дека се палам или дека верувам на оваа статија, која е без никаков доказ и извор.
Ама, ако веќе вие се 'палите' дека можете да го донесете Бензема, исто голема е веројатноста ние да го донесеме Фабрегас, по цената која ја дава цицијата Росел.
Знам така е тоа, ама го утна првото, обратно е...
Веројатноста вие да го донесете Фабрегас за 31 милион е еднаква на 0
Веројатноста Бензема да биде продаден за 27 милиони е голема
Веројатноста да Венгер плати 27 милиони за Бензема е мала
Ајт ти поедноставив сеа иди разглабај други работи, вакви работи за Фабрегас читаме секој ден две години па уште го носи дресот на Арсенал... се додека не плати Барса колку што Фабрегас чини во денешниов свет каде Торес чини 50 милиони, Роналдо 80, Керол 35 итн итн Фабрегас ќе остане играч на Арсенал па макар седел на клупа.
Арсенал не и е должен да и го даде Фабрегас на Фарса за ништо помалку од тоа што вреди - кога Реал сака да понуди 50 милиони за Фабрегас тогаш нека понуди и Барса...