Експеримент е извршен и тоа од некој руски физичар, специјалист по механика. Тој ја има дадено следната изјава: "од строго научната гледна точка единственото направено мерње сѐ уште не зборува за ништо веродостојно. Но, ако вие ме прашувате како научник – беше или не беше (чудо), јас ќе одговорам: не знам“.
Научникот би знаел дали тоа е чудо или не, само ако лично ги провери сите критични детали: свеќите, хемискиот состав на фитилот, да ги надгледува за време на „симнувањето на огнот“ на самото место за време додека патријархот да го измолува огнот од Бог.
Тоа што тој со денови пред и потоа мерел електромагнетни бранови околу пештерата, тоа не е некој валиден фактор. И самиот тој го признава тоа кога вели „направеното мерење се уште не зборува за ништо веродостојно“.
Околу пукнатините на столбовите, мислам дека научен лапсуз е да се каже дека тие можат да настанат од „електронски набој“. Така што ова ми е сомнително што го вели тој ткн. физичар. Дури и гром да мавне во столб (што е речиси невозможно, освен ако столбот не е метален или влажен) нема да го расцепи. Громот може да расцепи дрво, само затоа што во внатрешноста на дрвото има вода и струјата навлегува низ водата, ја загрева и таа се шири, го распукува и пали дрвото. Во сув бетонски столб гром не удира, а и да удри ништо нема да му направи.
Инаку гледав еден клип како се изведува сето тоа. Просторијата е проверена од израелската полиција, исто така и самиот Ерусалисмски свештеник се проверува дали користи нешто што би можело да предизвика запалување на огнот. Бидејќи тоа место денес е во сопственост на Турци, турски гавази (или чувари) и тие го проверуваат, воедно и го чуваат местото.
Јас пак сум чул дека само патријархот го проверуваат, а просторијата за време на тој настан не ја проверуваат затоа што тоа, според нив, го осквернувало гробот и го искушувало Бога. (јака финта како да си ја заштитиш бината пред изведба)
Во однос на гробот, не знам како викаш дека нема гроб. Има гроб, но нема тело бидејчи телото е воскреснато.
Ок, јас го кажав само моето видување. Според мене гроб без посмртни останки не е гроб, туку обична дупка или во случајов празна вдлабнатина од која луѓето направиле фетиш. На тоа место Христовото безживотно тело одлежало околу 48 часа. Исус присуствувал многу подолго на други места, како на пример на маслиновата гора па сепак таму не идат на поклонение. Сепак и таа е туристичка атракција.
Друго што прочитав како аргумент од православната страна (јас не сум добар познавач на Библијата затоа и тоа го немам прочитано), дека Петар кога влегол во просторијата кај што се наоѓало Исусовото тело, 3 дена по неговата смрт (поточно на Пасха) видел светлина. Ова е запишано во Библијата. Православните таа светлина ја поврзуваат со овој Благодатен оган.
Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека сум одличен познавач на Библијата и ти тврдам дека такво нешто нема. Случката кога Петар оди кај гробот е опишана во евангелието по Лука 24:12 и евангелието по Јован 20:6. (еве ти онлајн Библија за да ги провериш цитатите:
www.mkbible.net)
Најблиску нешто на ова е кога жените отишле кај гробот и виделе ангел чие лице светело, ама тоа верувам ќе се сложиш нема врска со ткн. благодатен оган, туку тоа е вообичаено при ангелската појава.
„И ете, стана голем земјотрес, зашто Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него. А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег.“ (
ев. Матеј 28:3)
Понатаму Пасхата не е три дена по Христовата смрт, туку еден ден по Христовата смрт и се паѓа во Сабота (еврејски Шабат), а Исус бил распнат во Петок (оттаму и велики Петок, или како што некои велат: црн петок
„А беше ден на подготовката за
Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!... Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа
сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат. “ (
Јован 19:14,31)
Друг нивен аргумент околу овој оган е што луѓе се „мијат“ со оганот и не се запалуваат. Имаше слика како оганот го ставаат на лице, коса и притоа нема никакви изгореници.
Случајно или не, еден мој пријател го посети Ерусалим и ми донесе од тие свеќи кои што ги продаваат пред храмот. Тие се завиткани во факел, 33 на број (колку што имал години Исус) и пишува на нив Ерусалим. И погоди што направив?
Ги запалив и мафтав (се „миев“) со раката во огнот ИСТО ТОЛКУ време колку што и луѓето на јутјуб клипчињата мафтаат со рацете околу огнот. Ниту јас не добив изгореница. Следното што го пробав беше запалив од нашите жолти свеќи и тој оган го движев по раката ИСТО ТОЛКУ време и ниту јас не добив изгореница
Луѓето мислам дека ако ја стават раката внатре во пламенот дека таму е најжешко. Но не е така. Најжешкиот дел од пламенот е над него. Ви препорачувам да го направите тој експеримент и самите дома, бидејќи се што ви треба е запалка и свеќа (свеќи) Колку повеќе свеќи имате, толку пламенот ќе биде поголем и толку повнатре ќе можете да ја ставите раката - таму каде што не е многу жешко.
И уште нешто, ако тој оган навистина е благодатен и ако навистина не предизвикува изгореници, тогаш зошто луѓето мафтаат со раката само максимум 5-6 секунди? И зошто воопшто мафтаат? Зошто едноставно не ја стават раката во огнот и мирно да ја држат?
На тој начин топлината ќе се фокусира само на едно место на кожата и ќе предизвика изгореница, па затоа и мафтаат, за топлината да се преместува рамномерно низ кожата и да не ја изгори.
Има записи кај што се вели дека луѓе прогледувале ставајќи го оганот на очи.
Такви записи има едно чудо низ православните житија и преданија. Се е тоа таму некаде и некогаш, раскажувано од колено на колено, приказни со кои бабите ги заспивале внуците покрај вечерниот оган
Зарем не е тоа истиот благодатен оган? Зошто денес некој слеп не отиде да се „измие“ со тој оган и да прогледа?
Сега малку од моја гледна точка. Мене лично, ми е исто така несфатливо палењето на оганот. Од тоа следува дека Христос прави чуда, а тој нема кажано дека ќе дава некаков знак по кој ќе ја препознаеме неговата вистинска Црква.
Дури и огнот да е вистинско чудо, повторно од тоа не следи дека Христос прави чуда, туку, како што ти го посочив библискиот стих, сосема е веројатно и ѓаволот да прави такво чудо. Впрочем Христос никаде не рекол дека ќе прави такви сензации (шоуа), но затоа пак тоа е кажано за ѓаволот. Оттука сметам дека според Библијата многу е поверојатно ако еден ден некој симне вистински оган од небото дека тоа ќе е ѓаволот, токму онака како што предвидува Библијата:
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. " (Откровение 13:11-14)
Во однос на цитатите од Откровението... ти велиш дека се работи за православните. Дека Ѕверот е православниот патријарх. Ама православните си имаат свое мислење за таа работа. тие викаат дека тој е папата.
Не, извини ако сум бил нејасен. Не реков дека Ѕверот е православниот патријарх. Мене тие свеќички што се самозапалуваат воопшто не ми се некаков предизвик и тоа нешто може многу лесно да се направи. Впрочем студентите на хемија прават нешто слично на тоа во 1ва или 2ра година. На парче ткаенина истураат бел фосфор растворен во јаглерод дисулфид (CS2) и чекаат CS2 да испари. Кога CS2 ќе испари, белиот фосфор се самозапалува и ја пали ткаенината. Затоа и белиот фосфор не можеш да го најдеш во слободна форма, туку само во раствор.
Зборот ми беше дека, кога еден ден ќе се појави антихристот (еве нека биде и папата, или некој друг религиозен водач или политичар) и кога тој ќе направи посензационално чудо со кое што ќе симне вистински оган од небото, многу луѓе ќе му се клањаат со челата до земјата, а најсклони на таа измама ќе бидат оние кои денес се импресионирани и фрапирани (да не речам хипнотизирани) од самозапалувачките свеќи во Ерусалим.
Јас лично, во православниот свет не гледам некој што ги заведува жителите. Кај нив има повеќе што ги заведуваат, но никој не заведува со толку големо влијание како Папата).
Ни папата не е она што беше. Денес ретко кој го ферма папата. Речиси и не постои италијанец кој не знае барем 10тина вицеви за папата
Јас лично сум се изнаслушал вицеви за него, и тоа баш од италијанец. Антихристос си ја подготвува сцената за своето доаѓање и ќе дојде многу лукаво и подмолно и залудни се секакви претпоставки, затоа што никој од нас не е полукав од него. Послушноста кон Бог и Божјите заповеди се единствената заштита од него.
А што се однесува до експериментот со фосфорот, да се согласувам, сите алотропски модификации на фосфорот светат (мислам дека 3 беа). Но се поставува прашањето, зошто само едниот Патријарх (од кој знае колку) го изведува овој експеримент. Зошто не им даваат и на Ерменците, и на Коптите, и на Русите да го изведат, па целосно да ја докажат нивната права и правилна православна христијанска вера. Или пак можеби се работи за чиста суета и типична разединестост кај православните патријарси?
Туристичка атракција. И бизнисот не заостанува (илјадници свеќи се продаваат на тој ден и тоа не по 5 денари како кај нас
. Православниот свет е и те како разединет по национална основа. Едни со други не се признаваат за црква (ради политички и национални проблеми), а МПЦ никој, ниедна друга православна црква не не признава за црква.
Сепак, заклучокот дека кај онаа црква каде што се самозапалуваат свеќите таа е правата црква самиот по себе мене ми е смешен и мизерен. Христос, главата на црквата, никаде не рекол дека по тоа ќе ја познаеме Неговата црква. Тој рекол:
„Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици -
ако имате љубов помеѓу себе!“ (
Исус Христос, ев. Јован 13:35, Библијата)
На друго место Исус рекол: „Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (
Исус, ев. Јован 14:15, Библијата)
Значи љубовта кон Исус се искажува преку држење до Неговите заповеди, а не со држење до заповедите на оваа или онаа црква, овој или оној светец, великодостојник, папа, г-дин г-дин.
Вистинската Христова Црква е онаа која што го темели своите учење и пракса не Христовото и апостолско учење, запишано во Божјиот Збор - Библијата.
Поздрав nicole_l. Ме ја погоди темата, затоа се распишав
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:57 PM ---
Сите христијански верници со кои јас сум зборувал на оваа тема се убедени дека Змијата, Луци и Ѓаволот се еден исти ентитет.
Па нормално дека ќе се убедени во тоа, бидејќи сите христијани веруваат дека Библијата е Божја објава, вистинита и веродостојна.