Toa значи дека џукеливе скитници џабе квичат наоколу веќе 2 години, дур они квичеа, поготово лани кога се обидоа да му наштетат на Интер надвор од теренот, Интер им одговори со тројна круна а Матераци имаше натпис на својата мајца кога освоија ЛШ '' Да не ја сакате и оваа титула ?! '' ...
Јувентус бараа да се одземе скудетото на Интер доделено од италијанската федерација со сугестии и од, кхм, ФИФА, зашто наводно и они работеле незаконски. Причина за тоа според нив се разговорите од страна на Факети и Морати што одбраната на Моџи ги пушти во етер при процесот во Неапол, каде наводно и они работеле незаконито што се покажа ко неточно, нешто што и судот во Неапол го окарактеризира ко ИРЕЛЕВАНТНО и нешто што го потврди сега и ИФФ.
Интер тој период не направиле буквално ништо што може да се окарактеризира со кршење на тогашните регулативи во Калчото кои дури по Калчополи се променија.
Одбраната на Моџи си постигна и тежок автогол кој беше исмејуван од сите релевантни медиуми во Италија ( освен од локалниот торински весник Туто(јуве)спорт ), поготово од нивниот најпродаван спортски весник, ГДС, каде одбраната на Моџи 3 дена се пуваше јавно дека имаат доказ кој ќе им зададе огромен удар на Интер, 3 дена го најавуваа истиот и го нарекоа МАЈКА НА СИТЕ РАЗГОВОРИ и кога го приложија тврдеа дека Факети иницирал Колина да суди на меч за Интер односно вршел притисок и го диригирал токму тој судија што и е незаконски потег за кој Интер мора(ше) да одговара.
И сега што се случи, доказот ко доказ да, се избаци јавно АМА Факети никаде не го споменува Колина туку се што барал е на меч за Интер ( мислам со Јуве ) е да биде поставен судија со знак на Фифа односно да биде поставен врвен италијански судија што тогаш не претставувало никакво кршење на правилата во Калчото. Ќе беше лошо доколку Факети навистина го сугерирал токму Колина но тоа никогаш не беше случај а дегениве тврдеа дека он бил тој кој го изговорил името Колина а тоа го направил всушност Бергамо тогашниот oдредувач на судии за Калчото.
Мајката на сите разговори им беше тежок fail, се пуваа се пуваа се пуваа и оп пред некој месец Моџи и компанија беа доживотно суспендирани од можноста да работат нешто поврзано со Калчо фудбалот во Италија, се пуваа се пуваа се пуваа и оп, и ИФФ официјално потврди дека нема апсолутно никаков доказ контра Интер за тој период, нешто што и ја го потенцирав уште тој период од годината кога тука се фантазираше дека Интер ќе оделе во втора лига ( од оние кои апсолутно немаа никаква врска со Калчополи и судењето што траеше тогаш и сеуште трае во Неапол ).
Најлошото можно сценарио за Интер беше да им го одземат Скудетото од 2006 што очигледно нема да биде случај ( што се однесува до мене, сеедно ), какви втори лиги какви бакрачи, таму одат само оние што го усмрдеа цел Калчо фудбал со имплементираниот мафијашки систем во истиот, таквите ко Јувентус на пример, на чело со Моџи.
п.с. А главната поента на Моџи е уствари, или сите сме виновни или никој не е виновен односно тврди дека тоа што он го правел го правеле и другите, а да видите какви све разговори со него има излезено во јавност во споредба со оние на Интер ( Факети и Морати ) ќе мислите типов има изгубено целосен контакт со моментот реалност, поголема фантазија има и од оние кои веруваат во Дедо Мраз и Гринч.
едит, капитенот со друго фризурче.