Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Вратоломии и измрдувања и лични толкувања 1000
Убаво си пишува

24 Па, како што Црквата Му се покорува
на Христос, така и жените да им се
покоруваат на своите мажи во се’.

џабе оправдувања, џабе толкувања, јасно е писмото


Nekoi toa go pravele kako sto treba...:D
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Имам прашање за Христијаниве (мртов озбилен сум не се зезам)

Кога е последната промена во новиот завет, т.е. од кога е новиов завет ваков каков што е денес?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Lurc ateist da ne stana?
јок ја. имам вакви испади одвреме навреме, на периоди:)...Проблем е што и јас имам очи да видам одредени неправилности за оние последни прашања (па и одредени други дилеми во врска со некои религиозни толкувања и случувања). Едноставно нигде во текстот не е наведено дека змијата е под влијание на лукавиот туку е полукава од другите животни (кои, според текстот, исто така биле лукави). Оригиналите инспирирани директно од Бога, Божјиот Збор, се најверојатно уништени или сокриени, изгубени од јавноста. Што пишувало во нив и дали токму оригинално се прикажани зборовите и во копиите или постојат поголеми отстапувања, никој не знае. Верувам дека во оригиналите, некои нешта биле поинакви.
Сеуште верувам (пошто се базира на верување) во Господ Бог и Неговата Волја, сеуште се сомневам (пошто се базира на факти и материјални докази од многу области) во во диносаурусите и супата и начинот на кој се презентираат овие настани...затоа ако Бог е добар, зошто го чини она што го чини, посебно врз кротките и обични луѓе, зошто и за што казнува. Никогаш нема да го сфатам ова.
Додуша нас кои не сме тврди верници ниту тврди атеисти не не сакаат ни во атеисти ни во верници пошто не се држам ниту до вернички ниту до атеистички догми.
--- надополнето: Jul 5, 2011 6:55 AM ---
Неизбежно е....... за разумните.
разумот, умот бара постојано преиспитување на ставовите и можните грешки. Како што се се менува и развива, така би требало да постапуваме и со разумот. Кога би се споредиле со папагалот (најбрзо што ми текна за споредба :)), дури и тој со време учи нови зборови и изрази.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Вратоломии и измрдувања и лични толкувања 1000
Убаво си пишува

24 Па, како што Црквата Му се покорува
на Христос, така и жените да им се
покоруваат на своите мажи во се’.

џабе оправдувања, џабе толкувања, јасно е писмото
Ова е напишано пред многу стотици години:) И според мене е буквално точно и токму тоа значи ПОКОРУВАЊЕ НА МАЖОТ ВО СЕ (и на сите негови желби и хирови). Впрочем историјата и покажува дека и така се живеело, мажот е доминантен историски гледано во секој поглед, и денеска има по некои од селата ваков тип на живот. Ова е едноставно закон на посилниот. Како посилна единка мажот имал право да владее со жената и толку. ТОа што сега се изменети работите е друг момент.

Ако тргнеме од фактот дека секако овој стих од библијата е точен во буквална смисла и ја кажува токму таа доминација на мажот и можноста да "владее" со жената и да ја покорува, тогаш е неопходно ново толкување во овој 21 век, на овој стих дека во себе има метафора и не е точен во буквална смисла.

Ме интересира ако библијата е напишана во метафора целата, (а тоа е доста напредно пишување за тој период од историјата) има ли толкувања на тие метафори кои се еднозначни. Има ли некој таков "речник" на толкувања кој би кажал ако прочиташ покори се значи тоа и тоа, ако пишува змија тоа значи синоним на лошото итн...?
И уште нешто дали отсекогаш Библијата е толкувана од страна на црквата метафорично или буквално? И како се толкува во црквата денес?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Имам прашање за Христијаниве (мртов озбилен сум не се зезам)

Кога е последната промена во новиот завет, т.е. од кога е новиов завет ваков каков што е денес?
Да, има: тековно се користи фонтот „Мак Ц тајмс„ а пред 1200 г. се користел „хенд фонт„.
Мртов озбилен сум де....
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако тргнеме од фактот дека секако овој стих од библијата е точен во буквална смисла и ја кажува токму таа доминација на мажот и можноста да "владее" со жената и да ја покорува, тогаш е неопходно ново толкување во овој 21 век, на овој стих дека во себе има метафора и не е точен во буквална смисла.
Ако секое време, и секои различни прилики, бараат различно толкување, зависно од потребите, тогаш толку од „едната и вечна вистина“.
--- надополнето: Jul 5, 2011 7:21 AM ---
Да, има: тековно се користи фонтот „Мак Ц тајмс„ а пред 1200 г. се користел „хенд фонт„.
Мртов озбилен сум де....
Неточен одговор, може некој знае....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И уште нешто дали отсекогаш Библијата е толкувана од страна на црквата метафорично или буквално? И како се толкува во црквата денес?
Црквата и денес го толкува Писмото и буквално и метафорично, затоа што Писмото е пишувано под вдахновение од старозаветните пророци и патријарси и новозаветнтите Апостоли, така да она учење кое доаѓа од Бога до човекот, никогаш не е еднозначно, туку е повеќе значно, дури и кога е искажано и напишано на едноставен јазик. Откровението Јованово, на пример, допрва ќе биде истолкувано и видено.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Црквата и денес го толкува Писмото и буквално и метафорично, затоа што Писмото е пишувано под вдахновение од старозаветните пророци и патријарси и новозаветнтите Апостоли, така да она учење кое доаѓа од Бога до човекот, никогаш не е еднозначно, туку е повеќе значно, дури и кога е искажано и напишано на едноставен јазик. Откровението Јованово, на пример, допрва ќе биде истолкувано и видено.
Токму тоа го прашувам, откаде ќе знаеме кој дел е метафоричен и дали даденото толкување е вистинското. Примерот со покорувањето на мажот беше одличен во таа смисла. Денес секако се толкува метафорично, но дали и претходно е така толкуван?
 
S

smexy

Гостин
Библијата е базирана на еврејската кабала.Така и треба да се толкува.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако секое време, и секои различни прилики, бараат различно толкување, зависно од потребите, тогаш толку од „едната и вечна вистина“.
..
Затоа и прашувам дали се е метафорично или се е буквално:)
Ако се е метафорично дали знаеме што на што е синоним и на крајот н акраиштата во сета таа метафора дали некој воопшто знае во црквите да ј апрочита библијата како што треба?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И тоа е за тебе рамноправност?!Тоа значи дека, како што пиша Кајзер, постои една хиерархиска структура, Бог е на врвот, нему сите му се покоруваат, следи мажот, кој се покорува само на Бог и најдолу е жената која им се покорува и на мажот и на Бог.Како може тоа да биде рамноправност?Мики, Мики, остави ја малку Библијата, земи некој речник во рака, почна да мешаш основни поими....
Мачорка,
ако мојте одговори не Ти се по кеифот. што е очигледно, тогаш тоа и не е мој проблем, туку Твој. :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Исто интересно е дали 10 те божји заповеди се буквални или можни се отстапки?
Дали е ист грев ако убиеш во самоодбрана и убиеш од задоволство?
Дали е ист грев ако излажеш затоа што сметаш дека тоа ќе биде позитивно за тебе или за другата личност?
Дали е ист грев ако украдеш од некој што има премногу стекнато со помош на крадење?

Ако е одговорот ДА тогаш се руши целиот концепт на постоење на морални вредности?

А ако одговорот е НЕ (како што претпоставувам) од кај ќе знам колкав е мојот грев, и дали некој на Земјава (пред се црковните лица) има можност да каже колкав е гревот и да држи неговото кажано. И дали се ќе се сведе на барање прошка и исповед и каење за стореното дело? И дали и убиецот од задоволство а не од потреба, или крадецот на големо откако ќе се покае искрено ќе биде ист со оној помалиот грешник пред Христовиот суд? Има ли црквата толкување за овие работи?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Стриот завет е пишуван врз мотиви од вавилонските свети книги, кои, пак, се пишувани врз мотиви од сумериските свети книги. Овие, не се знае врз чии мотиви се пишувани.

Тоа ти е како приказните на браќата Грим. Приказни кои се народно творештво во еден момент се ставени на хартија и оттогаш се релативно стабилни како приказни.

Книгата Генеза е калакурница од мотиви од неколку цивилизации.

Толку околу буквалноста или метафоричноста.

Ако ве интересираат изворни митови на креација, читајте ги абориџините или митовите на амазонските племиња. Тие барем не се редактирани според потребите на моќниците.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom