F
Frankie Yale
Гостин
Vo Chiapas, anarhija i direktna demokratija - vistinska utopijaДе биди добар ко што си убав (љољ) и наведи каде тоа вирее анархија?

Vo Chiapas, anarhija i direktna demokratija - vistinska utopijaДе биди добар ко што си убав (љољ) и наведи каде тоа вирее анархија?
Ама дали може да постои општествен и технолошки напредок во состојба на анархија?Моето мислење не е далеку од ова. Анархијата е систем кој се заснова на човечката самосвест. Заедница која нема влада, не се поклонува на авторитети и нема надмоќници. Сите се раѓаат, живеат и умираат еднакви. Само што кога во денешни услови би се направило тоа би настанало хаос. Знаеш зошто нели? Затоа што човековата алчност и желба за владеење веднаш ќе проработи и анархијата ќе постои...да размислам...околу 2 наносекунди. Самосвеста на човекот е водечкото нешто во тоа општество, а сега за сега човековата самосвест е на минус милјарда.
TI svetot go gledas od pasivna perspektiva i nikogas nema da imas elementarna svest za nekoi raboti.Анархијата (укинување на top-down хиерархиски институции) во современо општество, каде достоинствениот и цивилизиран живот зависи од еден куп системи и подсистеми кои бараат ЦЕНТРАЛИЗИРАНА контрола е факинг неефикасна, неефективна и неизводлива. Водовод, канализација, патишта, електрична мрежа, здравство, образование, јавен транспорт... а тоа е само загребување по површината.
Мислите дека ако се атомизира заедницата на слободни и автономни индивидуи без механизам кој ќе ги присилува да соработуваат ќе опстанат сите овие служби? Дека падот на Левијатанот ќе го преживеат сите негови штитеници?
Да ве упатам на една доста успешна анархистичка акција. Се вика падот на Рим.
По него настапува мрачното доба. Илјадагодишно уназадување на европската цивилизација. Крваво пирување на воините-феудалци, околу чии поседи се збивале селските населби, за да има кој да ги штити од другите насилници. Современата држава е едноставно реакција на војната omnia contra omnes до која води природната, нерегулирана состојба. Извезување на таа војна надвор од државата и нејзино насочување против другите држави. Човекот крволок е зауздан а жедта за насилство кое е дел од неговата природа е насочена или нанадвор, или канализирана низ безопасни облици на забава во форма на ритуализирано насилство.
Вие анархистите светот го посматрате низ интелектуалната призма на Просветителството, а заборавате дека негова кулминација е Француската револуција- крвава, бесполезна фарса која доведе само до замена на елити и нова централизација.
За крај, еден потсетник- слободната Атина, тој светилник на директната, непосредна демократија почивал врз грбовите на илјадници робови. На секој слободен човек ги имало по дваесет неслободни. Да не почнувам за статусот на жените во таа "утопија".
Затоа драги анархисти, го ценам вашиот ентузијазам, но не и вашето слепило. Многу попродуктивно би го потрошиле животот кога би се обиделе нешто да направите за вашите сограѓани. Нешто конкретно, нешто опипливо, што ќе им го подобри животот овде и сега. Така се менуваат системи. Ако зборувате за подобар живот "кога ќе дојде праведното општество" не сте ништо подобри од религија, која проповеда вечен живот откако "ќе дојде царството небеско".
E jebi ga, prate te pet-sest drotova...cakija brat...На ова турбо-фолкерско ниво на свест кое што го имаме во светот не би успеала Анархијата мора малку еволуција ама кој да еволуира. Сејо воли Ханку и Шабана нервира га оно А по зидовима! =)
На што си ти сопственик воопшто?Напротив- во услови каде никој не ти ја гарантира безбедноста, правото на сопственост, правото на било што, тогаш оној со највеќе оружје/најсилниот ќе те подјарми и ќе те натера да му работиш. Зошто? Затоа што му се може.
За што и како ти е гајле не е предмет на расправа на темава. И тоа дали те нервираат практични примери каде анархијата функционира исто така е твој проблем.Ти го нарекуваш наем, јас го нарекувам инвестиција во јавните добра. За разлика од тебе, јас сакам да плаќам данок, бидејќи знам дека тоа значи подобри патишта, поопремени болници, почиста вода во водовод, побезбедни улици, подобар јавен транспорт итн. Те молам немој да спаѓаш на ниво да расправаме семантики, бидејќи мислев дека анархистите се попаметни од тоа. Уште не нудиш алтернативен модел по кој би функционирале сите тие служби, а мене ме нарекуваш игнорант. Јеботе смејурија.
Од насилникот ќе се плашиш кога ќе се соочиш со него како дел од вооружена и обучена армија која е одеднаш без контрола од страна на цивилната власт, а обичниот граѓанин (чест на исклучоци) дома нема ништо поубоито од по некоја инцидентна пушка или пиштол.
Смешни споредби? Смешно е што најголемиот процут на културата и уметноста во Европа се случил во услови на постоење на држава, финансиран од страна на привилегирана, образована и богата елита чиј префинет вкус бил реперот кој им служел на творците? Смешно е што анархичните општества единствено се способни за примитивно, полуцивилизирано човечко битисување? Смешен си ти, палјачо низаеден.
Не ми е гајле ни за Африка, ни за Азија, ни за факинг Чијапас. Не го вадиш од уста, ко да си се борел рамо до рамо со субкоманданте Маркос химселф, а не би издржал да живееш у тие услови ни месец дена. Тоа се сиромашни, сирови и цврсти луѓе. Никој не направил ништо за нив, па решиле самите. За почитување е нивниот подвиг, но не е модел за универзална употреба. Тие скоро и да немале друг ебан избор. Ние имаме и повеќето од нас не сакаме таков живот. Едноставно не можеш да избришеш милениуми традиција и да речеш пу пу не важи, сеа друкчије ќе пробаме. Ленин се опроба, па виде дека така само бирократски монструм се прави, бидејќи трансформациониот проект на крај испаѓа толку голем, а "непријателите на револуцијата" толку бројни, што на крај сето тоа имплодира под сопствената тежина.