Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Анализата е што на кого и како му одговара, не ја спорам анализата ама во истата буквално ништо не се кажува за она на кое ти целиш, дека Федерер е подобар од Надал во моментов иако воведот му почнува со тоа дека генерално Надал е посилен тенисер од Ноле во моментов иако во остатокот од постот излага она другото, дека сепак во моментов Ноле е посилен тенисер од Надал.
Овој Ноле моментално е класа над оној Ноле од пред година дена за кој ти збореше.

Постот почнува со "генерално мислам дека Надал сеуште е посилен тенисер" тука гледам пред се на достигнувањата и подвизите кои Надал ги има до сега во неговата кариера, тоа не значи дека целам на тоа дека Надал е и во моментов подобар тенисер од Ноле, него дека неговата кариера е предобра за Ноле со само 3 гренд слема да може да биде веќе над него...Џокович треба оваа форма што ја постигна сега, да ја одржи најмалце 2/3 години за да го стигне Надал...т.е. да освои уште многу гренд слем титули и да е константно во одлична форма, ова ги дели најдобрите тенисери од добрите, т.е. ги прави посебни а такви спред достигувањата во кариерата во моментов се само Федерер и Надал нивната доминација трае скоро 10-на години, Ноле е сеуште далеку од тоа, иако е на добар пат. За да кажеме дека Ноле е подобар од Надал, Ноле треба исто така да ги одбрани титулите идната година, па и оваа но и следната или на кратко континуирано. Кога ова ќе се случи, и Ноле ќе го надмине Надал во гренд слем титулите, Ноле ќе стане подобар од него, до тогаш за мене ќе бидат во најмала рака еднакви, т.е. во моите очи Надал е подобар тенисер, толку.
 
Овој последниов пост од (Syn) најповеќе ми се допадна.. Читам и ви се чудам.. Не знам дали знаевте дека тенисот е спорт на џентлмени или бел спорт... Хаос сте, и за жалење, како и навивачите на Ноле и Надал

Мој коментар за мечот.. Нема што да се зборува, со ова Новак стана најдобриот тенисер моментално, како во моментални титули освоени на Мастерсите и на Гренд слемовите, и на АТП листата.. Честитки за Вимболдон и за новиот број 1 во светот.. Сосема заслужена победа.. Смешни сте со игрите и со тоа кој на кој му одговара.. И Хјут беше шампион, но не се задржа таму... Рафаел и Роџер една деценија владејат со тенисот.. Можеби е ред на Новак да се придружи таму

Само времето ќе кажи и никој друг.. Новак моментално го игра најдобриот тенис.. Честитки од мене и до неговите фанови, кои ги знам на памет кој се, уште од времето кога Новак беше 3ти на АТП листата.. Ете тие се вистински фанови на Новак, и само до нив упатувам чеситки.. Се бројат на една рака, тука на форумот..

Уште еднаш, и двата покажаа дека се големи личности, и едниот и другиот, огромен респект и фантастична атмосфера... Публиката не е ниту за никого, едноставно сакаат да гледаат тенис подолго време.. Овие двата пружија фантастична атмосфера и супер натпревар

Новак Џокович и повеќе од заслужено е Новиот Тениски Шампион на Вимболдон и од утре, новиот број 1 на светот.. Секоја ти чест Ноле, заслужи
 
Честитки и од мене до Ноле. сосема изумив да ја честитам победата на фановите, а за истата добив и 2 кладби во населба :)

Да бидеме фер и коректни.

Иначе постовите на Македонец, се мерак за очите, многу смирени и на место, дискусија како што треба да се има на еден форум, браво.
 
Пишав на темата за Џокович, треба да се земе во предвид средината од која доаѓа Ноле, Надал и Федерер во тој поглед тргаат од пол позиција, 10 места пред него, затоа и ретки се тенисерите од овие наши простори кои имаат некои позначителни успеси во тенисот, башка ко што споменав и на неговата тема тука, он е растен во доста незгоден период кој е далеку од идеален за било кое дете, тренирал по базени, на бетони односно имал далеку од идеални услови за тренинг карактеристични за Западот, имал лоши искуства и со бомбардирањата на неговата земја и тн и тн ...

Точно дека Ноле има векни леб за јадење за да ги има оние достигнувања на Федерер, Надал и останатите големи имиња во овој спорт но со оглед на тоа од каде потекнува јас лично за негово врвно достигнување ќе го сметам освојувањето на сите големи турнири, све остало е додавање на шлаг на торта, over and over again. Он уствари и во моментов премногу направи, најуспешен тенисер од овие простори и вистински амбасадор на неговата земја од каде очекувам во иднина многу големи тениски имиња да излезат со оглед на феноменалната промоција на овој спорт која Ноле ја направи во Србија, тој ќе ја има најголемата заслуга за тоа, докажа колкава е всушност моќта на спортот, не алудирам само на тенисот, погледнете само 1 човек што може да направи за својата земја ...
 
Tука се слагам, абсолутно си во право, добар пост.
 
Исклучителна сезона за Новак, секоја чест, се гледа дека кога работиш напорно се си доаѓа на своето место. Само како што кажаа погоре не треба да се застанува таму за ако сака да го сметаат на исто ниво со Надал и Федерер. Браво, честитки. :)
 
Е веќе 49таав страна наликува на квалитетна дискусија на форумов.. Никако да се враќате наназад ! :D
 
Не се расправајте ајде, тенисот порано бил спорт на благородниците, однесувајте се ко такви :)))))
 
Извини, кој е тој „друг тенисер“ !? Да те потсетам само шо би знаечло зборот „владеење“, магистерскиот труд ми е на таа тема, слична на „владеењето“...

Александар Македонски владеел во Египет, Хуго Чавез во Венецуела, Фидел Кастро во Куба... Роџер Федерер владел во тенисот, Томич или Џоковиќ ќе владејат во тенисот, моментално Рафаел Надал владее во тенисот ! Како !? Во минатата година, го освои Роланд Гарос, УС Опен и Вимболдон, оваа година го освои Роланд Гарос и игра за финале на Вимболдон (поим за моментално владеење - сегашно време, Past Simple, Past Contiunous) .... Роџер Федерер го освоил Роланд Гарос и Вимболдон во 2009та, играл финале во УС Опен, го освоил Австралија Опен во 2010та, и играл финале во Роланд Гарос оваа година. (значи владеел, пред 1 година, но не значи дека ќе престани да владеј и во иднина)... Томич или Џокович, го освоил Австралија Опен два пати во кариерата и губел во две финалиња на УС Опен, и игра моментално финале на Вимболдон ( ќе владее во иднина, можеби и можеби и не, релативна ствар ти е тоа)

Значи не знам дали ги разјаснивме работите !? Понижување е да го користиш зборот „владеење“ ако не знајш шо значи (кажи ми адреса и комотно ќе ти го испратам магистерскиот труд, од 200 страници, за социјолошката тема „владеење и појави на владеење во развиените земји“). Некој со две титули или пак со две финалиња не можиш да речиш владеј, кога некој во истото тоа време освојувал Гренд Слем турнири, иако тој бил во конкуренција.. Тежок збор е, затоа морав да ти објаснам и сакам... Ако сакаш прифати го, ако не, твое право

Поздрав од мене
--- надополнето: Jul 2, 2011 3:03 PM ---

Значи, ако можи да ми објасните како е симнат од тронот !? :D Или мислеше од 1та позиција !? :)

Се ми кажувај-СЕ освен дека Надал владее со тенисот. ;)
А и знам дека сите вие Рафаелофци си имате напатија од Роџера,па сега ајде владеел он со тенисот.
Од моменталните ТОП 3 тенисери единствениот кој владеел некогаш е Федерер. ;)
 
Се ми кажувај-СЕ освен дека Надал владее со тенисот. ;)
А и знам дека сите вие Рафаелофци си имате напатија од Роџера,па сега ајде владеел он со тенисот.
Од моменталните ТОП 3 тенисери единствениот кој владеел некогаш е Федерер. ;)

Точно, кој рече дека не владеел !? Кога Рафа или Новак ќе ги освои тие 16 колку што тој ги има, и тие ќе бидат владетели ! На едниот му фалат само 6, на другиот 13... :D
 
Ај бре не забегавајте со коментариве. Според мене кој е најдобар во моментов се гледа според титулите. Вака никој не може да ми каже дека Ноле е подобар од Надал кога не е. Едноставно Ноле има лек за играта на Надал, како што Надал има лек за играта на Федерер. А, и сево ова мислам дека ќе му удри во глава на Ноле, едноставно ќе попушти и вакви добри форми кај играч траат 1 до 2 години максимум потоа ќе спласне...
 
Јас го кажав моето миселње погоре, и то е то... Толку од мене, ова е предпосленото мислење на темата од мене..

Последното е за 2-3 дена, кога ќе спласне ситуацијата, и да ја затвориме темата...

Поздрав
 
Точно, кој рече дека не владеел !? Кога Рафа или Новак ќе ги освои тие 16 колку што тој ги има, и тие ќе бидат владетели ! На едниот му фалат само 6, на другиот 13... :D

Така веќе бивит :)
Те цитирав ради тоа што кажа дека Надал владее со тенисот. :)
Поздрав до тебе и глеј ти да славиме титули таму кадешто што најмногу сакаме(а знаеш каде),а не тука :P :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom