Јас читав дека ќе сме го искористеле Вивиано за да го добиеме Паласио и ми се слоши.
За тие што не прочитаа добро уште еднаш: ќе сме го искористеле Вивиано за да го добиеме Паласио.
Страшно.
Ќути бре, таман почна колку толку асално да иде темава во тој контекст ...
Банега е следен, а најверојатно ќе се тргне и по Ламела, уште седат во Аргентина а Алварез е веќе договорен, во една ваква ситуација искрено свеедно е дали ќе дојде или не Паласио.
А Занети го бутка и Тевез во Интер, играч кој и дефинитивно ќе си оди од Сити, самиот тоа го изјави вчера и веќе се поздрави со фановите.
Само ако доаѓа Тевез некој над 20 милиони евра си оди, ја типувам на Маикон а и сакам да биде тоа Маикон, а не Снајдер, мада во случај да дојде Ламела, плус ангажманот на Алварез, искрено, тимот е скоро и комплетен, ако инвестираат нека инвестираат во уште едно име од средина на терен покрај Банега.
--- надополнето: Jul 6, 2011 12:39 AM ---
Читам некои сај-фај новости дека им нудиме 27 милиони + Вивијано на Арсенал за Фабрегас?
И како ке го употребиме Ламела за со трампа со Хамшик со Наполи? Така читав, или толку гугл транслејт знае да преведе...
Можно е, за Хамшик почна да се шпекулира откако претседателот на Наполи кажа дека ако некаде го продава во Италија тоа е Интер поради одличниот однос кој го има со Морати.
Али пари плус Ламела плус Мота или Пандев е некако пореално, а не само пари и Ламела, играч за кој и Наполи пројавија интерес периодов.
Мое мислење за Хамшик е дека и оваа сезона ќе си остане во Наполи, обезбедија место во ЛШ и тоа директно во фаза од групи одат така да мислам дека ќе ги задржат своите најдобри поединци и ова лето.