Пума, бегаш во други теми, забележувам вадиш пристрасни заклучоци. Твоите дилеми кои овде ги споменуваш се однесуваат на избор на партнер за брак, а не за да или не за воспитување на детето строго според своите убедувања и светогледи. Размисли малку пред да скокаш од тема до тема затоа што вака можеш да пишуваш во недоглед, а за темата да не кажеш ништо. Дали јас би требало да ги споменувам сите твои постови за модерна ака современа жена? Се сомневам дека воопшто го прочита она што го напишав за воспитувањето. И дали ги прочита моите ставови како јас ги воспитувам децата (во темава). Детето не е пластелин за да го обликуваш како сакаш како родител. Ќе пробуваш (свесно или несвесно) сметајќи дека твоите светогледи се најправилни, но иднината ќе покаже (иднината на децата). Секоја твоја акција, збор и однос кон нешто и некого, детето ја впива и подоцна, зависно од околностите ја изразува на овој или оној начин.
За да те потсетам што пишував (иако се сомневам дека ќе го прочиташ и дека ти е целта муабет за воспитување на детето), накратко -на мало дете не му се влијае да се раководи строго според вера пошто се јавуваат можни последици, ниту му се дава да учи за филозофии и религии...тоа е мало дете. Запамети го тоа кога на терен ќе работиш со деца. Не го интересира ни Кант ни Сенека ни Исус...нив ги интересира игра. Како повозрасно, во пубертет, доколку изрази желба и праша, ќе му одговорам она што го знам/знаеме со сопругата. Тоа и го чиниме, но низ дискусија со размислување што и како.
Дали некои други мислења за темава се нејасни?
Доколку не го најдеш мислењево, ќе ти појаснам. Дали Пума сметаш дека едно дете израснато во православно семејство и традиција треба да ги отфрли сите материјални потреби за да докаже нешто некому? Доколку пак со постот мислиш на обезбедување на живеалиште, традиција и презиме...да, ние сме тројца браќа, сме морале да двоиме од своето детство за да може мојот родител да обезбеди живеалиште за нас и нашите сопруги...затоа не се чуди каде е тука материјалниот интерес во животот. Мене ме чуди традицијта која е селективно прифатлива. Понатаму не би дискутирал затоа што темава не е воопшто за мојата материјална состојба.
Доколку и понатаму одиш офтопик, те молам да го најдеш и цитираш моето мислење за материјална и финансиска состојба затоа што ми се чини дека или погрешно ги интерпретираш или тоа го чиниш целно.
Драго ми е што се согласуваме за првиот дел од твојот пост, и јас погоре сосема истото го имам напишано.
За вториот дел, јасно е на што мислам, не отфрлање на материјални потреби Луртз, туку прифаќање на човекот дури и ако не може материјално да те обезбеди.
Тргнувам од себе, ниту јас ниту мојот дечко немаме обезбедено идно живеалиште и очекуваме сами да го обезбедиме, јас не очекувам од него тој да го обезбеди за мене, мислам дека е нехумано да се бара само од мажот (во овој случај) да обезбедува нешто, или пак, ако веќе не е во можност, да го сметам за понеквалитетна личност. Мене така ме воспитаа родителите, да барам сродни луѓе по карактер, а не луѓе што материјално би ме обезбедиле.
--- надополнето: Jul 2, 2011 10:28 AM ---
Пума....си дозволуваш да делиш лекции на многу поискусни од тебе и со повеќе знаење за темата која ги засега религијата и воспитувањто на децата. И океј е тоа -- твоите постови и енергија ми се симпатични (навистина, без никаков сарказам!) но, морав да те опоменам да ме исклучиш од реципиентите на твојата лекција.
А сега, едно по едно, како одговор на болдираното: Дали и колку некој ги почитува заповедите Божји не е твое да пресудиш. Постои Божји суд, а твојот е, прости ми, сосема произволен, неинформиран, и ирелевантен. Не мислиш дека е малку арогантно да му судиш некому за нешто кое можеби никогаш не си го спознала? Сериозно. Башка, ако за тебе Мики и Чорбаџија се конечните репери за вистински верници (христијани), тогаш се воздржувам од секаков коментар. Не дека споменатите луѓе не заслужуваат почит, туку поради твоите ограничени критериуми.
Кога и каде сум се докажувал на форумов во врска со верата? За разлика од твојата перцепција за верник, јас немам потреба агресивно да се расправам со секого којшто тресе глупости по форумов (без никакви познавања за теологија или Библија) и плука по верниците затоа што има доволно дежурни сеирџии кои ќе го поддржат и ќе му дадат понекој лајк? За мене верата е интимна работа која нема потреба да ја пикам во лице никому, која се сведочи со дело, а не со декларации, библиски цитати, заплашување неверници и држење лекции за пеколот. Немам потреба да ја бранам верата со врескање по форуми и да се оправдувам зошто и како верувам. Твоите судови за „вистински верници“ се базираат на стереотипи. Извини. А твојот личен опит и познавања на верата се евидентни. Ова само го констатирам -- не ти замерам, ниту те осудувам за било што од тоа, ниту пак доесга сум реагирал на таквите мислења. Она што ми пречи во твојот пост е двојниот критериум: бараш разбирање за себе, своите идеи и постапки, а немаш доблест да го понудиш истото. И имаш проблем да разбереш дека сите луѓе (во конкретниов случај верници) не се на калап правени. A таквите „случаеви“ што ти се познати, не можат да бидат основа за генерализации и конечни заклучоци.
И еве конечно, каде е разликата меѓу тебе и мене: јас сум демократски настроен, дозволувам и поддржувам избор и сакам информиран дијалог, избегнувам стереотипи, не се занимавам со праќање луѓе во пекол, се обидувам да бидам флексибилен за да ги разберам луѓето. Библијата воопшто не ми е проблем да го правам сето тоа, напротив. Ништо од ова не ми пречи ниту се коси со моите „верски правила“ да имам сопствено мислење, ставови и да правам избори и постапки кои (некогаш дијаметрално) се разликуваат од твоите. И не мислам дека сум подобар, поумен, поблиску до Бога, поправеден -- ништо од тоа. Едноставно, се раководам според поинакви принципи и убедување и се обидувам да те разберам без да те осудувам. Ќе ми го дозволиш ли ова без да ми делиш лекции и да го мериш количеството на мојата вера?
А сега од срце, најискрено. Обиди се да го спуштиш егото и запрашај се дали било што од ова што ти го напишав е контрање и докажување суета.
Многу поздрав,
Петар,
добро заклучи, ова е форум, и реално никому ништо не можеме да докажеме, притоа одговараме на член според тоа што го напишал во одреден пост, а една личност е многу поголема од пост.
Твоето верување е во ред за самиот себе, но сепак, јас не знам колку лично ти се придржуваш до библиски правила, сепак, јасно е колку и како треба и мора да се прави тоа.
Јас не можам да мислам дека сум подобра од некој, оти не ве познавам нели?
Јас сум демократски настроена према оние кои не се обидуваат присилно некому нешто да наметнат (не знам каде ти се пронајде во овој разговор искрено), а ако детето е учено дека ,,така треба,, без објаснување - тоа е погрешно, и на крајот, не го измислив јас тоа!
Еве пример, без да алудирам на реалниот живот како е (кој не го знам), но ете, хипотетички ти си верник, кој не ја чита Библијата и не се придржува до нејзините правила сосема, и детето го учиш да верува. Но тоа ќе постави прашање ЗОШТО го правите тоа што го правите и ќе добие некаков одговор.
Подоцна ќе ја преиспита целата работа кога ќе биде повозрасно и ќе сфати дека родителот го учел на нешто што и самиот не го применувал.
А тоа е лицемерно.
Не станува збор за моето его, напротив, станува збор за конечно да се смени воспитувачката пракса во нашава земја. Сеуште кај нас ,,ќутекот е од рајот,, а детето треба да слуша без да му биде објаснето зошто нешто се бара од него. Детето кај нас сеуште не се смета за личност со свои размислувања и сфаќања. И мене ми е смачено од тоа, и прилично беспомошно се чувствувам.
Не сум те ставила во категорија на оние кои мислам дека грешат, а не мора да бидам во право. Ама мислам дека грешат.
Поздрав.