Лудници

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Жално е и скандалозно да нема тема каде се обработува тематиката околу менталното здравје, поточно околу институциите задолжени со таа навидум...благородна дејност.
Во РМ егзистираат 4 лудници.

Психијатриска болница „Демир Хисар“, со долга и богата традиција, trademark на истимениот град...



Психијатриска болница “Скопје“ во атарот на село Бардовци, позната по името на селото кое ни криво ни должно станало синоним за ментални болештини...



Помалку позната за поширокиот аудиториум каде секако спаѓаат и идни пациенти е Нервно-психијатриската болница “Негорци“, Гевгелија...



Специјален завод “Демир Капија“, повторно во едно заборавено местенце познато по високи летни температури...



Порано имало уште една лудница во РМ, имам слушнато дека дел од денешниот ПМФ во Скопје бил лудница, а сега таму се држеле предавања на студенти...

Дали мислите дека бројот на лудници во РМ е доволен или треба да се отворат и нови, што не би исклучило и проширување на постоечките капацитети?
Дали сметате дека третманите на умоболните таму се во ред, даваат резултати, или треба да се воведат нови форми на лечење на институционализираните?
Има сето тоа некаков ефект или само привремено или трајно се изолираат лудите од општеството?
На каков став сте околу бројот на пациенти во наредниве години, посебно од оние крајни случаи (порано познати на запад како criminally insane) ќе се наголемува или е достигнат peak madness и нивниот број ќе стагнира?
Приватни иницијативи во овој сектор (санаториуми) ?
 
S

smexy

Гостин
Некако,работата на овие институции,засега е надвор од дофат за оние кои не се директно засегнати со нив.Како и резултатите од неа.
 
T

Tetro

Гостин
Жално е и скандалозно да нема тема каде се обработува тематиката околу менталното здравје, поточно околу институциите задолжени со таа навидум...благородна дејност.
Во РМ егзистираат 4 лудници.
+ 1 во Штип. Го викаат "нервното", се наоѓа на патот накај населба "Баби".
http://www.stip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1228:2011-04-08-09-01-08&catid=93:nastani&Itemid=109&lang=mk

Слика не можам да најдам, ќе замолам некој Штипјанец да набави. :D
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Незнам за другите душевни болници, ама знам дека од Бардовци нема излезено некој излечен.
Мислам дека квантитетот не е битен, може да има и 2 болници во нашата република и да функционираат. Овака и 10 да има џабе кога нема резултати. А сега пред 1 несела бев до Бардовци и се реновира еден објект као тамо ке биде по модерно.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Само не знам... дали лудницата се наоѓа во или вон границите на овие институции?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
+ 1 во Штип. Го викаат "нервното", се наоѓа на патот накај населба "Баби".
http://www.stip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1228:2011-04-08-09-01-08&catid=93:nastani&Itemid=109&lang=mk

Слика не можам да најдам, ќе замолам некој Штипјанец да набави. :D
Мала забелешка, во склоп на повеќето градски болници постои “нервно“ одделение, овде зборуваме за специјализирани установи кои се бават со лудило...
 
T

Tetro

Гостин
Мала забелешка, во склоп на повеќето градски болници постои “нервно“ одделение, овде зборуваме за специјализирани установи кои се бават со лудило...
Како што имам забележано, институцијата во Штип е баш од тој карактер, таму лежат пациенти и местото е баш така заградено.

Не сум поминал од таму едно 7-8 години, немам свежи информации. :D
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како што имам забележано, институцијата во Штип е баш од тој карактер, таму лежат пациенти и местото е баш така заградено.

Не сум поминал од таму едно 7-8 години, немам свежи информации. :D
Таа е дел од инстутуција која се бави со здравствени услуги, можеби е посебен објект но не е специјализирана установа за таа намена.
Обично по “нервни“ оддели се лекуваат краткорочни лудила, понекогаш мислам и алкоси и џанаци се третираат, а ако третманите и терапиите не се успешни, се упатуваат во една од 4-те специјализирани установи, према оценка на надлежниот психијатар...
--- надополнето: Jun 13, 2011 7:31 PM ---
Само не знам... дали лудницата се наоѓа во или вон границите на овие институции?
Можеби лудилото ќе стане мејнстрим и луднициве ќе станат redundant нешто како загубарите...
Освен ако веќе не е...
лудницата надвор од решетките на установите...
Имаше интересни забелешки кај Коељу околу таа појава во една книга негова...
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
лудаци ти се технолошки вишок во нервните одделенија во болниците
 
С

сашенко

Гостин
Незнам за другите душевни болници, ама знам дека од Бардовци нема излезено некој излечен.
Мислам дека квантитетот не е битен, може да има и 2 болници во нашата република и да функционираат. Овака и 10 да има џабе кога нема резултати. А сега пред 1 несела бев до Бардовци и се реновира еден објект као тамо ке биде по модерно.
Тоа веќе не е болница за лечење тоа е логор за истребување.Ги чуваат некое време таму додека не скинат конци и ги "одржаваат луди".
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Како што имам забележано, институцијата во Штип е баш од тој карактер, таму лежат пациенти и местото е баш така заградено.

Не сум поминал од таму едно 7-8 години, немам свежи информации. :D
Немаш врска,тоа не е душевна болница туку е Нервно одделение во склоп на Клиничкиот центар Штип
 
S

Sagan

Гостин
“Part of being sane, is being a little bit crazy.”

Шегата настрана, ова “лудници“ звучи многу страшно, а и “луди“ е ... :eek:
Психијатрски болници и психички болни. Да бидеме по коректни.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Менталните институции горе доле сегде у светот се за нигде така да не е чудно шо се шит у МК.
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Малце оф топик.
Некој нека го најде клипот каде што пациент од болницата во Бардовци привлече еден автобус на грчки новинари и националисти поради тоа што изјавуваше дека Македонија била грчка. Ова беше пред 2 години ако не се лажам!
Како се смеев на то! Па овие јужниве соседи се поголеми пациенти од вистинските пациенти во болницата!:ROFLMAO:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јас некако имам впечаток дека нашиве лекарски установи за ментално здрајве се повеќе затвори за психички болни лица отколку болници. Имаше многу матни и мрачни приказни по телевизииве и весниците за тоа што се случува внатре. А кој би му поверувал на психички болен??? Препуштен е на добрите лекари и на уште подобрите цимери. Ако е така, а има веројатност да биде така, жално е и срамно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom