- Член од
- 6 април 2009
- Мислења
- 6.146
- Поени од реакции
- 2.985
Реков дека Ноле ќе го потврди првото место со освојување на Вимлдон. Докажа уште еднаш дека е најдобар оваа година.
ме смејш...фан на рафа сум бил ....лол. Ако британецот ми е асоцијација на губитник(што нема победено догло време битен натревар) не значи дека го фаворизирам шпанецот...Овие сите се фанови на Надал (99,9%) .. За што зборувавме, за почит ??
Добар, добар пост, солиден и на место објаснато... Јас искрено мислам дека Роџер го нема кажано последниот збор и ми е мило што имаме тројца врвни тенисери, во имињата на Новак, Рафаел и Роџер... И да, конечно да го кажам и ова, од страната на мајка ми, половина сум Србин...Сите вие, фановите на Роже, на Ноле и на Надал... смирете ги малку страстите и погледнете ја пошироката слика...
А пошироката слика покажува дека машкиот тенис е во ренесанса.
Како по некакво сценарио денеска имаме еден занимлив круг во кој секој има некаква ахилова пета, некаков личен Немесис.
Надал го има Ѓоковиќ,
Федерер го има Надал
Ѓоковиќ го има Федерер (па и Мареј)
Секој има некаква слаба точка. Федерер со агресивната игра е непријатен за Ѓоковиќ, Надал со упорноста и самодовербата е непремостива пречка за Федерер, а Ѓоковиќ со својата дрскост, ментална стабилност, форма и беспрекорен ритурн/фантастичната бекенд-дијагонала е ноќна мора за Рафа.
Тениските љубители можат само да се насладуваат на ваквата поставеност. Во последнава година гледавме вкупен број на супер-квалитетни мечеви како претходните 3 години заедно. Сите мечеви на Рафа/Ноле беа вистинско уживање и права борба на терените од Америка до Лондон. Непобедливоста на Ѓоковиќ нарушена од најдобриот играч во историјата со разнишана самодоверба и „само“ третото место на АТП, нова доминација на Надал на црвениката во Парис, изнемоштувачки гладијаторски спектакл меѓу Мареј и Ноле во Рим... Се изнагледавме екстра-тенис годинава (можеби е штета, без ова да делува контра-Ѓоковиќ, што на пехарите се запиша се едно те исто име веќе 6 месеци).
Вакво сценарио, ќе се сложите неможеше да предвиди никој, токму затоа и олку сум возбуден со ситуацијата во АТП тенисот во овој момент.
Секој поседува некаков криптонит.
1. Надал покажа (и призна) дека Ѓоковиќ во вакво издание е едноставно неверојатно тешко да го победиш со играта што ја поседува шпанецот. Ѓоковиќ многу лесно, скоро природно, излегува на крај со спинуваните паралелни и дијагонални форхенди на Рафа, тоа нормално на Надал му го одзема најсилното оружје покрај менталната сила и издржливоста. За Надал пак е кобно тоа што Ѓоковиќ супер-рано го удира топчето. Бекенд дијагоналата која од Индијан Велс до Вимболдон функционираше застрашувачки ефектно е веројатно еден од најспектакуларните удари кои сум ги видел во мојот живот. Надал на тоа нема никогаш да одговори... независно од формата на било кој од двајцата.
2. Комплексот на Федерер од Надал е одамна познат, а во последно време гледам и јавно признат од многу авторитетни фигури во тенисот. Федерер против Надал, најпросто кажано, ја нема психолошката предност врз шпанецот како што редовно ја има против сите други тенисери кои се натпреваруваат на АТП турнејата. Силниот спин кој Рафа го дава на топките, и неуморното тестирање на бекендот на швајцарецот нормално не помага. Федерер има игра со која може да го победи Надал, а тоа е агресивност, сервис-волеј и раното пречекување на топчето... за жал Роже многупати наназад има докажано дека психолошкиот фактор секогаш го победувал и дека секогаш се враќал во релакс-зоната, која всушност е најголемата предност на Надал. Плус одсекогаш се чудев како е можно Роже да има толку многу невозвратени сервиси кога Надал против него сервира само на две „едни те исти“ места... Се е во главата.
3. Федерер покажа на Роланд Гарос дека може да го победи Ѓоковиќ, дури и кога овој се наоѓа во својата „непобедлива“ форма. Психолошки е спремен да игра со србинот, неговата игра е делотворна против Ноле и покриен е на сите места на кој Надал против Ѓоковиќ е кус. Форхендот на Роже е многу поубоит од Надал, сервисот е многу поразновиден и моќен и исто така обожава да влезе во теренот и да ја диктира играта со што Ѓоковиќ губи време да се намести правилно на теренот за секој следен удар. Движењето и позиционирањето пак на Федерер, како и секогаш е беспрекорно, што му дава поголем избор на удари, а истовремено и „специјалниот“ удар на Ноле (бекенд-дијагоналата) е помалку ефективна против Роже бидејќи швајцарецот повеќе внимава на својата бекенд страна па Ѓоковиќ има помалку можности за ефикасно пласирање на тој удар. Сепак разликата помеѓу Федерер и Ѓоковиќ, според мое мислење, е многу помала отколку разликата помеѓу Ѓоковиќ и Надал, но мислам дека Федерер сеуште ја има менталната и тактичката предност врз србинот.
Тука не завршува феноменалното сценарио на сегашниот машки тенис. Немојте да ги заборавите имињата на Мареј, Дел Потро, Гаске, Содерлинг или Бердих. Дел од нив сеуште ја тражи својата топ-форма, а дел од нив на добар ден можат да победат било кој од водечкото трио.
Крајот на овој Вимболдон остава отворен пат за уште подобар тенис. Сите имаат свои амбиции и работи за докажување (што не беше случај пред година-две). Надал ќе сака да го врати првото место, Ноле ќе сака да ја продолжи оваа незаборавно-успешна година, Федерер ќе сака да демонстрира дека сеуште може да излезе како победник во битка со овие млади тениски-ѕверови (немојте да мислите и дека не е бесен што е толку далеку од неговото „богом дано“ прво место во машкиот тенис, Мареј сака да се замеша, Дел Потро се враќа со големи чекори и огромна мотивираност, Содерлинг е гладен за уште едно гренд-слем финале...
Претходно беа Федерер и Надал и во тој клуб немаше можност за нови членови. Едниот ги имаше тврдите подлоги, другиот ја имаше шљаката... Сега тука се некои нови клинци, и ниту Федерер е непобедлив на тревата во Лондон или на синтетиката во Њујорк, ниту Надал е суверен на земјата од Монте Карло до Роланд Гарос.
Не очекува спектакуларен тенис, токму за тоа сум благодарен што се појави Ѓоковиќ и што го наруши комодитетот на водечките.
Секој љубител на тенисот треба да биде благодарен на тоа...
Знам дека немаш што да кажеш, и мораш на навреди, али ок. Не знам што да ти кажам друго, очигледно денес вриеше од нервоза што индијанецот изгуби 5-ти по ред дуел со Џокович, па дојде да се истуриш на форум. Трпи си, што да ти кажам друго.толку ти тежи мозокот
99,9 проценти реков.ме смејш...фан на рафа сум бил ....лол. Ако британецот ми е асоцијација на губитник(што нема победено догло време битен натревар) не значи дека го фаворизирам шпанецот...
Јас немам што да ти кажам едноставно ДАЈ ПОРАСНИ.Имаш фејсбук за такви работи и убаво ти пишав дека од нас зависи колку квалитетна дискусија ке имаме на форумов затоа ако имаш нешто паметно да кажеш ок ако не да не им го расипуваме муабетот на другите.Стално некои други се пуштаат и ја читаат темава и кога конечно муабетот убаво се разви да не ја расипуваме сликата ок?Сега гледам зошто ретко кој ти реплицира на твоите постови.Едноставно муабетот ти иде спротив ветрот другар.Знам дека немаш што да кажеш, и мораш на навреди, али ок. Не знам што да ти кажам друго, очигледно денес вриеше од нервоза што индијанецот изгуби 5-ти по ред дуел со Џокович, па дојде да се истуриш на форум. Трпи си, што да ти кажам друго.
ПС. Уште еднаш да ти го поздравам аватарот. Го имаш тенисерот број 1 во светот, браво.
--- надополнето: Jul 4, 2011 12:04 AM ---
99,9 проценти реков.
Грешиш што ги спомнуваш само Ноле, Федекс и Надал.Е да, за УС Опен, мислам дека ќе биди најнеизвесен... Шансите Роџер да го освои се големи, иако го отпишуваме пред време... Новак ќе игра голема улога тука.. Поради подлогата, не мислам дека Рафа ќе има некоја голема улога, но ќе видиме... Иначе Рафа и од тука брани поени, и тоа шампионски поени.. Ако лани Новак стигна до финале, мислам дека е можно оваа година да ја заврши, како комплетно негова..
Но до 29ти август има време..
Едит: Мило ми е што на темава напишавме повеќе од 50 страници.. Тоа значи дека има тениски фанови кај нас
??????^^ Уште еднаш ја покажа својата неписменост,вадиш од контекст мислење а и сликата не е поставена со никаква провокација,само кажува мој став и на сите познавачи на тенисот освен попалени новосоздадени фанови на Ноле.