Фан Клуб: Интер

Абе едно прашање кое со години ме “мачи“, Пајо од фиф кој е, некој и од кајгана форумот, или некој ептен трет?
 
Абе едно прашање кое со години ме “мачи“, Пајо од фиф кој е, некој и од кајгана форумот, или некој ептен трет?
Мислам дека не е зачленет тука, иначе го имам на фб :)
 
http://www.juventusmk.com/juve/inde...-14-39&catid=40:2011-04-27-00-46-22&Itemid=82

Значи Јувентус.мк е на мој личен другар и секоја навреда кон него ке ја сметам како и персонална навреда... го постирам следново за да отвориме дискусија за горенапишаното и колку тоа држи вода. Според мене уште еден очаен обид да се наруши угледот на Интер. Дај нека дојде тој 18ти за да видиме какви докази поседуваат и со што ке се вадат овој пат.
 
Абе едно прашање кое со години ме “мачи“, Пајо од фиф кој е, некој и од кајгана форумот, или некој ептен трет?
Нема тука профил.
--- надополнето: Jul 5, 2011 3:05 AM ---
http://www.juventusmk.com/juve/index.php?option=com_content&view=article&id=385:2011-07-05-01-14-39&catid=40:2011-04-27-00-46-22&Itemid=82

Значи Јувентус.мк е на мој личен другар и секоја навреда кон него ке ја сметам како и персонална навреда... го постирам следново за да отвориме дискусија за горенапишаното и колку тоа држи вода. Според мене уште еден очаен обид да се наруши угледот на Интер. Дај нека дојде тој 18ти за да видиме какви докази поседуваат и со што ке се вадат овој пат.
Ма нек се гонат у пм :D Се шалам, не се знае се уште, искрено ги избегнувам статиите, плус се премногу нејасни зашто се користат правни термини кои со гугл транслејт е калакурница...
Не се замарај, и претходно требаше да го земат па ништо не се случи, имаше 100 мајки на разговори, 10 повлекувања, само го прљаат името на некој што не може да се брани, буквално се крена револуција во италија поради Факети кого премногу го почитуваат како личност, нешто како Занети им е.
Јас не се замарам, вие ако сакате, слободно :)
 
Луѓе судењето е завршено и пресудата е во корист на интер. Морати самиот изјави после судењето секој може што сака да изјави, но сепак бил разочаран од изјавата на еден поединец кој го валкал името на Фаќети

Да потсетиме дека сите оние разговори кои излегоа и на Морати и на Факети со официјалните лица од Федерацијата тој период не содржат нешто незаконско, потврдено и од Фудбалската Федерација а и од Судот во Неапол кои тие докази ги нарече ирелевантни, тој период таквите контакти биле дозволени и истите со закон се забранети дури по Калчополи.
 
Следете го презентирањето на Гасперини
--- надополнето: Jul 5, 2011 11:53 AM ---
gasperini.jpg
 
Тоа е тоа,плеј останува Весли,Алварез десно,Ето лево,Пацини централно.Е сеа средината Занети и Монтоливо ке ми направи мерак,лев Нагатомо,штопери Ранокија Лусио,десен ваљда Мајкон останува.
 
Ај со среќа нека ни е Алварез,се надевам ке покаже добри игри и ке помогне да го вратиме скудетото! Сепак ова е само второ засилување по Кастињос,се надевам Бранка и компанија ке го донесат и Банега бидејки играч во средина најмногу ни фали!
 
Не се радувам кој знае колку на Алварез бидејќи сепак е недокажан играч и кој знае како ќе се погоди односно ќе се воигрува со дедовците од средината на теренот..треба едноставно играчи кои ќе ги заменат Камбиасо и Занети а ако се ангажира Банега тогаш ќе бидиме на добар пат повторно да станиме конкурентен тим бидејќи сепак Банега е покреативен и поподвижен играч од аргентинските волци....како и да е добро е тоа што го освежуваат составот и мислат на иднината..јас догодина сеуште си се надевам на експлозивноста на Ето и на центаршутевите на Мајкон на кој ќе се надевам дека Пацини ќе ги решети головите...а на овие младите Аргентинци турете му куров додека не се вклопат во тимот....иначе ме радува тоа што земаме Аргентинци а не Бразлици:D
 
Добар е Алварез. Уште кога Венгер толку притискаше за него, неспорно е дека се работи за голем талент.
Исполнета е една желба на Занети, но сега го сака и Тевез во ИНтер :)
 
Добар е Алварез. Уште кога Венгер толку притискаше за него, неспорно е дека се работи за голем талент.
Исполнета е една желба на Занети, но сега го сака и Тевез во ИНтер :)
Многу ќе му се стори :)

Рики е одличен на youtube, претпоставувам дека ќе помине некое време додека научи како се игра тимски во Интер, дека не може да се заебава со 5-6 дефанзивци истовремено... после ќе си рече ебати фудбалот кај дојдов ја... после ќе падне во криза како Рики Кварезма и во депресија како Адриано... ќе го фати носталгија за дома... ќе се ожени предвреме со некоја манекенка која ќе го заебе за парите и ќе легне со друг фудбалер, онака од инает... и ако ги преброди сите овие работи од него ќе биде голем фудбалер...

Welcome Ricky! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom