Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Реков дека Ноле ќе го потврди првото место со освојување на Вимлдон. Докажа уште еднаш дека е најдобар оваа година.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Критики за играта на Надал дадовме,поштено им честитавме на фановите на Ноле и јасно кажавме дека е моментално заслужено на првата позиција.Секоја чест за тоа од која земја стана врвен тенисер и дека многу направи за самата земја и дека после него тенисот е број 1 во Србија.
Но знаете како ни возвратија тие негови фанови.Глеам на ФБ триста заебанции мислиш го фати Господ за јајца,погрдни зборови препотентно шпанско копиле(не знам од каде само ова),црна дупка на тенисот и не знам што.Све ми е јасно навивајте за него,оставите политика сепак тој како индивидуа и спортист е голем но како само може да се стави во рамниште со Надал и Федерер.Мојот последен пост ќе го завршам со ова.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Лично за мене, како голем фан на Ноле, освојување на уште 4-5 Гренд Слем турнири до крајот на неговата кариерата, ќе биде успех. Точно дека го игра најдобриот тенис моментално, и затоа е и прв на АТП, но неможе да се споредува со Рафа и Роже околу големината (барем засега)... Психички покасно созреа од овие двајца и затоа и покасно почна да освојува титули, а има уште добри 5-6 години квалитетен тенис за играње (минимум уште добри 20 Гренд Слеми пред него), така да ако продолжи вака да ги убива противниците, особено тој главниот :), тогаш можеби и ќе ги надмине мојте очекувања... (y)

Другата година ќе треба да брани доста поени, но лично за мене АТП ранкингот не ми е битен (нормално дека посакувам да биде што подолго на првото место, но никој незнае дали наредната година ќе го понови овој успех, посебно на Мастерсите), посакувам само да биде убедлив на Гренд Слем турнирите, како што го прави тоа оваа година... ;)

И, пак ќе напоменам, оваа година ми е жал само за поразот од Федерер во полуфиналето на Роланд Гарос (друго и нема што да ми е жал барем до сега, единствен пораз му е), бидејќи сум сигурен дека ќе го победеше Надал и во тоа финале :)
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Сите вие, фановите на Роже, на Ноле и на Надал... смирете ги малку страстите и погледнете ја пошироката слика...
А пошироката слика покажува дека машкиот тенис е во ренесанса.
Како по некакво сценарио денеска имаме еден занимлив круг во кој секој има некаква ахилова пета, некаков личен Немесис.
Надал го има Ѓоковиќ,
Федерер го има Надал
Ѓоковиќ го има Федерер (па и Мареј)
Секој има некаква слаба точка. Федерер со агресивната игра е непријатен за Ѓоковиќ, Надал со упорноста и самодовербата е непремостива пречка за Федерер, а Ѓоковиќ со својата дрскост, ментална стабилност, форма и беспрекорен ритурн/фантастичната бекенд-дијагонала е ноќна мора за Рафа.
Тениските љубители можат само да се насладуваат на ваквата поставеност. Во последнава година гледавме вкупен број на супер-квалитетни мечеви како претходните 3 години заедно. Сите мечеви на Рафа/Ноле беа вистинско уживање и права борба на терените од Америка до Лондон. Непобедливоста на Ѓоковиќ нарушена од најдобриот играч во историјата со разнишана самодоверба и „само“ третото место на АТП, нова доминација на Надал на црвениката во Парис, изнемоштувачки гладијаторски спектакл меѓу Мареј и Ноле во Рим... Се изнагледавме екстра-тенис годинава (можеби е штета, без ова да делува контра-Ѓоковиќ, што на пехарите се запиша се едно те исто име веќе 6 месеци).
Вакво сценарио, ќе се сложите неможеше да предвиди никој, токму затоа и олку сум возбуден со ситуацијата во АТП тенисот во овој момент.
Секој поседува некаков криптонит.
1. Надал покажа (и призна) дека Ѓоковиќ во вакво издание е едноставно неверојатно тешко да го победиш со играта што ја поседува шпанецот. Ѓоковиќ многу лесно, скоро природно, излегува на крај со спинуваните паралелни и дијагонални форхенди на Рафа, тоа нормално на Надал му го одзема најсилното оружје покрај менталната сила и издржливоста. За Надал пак е кобно тоа што Ѓоковиќ супер-рано го удира топчето. Бекенд дијагоналата која од Индијан Велс до Вимболдон функционираше застрашувачки ефектно е веројатно еден од најспектакуларните удари кои сум ги видел во мојот живот. Надал на тоа нема никогаш да одговори... независно од формата на било кој од двајцата.
2. Комплексот на Федерер од Надал е одамна познат, а во последно време гледам и јавно признат од многу авторитетни фигури во тенисот. Федерер против Надал, најпросто кажано, ја нема психолошката предност врз шпанецот како што редовно ја има против сите други тенисери кои се натпреваруваат на АТП турнејата. Силниот спин кој Рафа го дава на топките, и неуморното тестирање на бекендот на швајцарецот нормално не помага. Федерер има игра со која може да го победи Надал, а тоа е агресивност, сервис-волеј и раното пречекување на топчето... за жал Роже многупати наназад има докажано дека психолошкиот фактор секогаш го победувал и дека секогаш се враќал во релакс-зоната, која всушност е најголемата предност на Надал. Плус одсекогаш се чудев како е можно Роже да има толку многу невозвратени сервиси кога Надал против него сервира само на две „едни те исти“ места... Се е во главата.
3. Федерер покажа на Роланд Гарос дека може да го победи Ѓоковиќ, дури и кога овој се наоѓа во својата „непобедлива“ форма. Психолошки е спремен да игра со србинот, неговата игра е делотворна против Ноле и покриен е на сите места на кој Надал против Ѓоковиќ е кус. Форхендот на Роже е многу поубоит од Надал, сервисот е многу поразновиден и моќен и исто така обожава да влезе во теренот и да ја диктира играта со што Ѓоковиќ губи време да се намести правилно на теренот за секој следен удар. Движењето и позиционирањето пак на Федерер, како и секогаш е беспрекорно, што му дава поголем избор на удари, а истовремено и „специјалниот“ удар на Ноле (бекенд-дијагоналата) е помалку ефективна против Роже бидејќи швајцарецот повеќе внимава на својата бекенд страна па Ѓоковиќ има помалку можности за ефикасно пласирање на тој удар. Сепак разликата помеѓу Федерер и Ѓоковиќ, според мое мислење, е многу помала отколку разликата помеѓу Ѓоковиќ и Надал, но мислам дека Федерер сеуште ја има менталната и тактичката предност врз србинот.

Тука не завршува феноменалното сценарио на сегашниот машки тенис. Немојте да ги заборавите имињата на Мареј, Дел Потро, Гаске, Содерлинг или Бердих. Дел од нив сеуште ја тражи својата топ-форма, а дел од нив на добар ден можат да победат било кој од водечкото трио.
Крајот на овој Вимболдон остава отворен пат за уште подобар тенис. Сите имаат свои амбиции и работи за докажување (што не беше случај пред година-две). Надал ќе сака да го врати првото место, Ноле ќе сака да ја продолжи оваа незаборавно-успешна година, Федерер ќе сака да демонстрира дека сеуште може да излезе како победник во битка со овие млади тениски-ѕверови (немојте да мислите и дека не е бесен што е толку далеку од неговото „богом дано“ прво место во машкиот тенис, Мареј сака да се замеша, Дел Потро се враќа со големи чекори и огромна мотивираност, Содерлинг е гладен за уште едно гренд-слем финале...
Претходно беа Федерер и Надал и во тој клуб немаше можност за нови членови. Едниот ги имаше тврдите подлоги, другиот ја имаше шљаката... Сега тука се некои нови клинци, и ниту Федерер е непобедлив на тревата во Лондон или на синтетиката во Њујорк, ниту Надал е суверен на земјата од Монте Карло до Роланд Гарос.
Не очекува спектакуларен тенис, токму за тоа сум благодарен што се појави Ѓоковиќ и што го наруши комодитетот на водечките.
Секој љубител на тенисот треба да биде благодарен на тоа...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.428
Поени од реакции
6.073
Овие сите се фанови на Надал (99,9%) .. За што зборувавме, за почит ??
ме смејш...фан на рафа сум бил ....лол. Ако британецот ми е асоцијација на губитник(што нема победено догло време битен натревар) не значи дека го фаворизирам шпанецот...
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772

Добар, добар пост, солиден и на место објаснато... Јас искрено мислам дека Роџер го нема кажано последниот збор и ми е мило што имаме тројца врвни тенисери, во имињата на Новак, Рафаел и Роџер... И да, конечно да го кажам и ова, од страната на мајка ми, половина сум Србин... :)
--- надополнето: Jul 4, 2011 12:00 AM ---
Сакам при крај да објавам три текста, кои соодествуваат со овој настан...

Првиот е со наслов „Најдобрите финалиња на Вимболдон, во последните 20 години“ - и оди вака :

992 година - Андре Агаси – Горан Иванишевиќ 3-2 (6:7, 6:4, 6:4, 1:6, 6:4)
Со препознатлива игра од основната линија, Агаси стрпливо ја дочека победата и покрај убиствениот сервис на хрватскиот тенисер. По разочарувачки загубениот прв сет во тај брејк, Агаси направи пресврт и дојде до предност од 2:1. Хрватот се врати во игра добивајќи го четвртиот сет пред се благодарение на својот фантастичен сервис. Сепак, Агаси покажа повеќе трпение и на крајот дојде до првиот триумф на тревата на „Ол Ингланд Клубот“.

2001 година - Горан Иванишевиќ – Патрик Рафтер 3-2 (6:3, 3:6, 6:3, 2:6, 9:7)
По речиси три часа игра Рафтер упати форхенд во мрежата што значеше крај на финалето и огромна радост за Иванишевиќ. Иако на стартот на турнирот сите му даваа минимални шанси на Иванишевиќ, сепак овојпат тој ја искористи својата шанса и стигна до највредниот трофеј во неговата кариера. По мечот Австралиецот изјави, „Некој мораше да го загуби овој меч и за жал тоа бев јас”.

2007 година - Роџер Федерер – Рафаел Надал 3-2 (7:6, 4:6, 7:6, 2:6, 6:2)
Ривалитетот на двајцата тенисери достигнуваше кулминација. Откако Федерер тесно ги добиваше првиот и третиот сет, Шпанецот на два пати се враќаше во игра. Сепак, швајцарскиот ас не дозволи да му побегне од рацете 5-от последователен триумф на Вимблдон и да го изедначи рекордот на Бјорн Борг. Гледачите на трибините гледаа врвен тенис 3 часа и 45 минути во кој на крајот славеше веќе и очигледно крајно физички истрошениот Швајцарец. При резултат 2:2 вo петтиот сет Федерер спаси четири брејк топки и со неколку фантастични форхенд удари стигна до пресврт а на крајот и до конечен триумф.

2008 година - Рафаел Надал – Роџер Федерер 3-2 (6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7)
Според многумина ова е највозбудливото и најдобро финале во историјата на Вимблдон. Меч што траеше најдолго, 4 часа и 48 минути со неколку прекини поради дождпт, но исто така и финале со многу пресврти. Надал имаше предност од 2:0 во сетови по што следуваше прекин поради дожд. Во продолжението, Федерер изнајде сили да стигне до 2:2 и се избори за петти сет. Во последниот сет беше видена гладијаторска борба на двајцата големи шампиони во која на крајот сепак славеше Шпанецот и ја прекина доминацијата на Швајцарецот.

2009 година - Роџер Федерер – Енди Родик 3-2 (5:7, 7:6, 7:6, 3:6, 16:14)
Иако Енди Родик на овој турнир играше брилијантно тоа не беше доволно за комплетен успех против семоќниот Федерер. За него ова беше трет обид да стигне до својот прв триумф на Вимблдон. Родик добро го почна мечот и го доби првиот сет. Во следните два Шајцарецот имаше повеќе нерви и во двата тај брејка беше поуспешен за водство од 2:1. Четвртиот сет го доби Родик за израмнување на 2:2, додека петтиот сет беше вистинска битка на теренот во која беа видени дури 30 гејмови, а победник по големата борба беше Федерер за кого тоа беше рекордна 6-та титула на Вимблдон.

Автор: Марјан Димовски - благодарност

Вториот е мислењата на светот, скоцкани во совршено добро размислување со наслов „Квитова предобра за Шарапова“ - и оди вака :

Петра Квитова ја изнанеди Марија Шарапова во женското финале на Вимблдон и дојде до својата прва Грен Слем титула. Чешката тенисерка лани загуби во полуфиналето, но денеска прикажа брилијантен тенис против Русинката за победа од 2-0, по сетови 6:3 и 6:4. Шарапова се надеваше на својата втора титула на неофицијалното светско првенство во тенис, седум години по нејзиниот изненадувачки триумф, кога имаше само 17 години. Сепак Русинката немаше шанси против 21-годишната тенисерка, која физички беше многу посилна и дефинитвно повеќе ја посакуваше титулата. Сервисот ја предаде Шарапова во првиот сет, но и покрај тоа што силно се бореше во вториот, Квитова во ниту еден момент не дозволи да биде загрозена.

„Навистина е тешко да се кажат вистинските зборови во овој момент“, изјави новата шампионка на Вимблдон веднаш по мечот. „Не можам да верувам дека стојам тука со трофејот пред „Кралската ложа“. Секако дека имав трема пред мечот, мислев дека можев да го освојам турнирот и бев сконцентрирана на секој поен“, заврши победничката, која пред турнирот беше рангирана како осма носителка. За Шарапова ова беше прво Грен Слем финале по тешката повреда на рамото во 2008 година. „Во тенисот може да има само еден победник па затоа честитки до Квитова“, рече Русинката. „Сега се вратив во финалињата, а во рацете го држам трофејот за второто место. Ќе беше подобро да победев, но се надевам дека наскоро повторно ќе се вратам и ќе се обидам да дојдам до титулата“, заврши шампионката од 2004 година.

За Квитова ова беше само петта титула во кариерата, а на патот до финалето ги победи Глач, Кеотхавонг, Винчи, Вимајер, Пиронкова и Азаренка. Таа е првата тенисерка од Чешка, која успеала да триумфира на „Вимблдон“ по Јана Новотна, која славеше во 1998 година.

Автор: Бранко Казаковски - благодарност

И третиот е за настанот од денес, т.е вчера, во финалето во машка конкуренција со наслов „ Џокович целосно го детронизираше Џокович“ - и оди вака:

Новак Ѓоковиќ со триумфот на Вимблдон го потврди својот статус рекет број 1 во светот и дефинитивно докажа дека моментално е најдобриот тенисер. Србинот до својата трета Грен Слем титула, прва на Вимблдон, дојде откако со 3-1, по сетови 6:4, 6:1, 1:6 и 6:3 го совлада својот голем ривал Рафаел Надал. Србинот му одзема буквално се на Шпанецот, пред два дена првото место на АТП-ранкингот, а денеска и титулата на неофицијалното светско првенство во тенис.

„Тешко е со зборови да се опише ова чувство, само можам да кажам дека ова е мојот најсреќен ден во животот“, изјави Ѓоковиќ веднаш по триумфот. „Ова е мојот најомилен турнир, кој од секогаш сонував да го освојам. Кога играш против најдобриот играч во светот (Рафаел Надал) морав да дадам се од себе. Мислам дека го одиграв мојот најдобар меч во кариерата“, заврши новиот рекет број 1.
Надал веднаш му честиташе на својот противник и се потсети на неговата прва титула на Вимблдон. „За мене овој турнир од секогаш бил специјален и да бидеш тука е како во сон, па затоа можам да замислам како се чувствува сега Новак“, рече сега веќе поранешниот шампион, кој славеше на терените на „Ол Ингланд клубот“ во претходните две години.

Ѓоковиќ оваа сезона по петти пат го победи Надал во финалните мечеви. Претходните четири победи беа на Мастерс турнирите во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим. Оваа сезона Србинот има скор од 48 победи и само еден пораз оној во полуфиналето на Ролан Гарос од Роџер Федерер. Новиот број 1 сега има нова цел, а тоа е освојување на УС Опен, еден од двата Грен Слем трофеи кои недостигаат во неговите витрини.

Автор: Бранко Казаковски - благодарност
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
толку ти тежи мозокот
Знам дека немаш што да кажеш, и мораш на навреди, али ок. Не знам што да ти кажам друго, очигледно денес вриеше од нервоза што индијанецот изгуби 5-ти по ред дуел со Џокович, па дојде да се истуриш на форум. Трпи си, што да ти кажам друго. :)

ПС. Уште еднаш да ти го поздравам аватарот. Го имаш тенисерот број 1 во светот, браво.
--- надополнето: Jul 4, 2011 12:04 AM ---
ме смејш...фан на рафа сум бил ....лол. Ако британецот ми е асоцијација на губитник(што нема победено догло време битен натревар) не значи дека го фаворизирам шпанецот...
99,9 проценти реков.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Blue Army, замараш брат, едно исто па исто...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Следно на календар, УС Опен.
Спред мене, ќе биде најнеизвесниот турнир оваа сезона.
 
С

сашенко

Гостин
Знам дека немаш што да кажеш, и мораш на навреди, али ок. Не знам што да ти кажам друго, очигледно денес вриеше од нервоза што индијанецот изгуби 5-ти по ред дуел со Џокович, па дојде да се истуриш на форум. Трпи си, што да ти кажам друго. :)

ПС. Уште еднаш да ти го поздравам аватарот. Го имаш тенисерот број 1 во светот, браво.
--- надополнето: Jul 4, 2011 12:04 AM ---

99,9 проценти реков.
Јас немам што да ти кажам едноставно ДАЈ ПОРАСНИ.Имаш фејсбук за такви работи и убаво ти пишав дека од нас зависи колку квалитетна дискусија ке имаме на форумов затоа ако имаш нешто паметно да кажеш ок ако не да не им го расипуваме муабетот на другите.Стално некои други се пуштаат и ја читаат темава и кога конечно муабетот убаво се разви да не ја расипуваме сликата ок?Сега гледам зошто ретко кој ти реплицира на твоите постови.Едноставно муабетот ти иде спротив ветрот другар.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Е да, за УС Опен, мислам дека ќе биди најнеизвесен... Шансите Роџер да го освои се големи, иако го отпишуваме пред време... Новак ќе игра голема улога тука.. Поради подлогата, не мислам дека Рафа ќе има некоја голема улога, но ќе видиме... Иначе Рафа и од тука брани поени, и тоа шампионски поени.. Ако лани Новак стигна до финале, мислам дека е можно оваа година да ја заврши, како комплетно негова..

Но до 29ти август има време..

Едит: Мило ми е што на темава напишавме повеќе од 50 страници.. Тоа значи дека има тениски фанови кај нас
 
Грешиш што ги спомнуваш само Ноле, Федекс и Надал.
На УС Опен играчи како Дел Потро, Содерлинг и Бердих ќе имаат што да покажат. Мареј не бидејќи е вечити лузер на Гренд Слемовите.
Кој ќе биде победникот ќе зависи доста од распоредот и вкрстувањето.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^^ Уште еднаш ја покажа својата неписменост,вадиш од контекст мислење а и сликата не е поставена со никаква провокација,само кажува мој став и на сите познавачи на тенисот освен попалени новосоздадени фанови на Ноле.
 
??????
На мене ми се обраќаше?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom