Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
И уште нешто дали отсекогаш Библијата е толкувана од страна на црквата метафорично или буквално? И како се толкува во црквата денес?
Библијата е толкувана произволно,зависи како повеќе им одговара,како што можеш да видиш и на форумот, кога ќе се наиде на стихови кои се нелогични од денешен аспект, или побиени од науката, тогаш изговорот е демек тоа било само една метафора и се мислело на нешто сосема друго.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не. Викам дека светлината како појава е создадена тогаш. Велам дека не само сонцето и ѕвездите даваат светлина.
--- надополнето: Jul 5, 2011 12:16 PM ---

А кои три дена кога растенијата не се создадени на првиот ден?
Ај кажи ми која светлина освен сончевата (и вештачките, направени од човекот) можат да бидат доволно силни, па да го осветлуваат овој свет...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ова е егоистичко мислење. Зошто мене, зошто не на некој друг? А и другите истото го мислат за себе. Најарно е да се прифати ситуацијата и да си видиш што можеш да направиш да ја подобриш.
Споменато како пример но најчесто слични се прашањата -зошто токму нему/нејзе, како се случило да жената не е рамноправна со мажот уште пред да згреши, а Бог (треба да) ги сака сите луѓе подеднакво, зошто змијата на почетокот е само полукава за отпосле да се јави како главен виновник во целата човекова историја, односно отпосле дознаваме дека бил сатаната во змијата која била малку полукава од другите животни кои исто биле лукави односно под влијание на сатаната но помало....Дали сме ние толку вон љубовта божја што се повеќе гинеме и се помлади, зашто едни (во просек скандинавските земји) живеат во изобилство и мир и се помалку им е гајле за Бога, а сиромавиот (просек балканците, африканците...далеку порелигиозни) во едно сопче или на улица борејќи се за основни услови за живот...со што тоа тој го заслужил или ќе добие награда во оној свет?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ни у школо не си одел. Не ме чуди - фундаменталните верници се обично осакатени во поглед на наука.
Пак вадиш погрешни заклучоци.
--- надополнето: Jul 5, 2011 12:45 PM ---
Дали сме ние толку вон љубовта божја што се повеќе гинеме и се помлади, зашто едни (во просек скандинавските земји) живеат во изобилство и мир и се помалку им е гајле за Бога, а сиромавиот (просек балканците, африканците...далеку порелигиозни) во едно сопче или на улица борејќи се за основни услови за живот...со што тоа тој го заслужил или ќе добие награда во оној свет?
Знаеш што зборувал Исус за земните добра нели? За материјалните богатства? Со ваквите богатства неможеме да си ги откупиме гревовите. Сево ова богатство е само за овој свет. Она богатство кое му е мило на Бога е духовното. Добрите дела, добрата мисла. Ние треба да целиме кон небесното, а не кон световното. Нам таму не чека наградата.

Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата!

Нека се радуваат неверниците во нивните материјални богатства, потоа друга ќе биде нивната судбина.Оти:

20:16 Така ќе бидат последните први, а првите последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.

Имаше еден од Светите отци многу убаво напишано за ова, мислам дека беше Јован Златоуст, во моментот неможам да го најдам. Кога ќе ми излезе пред очи, ќе ти го цитирам и него.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не. Викам дека светлината како појава е создадена тогаш. Велам дека не само сонцето и ѕвездите даваат светлина.
Ај кажи ми која светлина освен сончевата (и вештачките, направени од човекот) можат да бидат доволно силни, па да го осветлуваат овој свет...
И мене многу ме интересира одговорот.Или сепак тоа било уште една библиска метафора?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
И мене многу ме интересира одговорот.Или сепак тоа било уште една библиска метафора?
Светлината била создадена па туку така си стоела на Земјата... :ROFLMAO:

За да има светлина, треба да има извор на светлина. Толку е просто. А во библијата пишува нешто друго...
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Што ако отидеме во рајот, зошто Господ ја создал сета таа игра.... Која е целта на човековото обожување според христијанството?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библијата е толкувана произволно,зависи како повеќе им одговара,како што можеш да видиш и на форумот, кога ќе се наиде на стихови кои се нелогични од денешен аспект, или побиени од науката, тогаш изговорот е демек тоа било само една метафора и се мислело на нешто сосема друго.
Сите 66 Библиски книги, евентуално со исклучок на Откровението кое е потешко за анализа, се многу јасни и концизни и лесни за толкување. Метафората како стилска фигура јасно и лесно се препознава, како и во другите книги. Разликите во верувањата помеѓу католичката, православните и протестантските цркви најмалку, буквално најмалку се должат на поинакво толкување на некој библиски текст и обично тие разлики, кои што произлегуваат од поинаквото толквување, се од несуштинско значење.
Библијата е во склад со објективните и научно потврдените теории. Таа единствено се коси со Дарвинизмот за кој што знаеме дека не е научно потврдена теорија, иако Дарвинистите не го потврдуваат ова. Но не сите. Има и Дарвинисти кои признаваат дека Дарвиновата теорија не е научно потврдена.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Чорбаџија нема да навлегувам во детали, само еден прост пример, како змија што зборува е во склад со научните теории?Или и змијата е метафора?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
20:16 Така ќе бидат последните први, а првите последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.
Последните ќе бидат први - тие што не се брзале и небиле лакоми.
Првите - лакомите ќе бидат последни.
Ова се однесува за влез во рајот.
Ова е пишувано во време кога немало атеисти на земјата :)
Ова сега важи парцијално.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не. Викам дека светлината како појава е создадена тогаш. Велам дека не само сонцето и ѕвездите даваат светлина.
Точно така. Во Библијата не пишува дека светлината што била создадена во првиот ден била Сончева светлина. Каква била таа светлина не знаеме. Ние денес знаеме повеќе извори на светлина, и природни и вештачки: ѕвездите, космичко зрачење, сите атоми, лимунинсесија, биолимуненсенција, флуоресценција, фосфоросценција, Радиоактивно распаѓање, анхилација на честички и античестички итн. Сепак тоа не значи дека и оваа листа е исцрпна, дека овие се единствените. Овие се само оние кои ние луѓето ги познаваме.

Во Откровението на пример пишува вака:
„ Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.“ (Откровение 22:5, Библијата)

Имајте предвид дека доколку човек (Мојсеј) самостојно си го измислувал извештајот на создавањето во книгата Битие, тогаш тој сигурно немало да напише дека прво била создадена светлината, а потоа Сонцето, бидејќи во тоа време луѓето биле многу позависни од Сонцето за осветлување, отколку ние денес така што ако Мојсеј си пишувал од своја рака, тој ќе напишел прво Сонце, па после светлина. Ова е доказ дека тој не пишувал од своја рака што ќе му текнело, туку пишувал под Божествена инспирација, и покрај тоа што можеби тој тоа не го разбирал „научно“ како е можно да има светлина без Сонце.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Чорбаџија нема да навлегувам во детали, само еден прост пример, како змија што зборува е во склад со научните теории?Или и змијата е метафора?
Ех...да беше само тоа! А растенија создадени пред да биде создадено сонцето? А дрвен брод долг 137 метри, способен да собере милиони и милиони двојки од сите животни кој постоеле? А лавови, крокодили, тигри....што пасат трева?:) Све во склад со научни теории нели?:ROFLMAO:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Има вода и надвор од земјава. Има и на марс, има и на ко0метите, има и на сателитот Европа итн,,,
Не се прпелкај сега, ќе заличиш на Чорбаџија.

Во Библијата е јасно напишано. Горните води се разделени со сводот на кој се наредени ѕвездите. Над нив има вода која паѓа како дожд кога на Јахве така ќе му прдне.

Дали ти веруваш во ова што го тврди Генеза, а Генезо? Дали и ти веруваш дека над „сводот“ има вода која паѓа на земјата кога Јахве така ќе посака?

...или можеби си читнал нешто за метеорологија и кружното движење на водата во атмосферата?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom