Презиме - моето, твоето или двете?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Не е љубовта тоа што го одржува бракот, и самиот верувам дека го знаеш тоа, туку заедничкото прифаќање на партнерите и навикнување на нив. За тоа е потребна флексибилност, која традицијата ја нема, односно, однапред се знаат улогите, кој е кој. А тоа едноставно денес не функционира повеќе така добро како порано, со тек на време воопшто нема да функционира.
Пума грл, ќе може ли учтиво да изразам несогласување со болдираното? Зборувам од искуство, а не од прочитани прирачници за брак и не сакам да навредам никого кој се`уште не стапил во брак. Љубовта е единственото нешто што го одржува бракот -- љубовта се манифестира не само преку привлечност и интима, туку и преку прифаќање, толеранција, разбирање, доброволна корекција на сопственото его, итн. Не сум традиционален ниту конзервативен човек и се согласувам дека сопружничките улоги се динамична категорија и се редефинираат. Немам проблем со тоа сопужниците да се договорат како ќе живеат, како кој ќе се презива, итн. Тоа се приватни одлуки. Но, љубовта е основа. Звучи клише, ама така е. Проверено.:)

Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Нашите ономастичари чија специјалност се имињата во јазикот не сесогласуваат жените да имаат машки презимиња.

-Македонските женски презимиња во нашиот јазичен систем на презимиња завршуваат на -ева/-ова и -е(в)ска/-о(в)ска. Тоа правило се' повеќе го нарушуваат жени и девојки од јавниот живот, па често може да се налета на уметнички, новинарки, авторки, чие презимиња се од машки род. Новинарката Ивана Тасев е против стеги од јазичната традиција.
- Презимето не си го измислив самата. Тоа го имам уште од раѓање и не е плански поставено за градење некаков имиџ. За негова промена секако не размислувам. Не ми пречи во кариерата, многу е полесно за памтење и во средината во која работам сите ме знаат како Ивана Тасев. Треба да се отстранат стегите од традицијата и да нема осуда од средината. Женските презимиња без „а“, не треба да се гледаат како сквернавење на јазикот. Ако имам такво презиме, не значи дека сум полоша личност - вели Тасев.
И Дивна Жежовска-Киселички кон своето моминско презиме го додала и машкото презиме од својот сопруг, Симон Киселички. Таа не се согласува членови од иста фамилија да имаат различни презимиња.
- Секаде во светот машките и женските презимиња се исти. Зошто кај нас тие да се разликуваат. Непотребно се комплицира. Презимето е име на фамилијата и треба да биде исто и за жената и за мажот. Не претставува никакво прекршување на законот ако жената одлучи да се презива исто како што е името на фамилијата. Тоа е личен избор и нема причини да биде осудуван - вели Жежовска-Киселички.

Пијанистката Милица Шперовиќ-Рибарски презимето го презела од својот сопруг зашто тогаш тоа и' се чинело дека е поинтересно и необично.
- При стапувањето во брак со Кирил Рибарски го зедов презимето Рибарски сметајќи дека е поинтересно, позвучно и несекојднево во споредба со Рибарска. Секако, притоа не мислев дека тоа би имало некаков удел во подемот на мојата кариера. Наспроти тоа, се покажа дека на некои личности на одговорни функции во нашето општество им пречи моето моминско презиме Шперовиќ, кое за мене е драгоцено зашто ми го подарија моите родители. Како Македонка со целото свое битие се залагам за зачувување на македонскиот идентитет содржан во јазикот, националноста, културата, историјата и името Македонија - категорична е Шперовиќ-Рибарски.

Нашата традиција не ограничува со машки презимиња, не ограничува и со две презимиња.
Постојат неколку причини заради кои жените сакаат да го задржат своето презиме. Најчеста причина е уникатното презиме, т.е реткоста. Имам другарки кои имаат вакви презимиња, кои се единствени деца во нивната фамилија и кои сакаат да го задржат своето презиме кога ќе стапат во брак. Едната другарка скоро сите ја викаат по презиме, дури и наставниците во основно што на истото тоа презиме таа се навикнала и сигурно не би сакала да го изгуби.
Друга честа причина е кога жената веќе е докажана е прочуена бизнисменка, позната во своите кругови, па во ситуација кога би сменила презиме би имала еден куп документи за менување.
И трета причина е личното допаѓање, односно комбинацијата од двете презимиња на жената и се допаѓа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Нејзиното :D, абе шо е важно кога не е важно.....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Нашите ономастичари чија специјалност се имињата во јазикот не сесогласуваат жените да имаат машки презимиња.

-Македонските женски презимиња во нашиот јазичен систем на презимиња завршуваат на -ева/-ова и -е(в)ска/-о(в)ска. Тоа правило се' повеќе го нарушуваат жени и девојки од јавниот живот, па често може да се налета на уметнички, новинарки, авторки, чие презимиња се од машки род. Новинарката Ивана Тасев е против стеги од јазичната традиција.
- Презимето не си го измислив самата. Тоа го имам уште од раѓање и не е плански поставено за градење некаков имиџ. За негова промена секако не размислувам. Не ми пречи во кариерата, многу е полесно за памтење и во средината во која работам сите ме знаат како Ивана Тасев. Треба да се отстранат стегите од традицијата и да нема осуда од средината. Женските презимиња без „а“, не треба да се гледаат како сквернавење на јазикот. Ако имам такво презиме, не значи дека сум полоша личност - вели Тасев.
И Дивна Жежовска-Киселички кон своето моминско презиме го додала и машкото презиме од својот сопруг, Симон Киселички. Таа не се согласува членови од иста фамилија да имаат различни презимиња.
- Секаде во светот машките и женските презимиња се исти. Зошто кај нас тие да се разликуваат. Непотребно се комплицира. Презимето е име на фамилијата и треба да биде исто и за жената и за мажот. Не претставува никакво прекршување на законот ако жената одлучи да се презива исто како што е името на фамилијата. Тоа е личен избор и нема причини да биде осудуван - вели Жежовска-Киселички.

Пијанистката Милица Шперовиќ-Рибарски презимето го презела од својот сопруг зашто тогаш тоа и' се чинело дека е поинтересно и необично.
- При стапувањето во брак со Кирил Рибарски го зедов презимето Рибарски сметајќи дека е поинтересно, позвучно и несекојднево во споредба со Рибарска. Секако, притоа не мислев дека тоа би имало некаков удел во подемот на мојата кариера. Наспроти тоа, се покажа дека на некои личности на одговорни функции во нашето општество им пречи моето моминско презиме Шперовиќ, кое за мене е драгоцено зашто ми го подарија моите родители. Како Македонка со целото свое битие се залагам за зачувување на македонскиот идентитет содржан во јазикот, националноста, културата, историјата и името Македонија - категорична е Шперовиќ-Рибарски.

Нашата традиција не ограничува со машки презимиња, не ограничува и со две презимиња.
Постојат неколку причини заради кои жените сакаат да го задржат своето презиме. Најчеста причина е уникатното презиме, кое е ретко. Имам другарки кои имаат вакви презимиња, кои се единствени деца во нивната фамилија и кои сакаат да го задржат своето презиме кога ќе стапат во брак. Едната другарка скоро сите ја викаат по презиме, дури и наставниците во основно што на истото тоа презиме таа се навикнала и сигурно не би сакала да го изгуби.
Друга честа причина е кога жената веќе е докажана е прочуена бизнисменка, позната во своите кругови, па во ситуација кога би сменила презиме би имала еден куп документи за менување.
И трета причина е личното допаѓање, односно комбинацијата од двете презимиња на жената и се допаѓа.
Се разбира, секој може да се презива како сака. Но, тоа не значи дека досегашните презимиња во женски род биле глупави, традиционални, нелогични или не знам што. Се работи за многу едноставна работа: граматички род.

Накусо, во одговор на болдираното: не е точно, не е секаде во светот така. Чешкиот, словачкиот, рускиот, украинскиот, се идентични примери како нашиот. Има и други несловенски јазици каде личните имиња се маркирани според граматичкиот род. Веднаш да напоменам дека граматичкиот род не е идентичен со полот, но ова е веќе лингвистичка тема.

Се разбира дека ако некоја жена сака презимето да и` завршува на ов, ски, итн. има потполно право на тоа. Ако причините се дека така покул или поинтересно и` звучи, пак е тоа во ред. Но, да се измислуваат некои нелогичности во јазикот или културата е неточно.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Не ги кријам годините Владе, но на новата платформа на Кајгана ги нема под самиот аватар. Имам 20, можеш да кликнеш на мојот профил и да видиш. И всушност, ме знаеш, Бубу`с лавер.

Јас тоа што сум сум, ти тоа што си си.
Јас тебе не би те одбрала ни за пријател, не сакам луѓе како тебе.
Ти мислиш дека јас сум можеби курва, затоа не би се дружел со мене.

Ајде чао пријатно, поздрав, кис, итн. немам намера да се објаснувам со вакви малограѓани.
видиш многу брзо се палиш избувлива си и не размислуваш па затоа и грешиш најчесто.
дали ти мене би ме или не би ме одбрала за пријател и тоа вака преку форум малце е детски.
откај знаеш каков сум во реалноста, можеби сум дежурен манијак, можеби сум наглув и во количка( пу пу скраја да е), или пак сум можеби многу пријатна личност за дружење а и со мојата ретардирана проста женичка можеби ке ви оди муабетот.така да не брзај многу.отвори си ги погледите и за други мислења и погледи.
јас не мислам дека си курва и нема што да мислам пошто и не те познавам освем овде на форум.од кај да знам можеби си сосем спротивна од тоа што се кажуваш и едноставно сакаш да се расправаш и инаетиш.а и многу погрешна ти е констатацијата дека ако си курва нема да се дружиме.тоа само го кажува твоето искуство или неискуство со мажите.баш напротив:)
во секој случај освем самата ако не се декларираш како таква јас тука нема што да мислам а и не е моја работа патем речено.јас никаде не се сеќавам дека те навредив на било кој основ дури и нагласив дека правиме општ муабет а тоа го зедов за пример онака.сега ти ако се препозна во нешто или ако се навреди тогаш имаш едно големо извинување од мене затоа што воопшто не ми беше намерата да те навредам или повредам а и ако случајно сум те навредил тогаш не било намерно така да ете погоре ти се извинив.
п.с за малограѓанин ке ти прогледам низ прсти ете на нервата ке речиме, само пак ке ти нагласам многу брзаш зо заклучоците и брза си на уста а верувам и сакам да верувам дека не си таква личност при нормални околности.затоа ова најискрено ти го кажвам трпение спасение и се ке биди во ред
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Пума грл, ќе може ли учтиво да изразам несогласување со болдираното? Зборувам од искуство, а не од прочитани прирачници за брак и не сакам да навредам никого кој се`уште не стапил во брак. Љубовта е единственото нешто што го одржува бракот -- љубовта се манифестира не само преку привлечност и интима, туку и преку прифаќање, толеранција, разбирање, доброволна корекција на сопственото его, итн. Не сум традиционален ниту конзервативен човек и се согласувам дека сопружничките улоги се динамична категорија и се редефинираат. Немам проблем со тоа сопужниците да се договорат како ќе живеат, како кој ќе се презива, итн. Тоа се приватни одлуки. Но, љубовта е основа. Звучи клише, ама така е. Проверено.:)
Се подразбираше дека мислам на романтична љубов, онаа, до небото и назад.
Таа љубов не е онаа која го одржува бракот. И тоа не го разбираат моите соговорници, од аспект, јас те сакам, ама ако не смениш презиме веќе не те сакам. Мислам дека се разбираме.
А љубовта во вид на взаемна поддршка, пријателство, доверба и почит, тоа е сосема друго.
Јас тоа и го кажав.....
--- надополнето: Jul 1, 2011 7:38 PM ---
видиш многу брзо се палиш избувлива си и не размислуваш па затоа и грешиш најчесто.
дали ти мене би ме или не би ме одбрала за пријател и тоа вака преку форум малце е детски.
откај знаеш каков сум во реалноста, можеби сум дежурен манијак, можеби сум наглув и во количка( пу пу скраја да е), или пак сум можеби многу пријатна личност за дружење а и со мојата ретардирана проста женичка можеби ке ви оди муабетот.така да не брзај многу.отвори си ги погледите и за други мислења и погледи.
јас не мислам дека си курва и нема што да мислам пошто и не те познавам освем овде на форум.од кај да знам можеби си сосем спротивна од тоа што се кажуваш и едноставно сакаш да се расправаш и инаетиш.а и многу погрешна ти е констатацијата дека ако си курва нема да се дружиме.тоа само го кажува твоето искуство или неискуство со мажите.баш напротив:)
во секој случај освем самата ако не се декларираш како таква јас тука нема што да мислам а и не е моја работа патем речено.јас никаде не се сеќавам дека те навредив на било кој основ дури и нагласив дека правиме општ муабет а тоа го зедов за пример онака.сега ти ако се препозна во нешто или ако се навреди тогаш имаш едно големо извинување од мене затоа што воопшто не ми беше намерата да те навредам или повредам а и ако случајно сум те навредил тогаш не било намерно така да ете погоре ти се извинив.
п.с за малограѓанин ке ти прогледам низ прсти ете на нервата ке речиме, само пак ке ти нагласам многу брзаш зо заклучоците и брза си на уста а верувам и сакам да верувам дека не си таква личност при нормални околности.затоа ова најискрено ти го кажвам трпение спасение и се ке биди во ред
Јас не те гледам во очи и мојот коментар према тебе (а и твојот према мене) е базиран на основа на ова што го пишуваме. Во приватниот живот сум запознала и луѓе со слични ставови како твоите, и сум се дистанцирала од нив, едноставно, не ми се допаѓа тоа.
Ти си ја направи поделбата ебач и курва, тоа е дискриминација, и не ме интересира тука повеќе филозофија каде јас сум се пронашла, бидејќи како жена мојата обврска е да го задоволам мажот во секој аспект на зборот.
Гледал или не гледал низ прсти, ако е вистина тоа што го пишуваш, ти си малограѓанин и крај на приказната.

Само тие се занимаваат сеуште со тие твои ебачко-ебани приказни.
Поздрав.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Се подразбираше дека мислам на романтична љубов, онаа, до небото и назад.
Таа љубов не е онаа која го одржува бракот. И тоа не го разбираат моите соговорници, од аспект, јас те сакам, ама ако не смениш презиме веќе не те сакам. Мислам дека се разбираме.
А љубовта во вид на взаемна поддршка, пријателство, доверба и почит, тоа е сосема друго.
Јас тоа и го кажав.....
Јас не го разбрав така, и затоа внимателно го искажав своето несогласување. Она што ти го именуваш како романтична љубов, за мене е заљубеност. Но, се`едно. Бракот (и било која друга врска) го одржува зрела љубов. И секако, се разбираме.:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Јас не те гледам во очи и мојот коментар према тебе (а и твојот према мене) е базиран на основа на ова што го пишуваме. Во приватниот живот сум запознала и луѓе со слични ставови како твоите, и сум се дистанцирала од нив, едноставно, не ми се допаѓа тоа.
Ти си ја направи поделбата ебач и курва, тоа е дискриминација, и не ме интересира тука повеќе филозофија каде јас сум се пронашла, бидејќи како жена мојата обврска е да го задоволам мажот во секој аспект на зборот.
Гледал или не гледал низ прсти, ако е вистина тоа што го пишуваш, ти си малограѓанин и крај на приказната.

Само тие се занимаваат сеуште со тие твои ебачко-ебани приказни.
Поздрав.
со тоа дискриминацијата се будиш и легнуваш изгледа и најверојатно и самата помисла на зборот
те доведува до ексатаза. добро во високо цивилизираниот свет во кој ти живееш нема таква поделба туку има машки курви и женски ебачи .ете ако тоа те прави посреќна.сега си рамноправна и не дикриминирана.или можеби нема ништо, нема ниту полови се е празно множество само за да не се почуствува некој дискриминиран.
јас на малограѓански начин пробав да ја спуштам топката ама пошто госпоѓицата е премногу над нашето ниво и..... толку од карактерот твој.башка неколку тука ти укажаја дека цело време си контрадикторна спрема своите ставови ама тое а е тоа.вие високопросветлените и образовани индивидуи имате за право да се вртите како сончоглед секогаш кога тоа ви одоговара.
било како било сега ке земам крпа и киселина и ке си ја врзам главата пошто ме сметаш за тоа што ме сметаш. абе оди легниси аман тоа само кажува за твојот карактер колку е недооформен и безвезен.и за да го прекинам ова препукување еве ти еден добро познат одговор на кој сигурно реагираш и цело време обожаваш да го слушаш и кој знам дека делува
ДОБРО ТАКА Е ВО ПРАВО СИ
 
ИСТОТО И ГО КАЖА НА МАЧОРКА КОГА НЕМАШЕ ШТО ВЕЌЕ ДА КАЖЕШ.
ЗА ЖАЛЕЊЕ ВЛАДЕ, ЗА ЖАЛЕЊЕ.
АРГУМЕНТ НЕМА, САМО ДРНДОРЕЊЕ НА ГОДИНИТЕ ШТО ГИ ИМАШ,
НЕБАРЕ ДОСТИГНУВАЊЕ СЕ, И НИКОЈ ДРУГ НЕ УСПЕАЛ ДА БИДЕ ВОЗРАСЕН.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
моето+твоето+на комшијата+на поштарот.......
се знае чие презиме....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
ИСТОТО И ГО КАЖА НА МАЧОРКА КОГА НЕМАШЕ ШТО ВЕЌЕ ДА КАЖЕШ.
ЗА ЖАЛЕЊЕ ВЛАДЕ, ЗА ЖАЛЕЊЕ.
АРГУМЕНТ НЕМА, САМО ДРНДОРЕЊЕ НА ГОДИНИТЕ ШТО ГИ ИМАШ,
НЕБАРЕ ДОСТИГНУВАЊЕ СЕ, И НИКОЈ ДРУГ НЕ УСПЕАЛ ДА БИДЕ ВОЗРАСЕН.
точно така не спорам, и нејзе исто и реков и таа исто изреагира ама сепак делуваше. си ја постигна целта.се надевам и кај тебе.
и незнам што сакаш сега , да се инаетиме. да продолжам да ти давам шанса да се искажеш колку си искомплексирана личност.па услуга ти правам и ете попуштам за да не мораш повеќе да се бламираш.вреѓањето на моја сметка не го ни сметам пошто и што можам и да очекувам од личност која толку е избуричкана во психата и која незнае кај тера.така да ете
ДОБРО ТАКА Е ВО ПРАВО СИ.
сега смири ги коњите
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Се разбира, секој може да се презива како сака. Но, тоа не значи дека досегашните презимиња во женски род биле глупави, традиционални, нелогични или не знам што. Се работи за многу едноставна работа: граматички род.

Накусо, во одговор на болдираното: не е точно, не е секаде во светот така. Чешкиот, словачкиот, рускиот, украинскиот, се идентични примери како нашиот. Има и други несловенски јазици каде личните имиња се маркирани според граматичкиот род. Веднаш да напоменам дека граматичкиот род не е идентичен со полот, но ова е веќе лингвистичка тема.

Се разбира дека ако некоја жена сака презимето да и` завршува на ов, ски, итн. има потполно право на тоа. Ако причините се дека така покул или поинтересно и` звучи, пак е тоа во ред. Но, да се измислуваат некои нелогичности во јазикот или културата е неточно.
Нелогично е женско да има машко презиме, како погоре наведените примери. Презимињата во македонскиот јазик се менливи по категоријата род.
Меѓутоа не смее да се заборави дека се работи за личен избор, односно за лични убедувања и желби. Нема простор за ограничување.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Нелогично е женско да има машко презиме, како погоре наведените примери. Презимињата во македонскиот јазик се менливи по категоријата род.
Меѓутоа не смее да се заборави дека се работи за личен избор, односно за лични убедувања и желби. Нема простор за ограничување.
Ако добро прочита, токму тоа го посочив во коментарот. Нема потреба од измислување нелогичности за оправдување на личниот избор.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А што кога хермафродит се мажи или жени дали тој го задржува презимето или истата таа која е и тој го менува према сопругот !?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom