Па, програмирање на видео игрици, а можеби и трговија, доколку се исплати.
Да, дефинитивно не е исплатливо да се инвестира во трговија со видео игрици во Македонија, но никој не се занимава со продажба на големо за да знаеме дека се исплати или не, никаде не се случило цели излози да бидат полни со видео игрици за Windows, Mac, Xbox, PlayStation и Нинтендо, барем месец дена, па ако не тргне, тогаш батали, било и поминало.
Но никој досега не се осмелил на нешто вакво, за да после месец дена дојде до заклучок дека тоа е исплатлив или неисплатлив бизнис.
Јас конкретно, досега не сум се обидел да започнам бизнис со трговија со видео игрици, од наједноставна причина бидејќи треба пари, односно капитал за почеток на нешто такво, а јас тоа моментално го немам.